Е така, признај дека си има грешки и во преводи и во толкувања, значи сме далеку од вистината и вистинскиот концепт на бог и нормално од тоа дека вашиот бог некому ќе суди?
Или ти велиш: православните и католиците се грешни и не знаат што зборат но протестантите, или пак ете јеховините сведоци ја имаат вистината?
Не знам кој речник го користиш...
Можеби кај тебе Берашит значи и дрво
Или и свето тројство. Секој рисјанин си додава по нешто и го негира другиот христијанин со некоја цел. Ептен се внесоа во играта на раздели, па владеј, нормално на своја штета.
Ок, немам поеќе прашања.
Берашит е Битие. и ДА има грешки. И тоа банални и махинални. Според мене ненамерни. А некои и намерни. Сакаш да ти кажам намерна грешка.Да ги слушаме рисјаните(кабалисти и сл.), но да не го правие тоа што они го прават. Јас велам дека има грешки, но тоа никако не влијае на христијанството. Проучуваето на Библијата не може да го спаси човек.
Поздрав
--- надополнето: 31 мај 2012 во 11:30 ---
Бројчето 7-па исус така рече,и откако апостолите не успејаа во негово име да го избркаат демонот Исус пријде и почна на глас да се моли-успеа го избрка демонот е сега со молењето докажува дека е син божји(кој постоел пред создацањетои на светот) и дека Бог е надмоќен над демоните-но фаеисеите му велеле деика со помош на белзебуб ги истерува демоните на што исус одговорил "ако еден цар сака неговото царство да биде јако нема сам да си ги уништува војските"-замолчувајчи ги фарисеите.
Има и друг тип на демони-еве случајот со двајцата демонизирани рибари кои демонот ги мачел.живееле на гробишта,не јаделе,кога исус им пријде рекоа-ти си тој...Остави не,исус се обидел да ги избрка од луѓето но овие давале отпор па наместо тоа Исус им заповедал на демоните да запоседнат стока-свињи,овци и така демоните излегоа од луѓето но запоседнатото стадо отиде виоо провалија-т.е демонот/ите ги натера животните на тоа.
Ова значи друг тип на демон.
Уште 5 фалат па поради тоа ве прашав,бидејќи нели исус им велел дека некои демони се бркаат со наредба во име Исусово но некои....
Така да има некој конкретен одговор???
Ејј де па ти опростими не памтиш тоа е од неостик...можеби соо балко ќе те држи меморија.
ЈАС ти опростив уше кога ми кажа. Работата е во тоа да се има респект и една нормална дискуисија.Но тоа е фантазија за тебе.Но ајде утринскиот секс пријаше па ќе ти одговорам.
Да се каже дека демоните беа истерани од некого е како да се рекло дека тој бил излечен од душевна болест, или болест која не била позната тогаш. Луѓето кои живееле во 1 век беа склони да ги обвинуваат за сите неразбирливи нешта, измислените суштества 'демони'. Душевната болест беше тешка за поимање со нивното ниво на медицинско знаење. Луѓето говореа за од тоа погодените како за ‘опседнати’. Во старозаветно време, еден зол или нечист дух се однесуваше за пореметена душевна состојба (Суд.9:23; 1Цар.16:14; 18:10). Во новозаветно време говорот за зол дух/ опседнатост почна да се однесува за оние кои страдаа од душевна болест. Поврзаноста меѓу демоните и болеста е покажана со следново: "Доведоа при Него мнозина бесни и Он со еден збор ги изгони духовите... за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: Он, ги зеде на Себе нашите немоќи и ги понесе болестите" (Мт.8:16,17). Значи човечките слабости и болести се исто што и опседнатоста од ‘демони’ и ‘злодуси’.Луѓето мислеа дека Исус беше луд и рекоа мора да е тоа бидејќи имаше демон- "Бес има и не е при Себе. (Јв.10:20; 7:19, 20; 8:52). Тие значи веруваа дека демоните создаваат лудило.
Кога беа излечени, за ‘опседнатите’ се велеше дека се вратиле при "здрав разум"- Мк.5:15; Лк.8:35. Тоа говори дека да се биде ‘опседнат’ беше друг начин за велење дека некој е душевно нездрав- т.е. не при здрав памет. За ‘опседнатите’ се велеше дека се ‘исцелувани’ или ‘излечени’ Мт.4:24; 12: 22; 17:18, навестува дека опседнатоста е друг начин за опишување болест.
Во Лк.10:9 Исус им кажа на своите 70 апостоли да одат и да ги "лекуваат болните", што тие и направија. Се вратија и рекоа, v.17, "во Твое име и бесовите ни се покоруваат"- повторно, демоните и болеста се изедначени. Некогаш апостолите лекуваа луѓе во името на Исус и овде имаме пример за тоа (исто види Дела 3:6; 9:34) Така гледаме дека во Новиот завет беше тогашен говор да се опише некој дека е опседнат, ако бил душевно болен или имал болест што не ја разбирале. Современото римско и грчко верување беше дека демоните ги поседуваат луѓето, и со тоа создаваат душевна болест. Оние 'христијани' кои веруваат во постоењето на демони всушност велат дека современите пагански верувања за тоа беа совршено исправни. Библијата е пишувана во јазик кој луѓето можат да го разберат. Тоа што го користи говорот тогашен не значи дека таа или Исус верувале во демони. Слично во англискиот јазик го имаме зборот ‘lunatic’ за опишување некој кој е душевно болен. Буквално тоа значи "месечев удар". Години наназад луѓето верувале дека ако некој се шета ноќе при јасна месечина, може да добие месечев удар и душевно да заболи. Ние го користиме тој збор денес да опишеме некој кој е луд, но тоа не значи дека веруваме да лудилото е причинето од месечината.Ако овие зборови беа запишани и прочитани по 2000 години време- доколку Исус не се врати дотогаш- луѓето би можеле да помислат дека сме верувале оти месечината создава лудило, но би биле во грешка бидејќи ние само го користиме говорот на нашево време, како и Исус пред 2000 години. Слично ние опишуваме одредена наследена сметња како "танцот на St. Vitus" што ниту е настаната од "St. Vitus" ниту од ‘танцување’, но во употребата на сегашниот говор го нарекуваме "танцот на St. Vitus". Јасно е дека Исус Христос не се родил на 25 декември сепак присутниот писател го употребува терминот ‘Божиќ’ кога говори за тој ден, иако не верува дека Христовото раѓање треба да се празнува тогаш. Имињата на деновите од седмицата се основани врз паганско идолско обожавање- пр. 'Sunday', значи ‘ден посветен во обожавање на сонцето’; 'Saturday' беше денот за обожавање на планетата сатурн, Monday на месечината и.т.н. Тоа што ги користиме овие имиња не значи дека ги делиме паганските верувања на оние од кои потекнува и е направен нашиов сегашен јазик. 'Influenza' е исто така термин во општа употреба денес; строго значи ‘(под) демонско влијание’. Кога Даниел беше преименуван во 'Валтазар', име кое одразува пагански бог, вдахновениот запис во Дан.4:16 го нарекува 'Валтазар' без да посочи дека овој збор одразува лажно мислење. Јас говорам за 'папата' како начин за идентификување некого, иако мислам дека е всушност погрешно да се верува дека е тој 'папа' или отец (Мт.23:9).
Имаше мит во времето на Језекија дека земјата Израел беше одговорна за несреќите на оние во неа. Тоа не беше вистина а сепак Бог расудува со Израел, користејќи ја идејата што тогаш беше општа, "Така вели Господ Бог- бидејќи велат за вас: ти си земја што ги јадеш луѓето и што го правиш народот да е без деца, затоа веќе нема да ги јадеш (земјо) луѓето... вели Господ Бог" (Јез.36:13,14). Имаше општо паганско поимање дека морето било големо чудовиште со намера да ја проголта земјата. Додека ова очито е невистина, Библијата често ја користи таа фигура за да помогне на своето почетно читателство да ја сфати дадената идеја: види Јов 7:12; Амос 9:3; Јер.5:22; Пс.88:9; Ав.3:10; Мт.14:24; 14:30. Асирската митологија го нарекува тоа бунтовно морско чудовиште 'Рава'; и тоа е точно истото име дадено на морското чудовиште во Египет од Иса.51:9.
Бидејќи Библијата е вдахновена од Бога, не е можно дека Библијата ги одразува само присутните пагански влијанија од времето на пишувањето. Сигурно дека Бог свесно алудира на современите верувања, за да покаже дека е Тој крајниот извор на сила; кој го управува морското ‘чудовиште’, така да тоа ја врши Неговата волја. Бог значи ја исправи основната грешка во нивното верување, дека имало сили во дејство во светот кои не биле подложни на Божјата управа, и затоа по импликација беа зли. Меѓутоа, Библијата не прави во овој случај, отстапување од својот пат да ја изложи глупоста на верувањето дека има големо чудовиште кое демнее во морето, или дека морето е чудовиште.
Друг пример е во описот на молњата и бурните облаци со "искривената змија" ((евр. текст) Јов 26:13; Иса.27:1). Тоа јасно посочува на современото паганско верување дека молњата и темните облаци всушност биле голема змија. Овие пасуси не ја изложуваат глупоста на таа идеја, или да прават обид за научно објаснување. Наместо тоа посочуваат дека Бог ги управува тие работи. Ставот на Христос кон преовладаното верување за демони е ист по тоа прашање; неговите чуда јасно покажаа дека силата Божја беше конечна и потполна, неограничена со суеверијата човечки кои се однесуваа на таканаречените 'демони'. Оние кои веруваат дека новозаветните записи за 'демони' докажуваат дека тие суштества навистина постојат се должни да прифатат дека морето е навистина чудовиште, и дека молњата е всушност голема искривена змија. Секако ова е силна поента; мора да се увиде дека Библијата го употребува говорот на времето во кое е пишувана без нужно да ги поддржува верувањата кои ги обликуваат основите на тој говор. Ние покажавме дека нашата употреба на говорот е слична. Библијата тоа го прави за да го потврди видот на основните вистини кои ги зедовме во обзир во студиите 6.1 и 6.2- дека Бог е семоќен; Тој е одговорен за нашите неволји; гревот произлегува од нас- сите тие работи добиваат смисла со увидувањето на големината на Божјата сила за спасение. Таканаречените ‘критичари’ постојано ископуваат врски помеѓу говорот на Писмото и верувањата и замислите на околните култури во кои Библијата беше вдахновена и запишана. Тие се разбирливи, штом се сфати дека Библијата користи говор кој може да посочи на локалните верувања, но тоа го прави за да ја докаже поентата дека Јахве, единствениот вистински Бог, е далеку поголем од ништожните човечки верувања кои биле познати на оние кои први ги читале вдахнатите зборови, свежи од устата на пророкот.
Со ова при памет, за изненадување е колку многу примери можат да се најдат во Новиот завет со говорот на времето во употреба без тој говор да биде исправен. неколку примери:-Фарисеите го обвинија на Исус за правење чуда со силата на лажниот бог Велзевул. Исус одговори, "Ако Јас истерувам бесови преку Велзевула, а синовите ваши преку кого ги изгонуваат?" (Мт.12:27). 4Цар.1:2 јасно ни кажува дека Велзевул бил лажен бог на Филистејците. Исус не рече ‘сега гледајте вака, 4Цар.1:2 вели дека Велзевул бил лажен бог, па вашите обвинувања не се вистинити’. Не, тој зборуваше како Велзевул да постоел, бидејќи беше заинтересиран неговата порака да допре до оние на кои им проповедаше. Исто, така Исус зборуваше и за истерувањето демони- тој не говореше постојано, ' всушност, тие не постојат', туку го проповедаше евангелието со говорот тогашен.Дела 16:16-18 се зборовите на Лука, под вдахновение: "не сретна една слугинка која имаше гледачки дух" ("беше во посед на духот Питон" Diaglott version). Како што е објаснато во фуснотата во Diaglott version, Питон беше име на лажен бог во кој се веруваше за време на 1 век, можеби ист како Аполон. Така Питон сигурно не постоел, но Лука не вели дека девојката беше во ‘посед на духот Питон, кој, патем речено, е лажен бог кој не постои'. Исто, така евангелијата не велат дека Исус 'истерувал демони кои, патем речено не постојат, тоа е само израз за болести'.Во Лк.5:32 е запишано како Исус им зборува на лошите Евреи: "не сум дошол да ги повикам праведните". Тој мислеше, 'не дојдов да ги повикам оние кои веруваат дека се праведни'. Но Исус им говореше во нивни изрази, иако технички, употребуваше невистинит јазик. Лк.19:20-23 покажува како Исус употребува невистинити зборови од човекот со еден талант во параболата за да се справи со него, но тој не ги исправи погрешните зборови што ги употреби човекот.Библијата често говори за сонцето дека 'изгрева' и 'заоѓа', ова е човечки начин на излагање, но е научно неисправен. Исто и за болеста се говори во технички 'неисправен' јазик на 'демони'. Дела 5:3 говори како Ананија го излажал Светиот Дух. Тоа е всушност, невозможно, сепак она што мислеше Ананија дека го прави е употребено како факт, иако не беше!Има многу библиски примери за употребата на говор кој беше разбирлив во времето кога е пишувано, но сега е туѓ за нас, на пример "кожа за кожа" (Јов 2:4) посочува на древната пракса за замена на кожи од иста вредност; мажот проститутка е наречен ‘пес’ во 5Мој.23:18. Говорот за 'демони' е уште еден пример.Евреите од времето на Христос мислеа дека се праведни бидејќи беа потомци Авраамови. Затоа Исус им се обрати со ‘праведници’ (Мт.9:12,13), и рече "Знам дека сте семе Авраамово" (Јв.8:37). Но тој не веруваше дека се тие праведници, како што често покажуваше; и тој едноставно покажа со неговото расудување во Јв.8:39-44 дека тие не беа Авраамово семе. Па Исус ги примаше човечките верувања како факт, без веднаш да им се спротивстави, наместо тоа ја изложуваше вистината. Ние покажавме дека таков беше Божјиот пристап во справувањето со паганските верувања кои беа општи во старозаветно време. Христовиот став кон демоните беше ист во новозаветно време, снабдените од Бога чудеса, покажаа многу јасно дека болестите беа создадени од Бога, не од некоја друга сила, бидејќи Бог ја имаше силата да ги исцели.
-Павле цитираше од грчки поети, славни по количеството на небиблиски глупости што матеа, за да ги збуни оние кои веруваа во учењето на поетите (Тит 1:12; Дела 17:28). Она што предлагаме, е резимирано во одговорот на Павле при наоѓањето еден олтар посветен за обожавање на "Непознатиот Бог", т.е секое паганско божество што може да постои, но кое Атинјаните не го зедоа во предвид. Наместо да ги укори за нивната глупост во верувањето на тоа, Павле ги презеде од каде што можеа да го разберат единствениот вистински Бог, кој не го познаваа (Дела 17:22,23).Еф.2:2 говори за "кнезот на воздухот". Тоа јасно алудира на митолошката замисла за Заратустра- нешто во што веруваа еднаш Павловите читатели. Павле вели дека тие еднаш живееја под "кнезот на воздухот". Во истиот стих, Павле го опишува тоа како "духот (ставот на свеста) кој... дејствува" во природниот човек. Претходно тие веруваа во паганската замисла за небесно духовен-принц; сега Павле посочува дека всушност силата на која тие беа формално подложни, беше онаа на сопствениот им зол ум. На овој начин се посочува и говори за паганската идеја, без одредено укорување, а истовремено се докажува вистината за гревот.Дела 28:3-6 опишува како смртоносна змија го нападна на Павле, прицврстувајќи му се на раката. Луѓето наоколу одлучија дека Павле е убиец кој "судот Божји не го остави да живее". Нивното гледање на состојбата беше сосема погрешно. Но Павле не го објасни ова подробно; наместо тоа, направи чудо- ја стресе змијата од себе без да биде каснат.
Чудесата Христови ја изложија грешката на локалното гледиште, пр. за демони, без исправање во толку многу зборови. Така во Лк.5:21 Евреите направија две лажни изјави: дека Исус е хулител, и дека единствено Бог може да проштева гревови. Исус усмено не ги исправи; наместо тоа, направи чудо кое ја докажа лажноста на тие изјави.Јасно беше верувањето на Исус дека делата говорат посилно од зборовите. Тој ретко откажуваше лажни идеи директно, па така не го откажа законот на Мојсееј како неспособен да даде спасение, туку покажа со своите дела, пр. лечење во сабота, што е Вистина. Кога беше погрешно обвинет дека е Самарјанин, Исус не одрече (Јв.8:48,49 ср. 4:7-9) иако неговото еврејство, како семе Авраамово, беше суштествено за Божјиот план на спасение (Јв.4:22).Дури и кога Евреите донесоа погрешен заклучок (намерно!) дека Исус се прави "еднаков со Бога" (Јв.5:18), Исус не одрече отворено; наместо тоа, силно расправаше дека неговите чудеса го покажаа за човек кој делува во Божјо име, и према тоа дека НЕбеше еднаков со Бога. Чудесата на Исус, исто така ја покажаа грешката за верување во демони. Христовото Чудо на исцелување на сакатиот човек во базенот, беше за да ја покаже глупоста на еврејскиот мит дека за врема на пасха ангел ја допирал водата од бањата Витезда, внесувајќи лековити својства во неа. Овој мит е запишан без директното негирање на неговата вистина; записот на Христовото чудо е изложувањето на неговата лажност (Јв.5:4).2Пет.2:4 говори за злите дека одат во ‘пеколот’ (изв. тартарус). Тартарус беше митско место во подземјето; и Петар не го исправа тоа мислење, туку го користи како симбол на целосно уништување и казна за грев. Христовата употреба на зборот Гехена беше иста (види мое мислење за пеколот позади).
--- надополнето: 31 мај 2012 во 11:33 ---
Секој што верува дека постојат демони, мора да се запраша "кога сум болен, од демони ли е причинато?.