Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
А што се случи на железарсконо езеро? Која беше причината? Се зборува дека на протестите на групата албански муслимани некои од нив извикувале “смрт за каури“, е па што е тоа?

Се сеќавам пред џихадистите да ја направат глупоста кај нас, дека еден арап на моторче пукаше (за да убие) по Евреи пред школо. Франција го оквалификува убиецот арапин како радикален исламист.
На железарското езеро се одзедоа пет невини и млади животи од чудовишта облечени во човечка носија. Причината не ми е позната, ама верувам дека кога ќе заврши процесот , судот ќе истапи со исцрпно известување.

Вие викате на митинзи, свадби, уткамици, на јаве и во сон: смрт за Албанците, гасни комори за Албанците , па никој не ве нарекува нацисти, фашисти или радикалисти, а според ваш терк на мерење на нештата испаѓате дека сте многу повеќе од тие квалификации.

Нејсе, јас сметам дека исламофобијата на голема врата заиграла во светот. Овие години на мета е исламот за нечии интереси на светската сцена.

Инаку за последното и јас се сеќавам на норвежанецот големиот исламомрзец кој убиваше се пред него во името на христијанството, ама не се сеќавам некој да го оквалификува како радикален христијанин терорист, бидејќи нели, тие епитети се ексклузивно резервирани за муслиманите, па го прогласија за неурамнотежена и психички болна личност.

Ехее, уште многу вода ќе протече додека некој сфати кој , како и зошто ги влече конците на светската сцена.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
И тие пуканки пукаат во тавата каде што наголемо се пука и не се знае кој кого пука.
Со право или не?
И не кажа како да ги класифицираме нив ако не се радикални исламисти/џихадисти ...
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Дали според исламот тие што не веруваат во Аллах се невини?
Верата во Бога и однесувањето во јавноста се две различни нешта, па сходно на тоа мојот одговор би бил: ДА!
--- надополнето: 31 мај 2012 во 00:10 ---
Со право или не?
И не кажа како да ги класифицираме нив ако не се радикални исламисти/џихадисти ...
Исто како и Брејвик и сета останата криминална багра.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
1- Како се појави радикалниот ислам наеднаш и тоа баш и во Македонија?, и како до сега нема никакви бомбашки напади во Скопје или во други градови во Македонија? Ако Македонија стварно се соочува со радикален ислам?
Па не се појави наеднаш. Од кога се пишуваат пароли од типот “смерт за каури“, од кога се заплашуваат Македонците и останатите христијани за да се иселуваат од Полог, скопско, Чаир, Бутел ... ?

Бомбашки напад не е услов за постоење на радикален џихад! Еден радикален џихадист Арап во Франција пред некој месец од моторче со некое огнено оружје убиваше Евреи...Пред некоја година радикални исламисти во Париз искасапија со тешко мачење Евреин...И кај овие случаи немаше бомбаши, ама имаше радикален џихадизам.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Исто како и Брејвик и сета останата криминална багра.
Значи лудаци и нелуѓе.

edit : Брејвик беше осуден од неговата околина, за другите не сум баш сигурен. И на такви како Брејвик aмa со исламска религија, како утре некој би им објаснал дека е атеист на пример, а мнозинството од неговиот народ се христијани или евреи??Не им е напишано на чело...ама логиката е изгледа ако не си како нас, умри.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Вие викате на митинзи, свадби, уткамици, на јаве и во сон: смрт за Албанците, гасни комори за Албанците , па никој не ве нарекува нацисти, фашисти или радикалисти, а според ваш терк на мерење на нештата испаѓате дека сте многу повеќе од тие квалификации.

Нејсе, јас сметам дека исламофобијата на голема врата заиграла во светот. Овие години на мета е исламот за нечии интереси на светската сцена.

.

Јас никогаш не сум извикувал такви нешта. А и тие што извикувале нешто, како што ти спомна, извикувале за “Албанците“, а не за муслиманите, што има етничка, а не верска димензија.

Меѓутоа кога некој повикува на “смрт за каури“, тоа подразбира верска омраза. Значи сепак радикален џихад постои во Македонија....
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Па не се појави наеднаш. Од кога се пишуваат пароли од типот “смерт за каури“, од кога се заплашуваат Македонците и останатите христијани за да се иселуваат од Полог, скопско, Чаир, Бутел ... ?

Бомбашки напад не е услов за постоење на радикален џихад! Еден радикален џихадист Арап во Франција пред некој месец од моторче со некое огнено оружје убиваше Евреи...Пред некоја година радикални исламисти во Париз искасапија со тешко мачење Евреин...И кај овие случаи немаше бомбаши, ама имаше радикален џихадизам.
Добро сега нормално дека се е тоа професијонално и плански изведено, а и интересно беше и тоа со Франција,кога француските специјалки не сакаа да реагират 24 саати демек тој терористот бил многу опасен, бла бла колку мразам вакви финти..:facepalm: А иначе се е тоа перење на мозок, американците се способни дури и тебе да те напраат вистински терорист..
Лани прочитав на еден руски сајт каде што оџите на муслиманите во Авганистан биле обучени во САД како експерти за арапскиот јазик,ислам и верска психологија, каде што ги переле мозоците на арапите дека требало да се исчистат сите христијани во светот, кога го прочитав ова неможев да верувам,заради тоа велам затуцаноста на арапските земји се финансира од САД.. Што мислиш ти на кого му одговара овие терористички напади низ светот?, и ова верска омраза? Нормално дека на САД им одговара, тоа ти се финти многу професијонално..
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
1- Како се појави радикалниот ислам наеднаш и тоа баш и во Македонија?, и како до сега нема никакви бомбашки напади во Скопје или во други градови во Македонија? Ако Македонија стварно се соочува со радикален ислам?

2- Зошто за време студената војна меѓу САД и СССР, не постоеше терминот Радикален Ислам?

3- Зошто затуцаноста на арапските земји им одговара на Американците и Британците?

4- Зошто се води најголемите војни во арапските земји и тоа баш каде што има нафта и други природни богаства?

5- Зошто САД и Велика Британија ги подржуваат Албанските муслимани и Босанците овдека на Балканот?

6- Најверојатно масонскиот план на САД и Велика Британија ќе продолжува и наредните години,па после Радикалниот Ислам,нај голема закана за светот ќе бидат вонземјаните,бидејки пред 20 години Комунизмот беше закана, а сега радикален ислам, и ние како народ зошто пак нема да го сфатиме тоа? И зошто упорно ќе дозволуваме да ни се форматираат мозоците..:tapp:

7- И последно прашање, зошто не веруваме на Новиот Светски Поредок?
1-не се појави ниту наеднаш, ниту само во Македонија, бомбашки напади нема, ама има тепање по паркови и автобуси, јеби га, од некаде мора да се почне..
2-затоа што се имаше поприоритетни работи за решавање, не затоа што немаше радикален ислам.
3-затуцаноста на арапските земји им одговара и на самите арапски земји т.е. на нивните влади за да можат многу полесно да ги контролираат.
4-е, тоа и врапчињата го знаат:)
5-за да си прават терен за продавање на оружје
6-еволуција во барање на непријатели бе:)
7-покажи го, посочи го па барај верба од некого:)

На железарското езеро се одзедоа пет невини и млади животи од чудовишта облечени во човечка носија. Причината не ми е позната, ама верувам дека кога ќе заврши процесот , судот ќе истапи со исцрпно известување.
од се срце сакам да верувам во твоево кажано

Вие викате на митинзи, свадби, уткамици, на јаве и во сон: смрт за Албанците, гасни комори за Албанците , па никој не ве нарекува нацисти, фашисти или радикалисти, а според ваш терк на мерење на нештата испаѓате дека сте многу повеќе од тие квалификации.
колку викаат, еден-двајца без тројца?? а колку кај вас смрт за каурите-сите

Инаку за последното и јас се сеќавам на норвежанецот големиот исламомрзец кој убиваше се пред него во името на христијанството, ама не се сеќавам некој да го оквалификува како радикален христијанин терорист, бидејќи нели, тие епитети се ексклузивно резервирани за муслиманите, па го прогласија за неурамнотежена и психички болна личност..
види сеа, Христијанството таа детска болест ја прележа одамна, уште од времето на крстоносците ја научивме таа лекција и сега да, ќе се сретне на 10-20-50 години некој лудак кој ќе убие во името на Христијанството но тој пак ќе остане осамен лудак кој ќе биде осуден и од самите Христијани, тоа не е организирана група која треба да добие некакво посебно име, додека исламот допрва ја лежи таа болест и цели групи организирано убиваат во името на исламот и тие групи мора да бидат обележани со некакво име во случајот радикални исламисти, да, ќе треба да протече уште многу вода додека не сватат дека таквото однесување само го забрзуваат пропаѓањето на исламот. само и само квалитетна демократска и секуларна едукација им е потребна да би се извадиле од гомната во кои се наоѓаат!за жал, додека да се случи тоа, ќе одат неколку генерации курбан!
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Христијански радикали имало и уште се наоѓаат по некаде. Инквизиции, крстоносни војни, протестанти vs. католици, папски држави.

Христијанството се реформирало низ годините и денеска имаме немешање на религија и држава. Со други зборови имаме граѓанска цивилизација со либерално општество и човечки слободи. Религијата си е индивидуална работа. Нема место за радикални христијани.

Исламистите пак се водат од шарија и сакаат да живеат дружно во калифати. Радикалните исламисти употребуваат тероризам и слепо насилство за исполнување на тие цели.

Дали ЦИА или некој друг ги поддржува не знам. Тешко сето тоа да е некој план, многу детски ми изгледа. Дека одвреме-навреме ги употребуват може да си замислам. Ама сеопширни и свезнаечки теории на заговор... Не.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Што е иронија некој што пукал колел итн по оваа држава ,и оваа држава да се бори за неговиот живот , Ова е типичен пример што е Македонија држава каде што ако си рамковен да се поганиш врз неа ама кога ке ти зависи животот кај нејзе идиш она да ти го спасува за награда што си ја уништувал таа држава.

Датум: 30.05.2012, 21:08
ФОТО: Командант Бреза тешко повреден, се бори за живот

Насер Османи, познат како командант Бреза вчера е повреден во тешка сообраќајна несреќа и се бори за живот во клиничкиот центар во Скопје, јавува Канал 5 телевизија.
Високиот функционер на ДУИ е повреден во сообраќајката која се случила околу 11 часот и 30 минути во месноста Долно Блаце.
Како што пренесува Канал 5, Османи со службено возило фолксваген кеди, сопственост на Македонски пошти се враќал од пат од Косово. Со него било уште едно лице, кое исто така е повредено. Возилото со кое управувал Османи, се судрило со БМВ со скопски таблици.
По сообраќајката експлодирал и плинскиот уред во возилото од што Османи се здобил со тешки изгореници.
Покрај Бреза, повреден е и возачот на БМВ-то, но со најтешки повреди е директорот на поштата во Чаир, пренесува Канал 5.
#
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Христијански радикали имало и уште се наоѓаат по некаде...
има, дечишта по форуми каде само лаат како кучиња ама за нешто поконкретно ниту имаат јајца, ниту подршка од некого ниту оружје а другиве делуваат и тоа како жестоко.со кој памет ги споредуваш првите со вторите де?:)
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
има, дечишта по форуми каде само лаат како кучиња ама за нешто поконкретно ниту имаат јајца, ниту подршка од некого ниту оружје а другиве делуваат и тоа како жестоко.со кој памет ги споредуваш првите со вторите де?:)
Секти има во Америка секакви. Не се организирани на ниво на ал каеда ама сепак. Затоа велам дека ги има понекаде.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Секти има во Америка секакви. Не се организирани на ниво на ал каеда ама сепак. Затоа велам дека ги има понекаде.
остави ти тоа, затоа и ти велам дечишта, ако ги има што се разнесуваат по плоштади, во автобуси, по метроа со експлозиви на самите нив, тогаш споредувај ги со овие другиве, а за пукање од на тато ловечката во шишиња во некоја нива никој да не го види, јаки муда..
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Што е иронија некој што пукал колел итн по оваа држава ,и оваа држава да се бори за неговиот живот , Ова е типичен пример што е Македонија држава каде што ако си рамковен да се поганиш врз неа ама кога ке ти зависи животот кај нејзе идиш она да ти го спасува за награда што си ја уништувал таа држава.

Датум: 30.05.2012, 21:08
ФОТО: Командант Бреза тешко повреден, се бори за живот

Насер Османи, познат како командант Бреза вчера е повреден во тешка сообраќајна несреќа и се бори за живот во клиничкиот центар во Скопје, јавува Канал 5 телевизија.
Високиот функционер на ДУИ е повреден во сообраќајката која се случила околу 11 часот и 30 минути во месноста Долно Блаце.
Како што пренесува Канал 5, Османи со службено возило фолксваген кеди, сопственост на Македонски пошти се враќал од пат од Косово. Со него било уште едно лице, кое исто така е повредено. Возилото со кое управувал Османи, се судрило со БМВ со скопски таблици.
По сообраќајката експлодирал и плинскиот уред во возилото од што Османи се здобил со тешки изгореници.
Покрај Бреза, повреден е и возачот на БМВ-то, но со најтешки повреди е директорот на поштата во Чаир, пренесува Канал 5.

#
А во меѓувреме генералот Ангелов беше во Африка на брод, борејќи се за гол опстанок:sick:

Александар Серафимов (21) од Свети Николе, припадник на ЕСЗ, беше тешко ранет во Матејче на крајот на Април 2001, а почина на 27 Октомври истата година после неколку операции и тешки болки.Можда ќе е со таа среќа, искусување од прва рака како им било на тие спрема кои пукал, во покајание не верувам...
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
А што бе оволку прашина се крена околу овој Бреза.....толку ли позната фаца бил,што дури во сите медиуми и портали е објавена веста.....??

Сега и за ова да не ќе мешаат,соживот,полиции и сл.?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom