Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Интересно, бивши разузнавач со вакви изјави јавно.Дали е вистина или само кревање притисок пак за туѓи интереси...овие од ДБК не ми се ич сигурни.
Ако се толку сигурни за три кампа на Ал Каеда и дека од партија со етнички предзнак оделе во Иран на камикази третман, зошто пак немаме реакција...контрадикторна изјава.

Среда, 30 Мај 2012 13:52

Македонија се наоѓа на крстопатот на сите видови радикализам во кои партиципираат и многу разузнавачки структури кои користејќи одредени методи на радикализмот и фундаметализмот настојуваат да ги заштитат сопствените интереси.

babamovski.jpg

Ова го изјави професорот Иван Бабамовски одговарајќи на прашање по отворањето на Семинарот посветен на борбата против насилниот екстремизам што денеска и утре се одржува во Скопје.
Македонија, истакна, е проценета како една од најслабите алки и поради тоа црната интернационала се организира и се подготвува и лично очекувам дека ќе има уште пожестоки акции и активности изведени на терористички план.
- Очекувам покрај Смиљковци да имаме уште неколку такви жестоки акции и би бил пресреќен ако тоа не се оствари. Нема да се срамам пред јавноста да кажам дека сум погрешил во моите проценки, реќе Бабамовски.
Тероризмот, според него, мора да се гледа во корелација со организираниот криминал.
- Спрегата меѓу криминалот, тероризмот и политиката на Балканот дава резултати зашто криминално-терористички групации носат на позиции криминализирани политичари кои понатаму само овозможуваат услови да може несметано да цвета криминалот. Нема тероризам без криминал, без финансии и без валкани пари, потенцира Бабамовски.
Криминалците, појасни, кога делуваат се кријат и немаат намера никогаш да бидат откриени.
- Терористите, пак, ако не бидат во јавноста претставени со нивната акција исто како да не ја направиле. Во Смиљковци се оставија такви жестоки траги како порака до гаѓаните на Република Македонија за да им се внесе страв дека државата не им ја гарантира безбедноста. Тоа покажува дека состојбата не е добра, рече Бабамовски.
Во Македонија, како што наведе, имало три кампа за обука на припадници на Ал каеда.
- Од една етничка партија 25 активисти беа на обука во Техеран во камп во кој се обучуваат терористи. Еден од лидерите на таа партија беше во Ком кој е духовен центар на Шиитите и таму се обучуваше за духовен пропагатор и духовен водач на структури кои исто така имаат допирни точки со тероризмот, појасни професор Бабамовски.
Учесниците во антитерористичката коалиција, додаде, не и помагаат на Македонија ниту финасиски, ниту технички, ниту кадровски.
- Ние имаме структури на безбедноста кои не можат адекватно да им парираат на овие налети, бидејќи Македонија е транзитно подрачје меѓутоа и често се инсталираат одредени терористички групации и структури, истакна професор Иван Бабамовски.
Додека се расправате за Бране и Грујо рамковните ќе ни ја сардисаат државата да ве потсетам во неколку месеци пред конфилктот 2001 пукна аферата големото уво и додека сдсм и вмро се тужакаа меѓу себе и нивните структури во безбедносните сили ги користеја за партиски потреби, бевме нападнати од теорористи. Да не биде нешто слично па тогаш ќе ве прашам дали пак маргинални теми ке зборите.
 
чудно ми е го нема бате Гафур одамна,престана со соопштенија,на часови е некаде,можда спрема дипломска...кој знае ?!:unsure: :tapp:
 
Додека се расправате за Бране и Грујо рамковните ќе ни ја сардисаат државата да ве потсетам во неколку месеци пред конфилктот 2001 пукна аферата големото уво и додека сдсм и вмро се тужакаа меѓу себе и нивните структури во безбедносните сили ги користеја за партиски потреби, бевме нападнати од теорористи. Да не биде нешто слично па тогаш ќе ве прашам дали пак маргинални теми ке зборите.

Ако почнале радикалните џихадисти со тероризам, веројатно пак ќе напаѓаат, Бабамовски е во право. Никој во Македонија, ниту СДС, ниту ВМРО, не ја сваќа опасноста од растечкиот радикален исламизам во Македонија.
 
Во македонија нема радикален исламизам! Всушност никаде нема радикален исламизам. Сето тоа е масло на големите сили и владата (која се крои ако не е скроена) за нов светски поредок.

На таа финта сега игра и македонија.
 
Помизерно е криењето на документот и глумење лажен патриотизам пропратено со перење пари за кичерај.

Ајдеееее, почнавме со политика.

Поарно некој да гради општествени добра, отколку парите за општествените добра да одат во швицарска или кајманите.

Овие политичариве што жестоко ги критикуваат градбиве од СК2012, се фалат дека во нивно време имало пари, се работело, а кога ќе се навратам НИШТО не се направи, ем немаше пари за ништо, јас плаќав за да одам во школо и автобус, и книги и партиципација, па се чудам кај им оделе парите, кај испарувале парите од буџетот?
--- надополнето: 30 мај 2012 во 23:40 ---
Во македонија нема радикален исламизам! Всушност никаде нема радикален исламизам. Сето тоа е масло на големите сили и владата (која се крои ако не е скроена) за нов светски поредок.

На таа финта сега игра и македонија.

Добро де, американците го викаат тоа џихадски тероризам или радикален џихад...

Нешто од тоа се случи на железарско езеро.
 
на погрешна врата тропаш, Македонија не го измисли тој термин туку тие од каде е твојот аватар:) ако имате факти и јајца, излезете пред американската амбасада и искршете им ги прозорците, ама немате, тоа е:)
 
Добро де, американците го викаат тоа џихадски тероризам или радикален џихад...

Нешто од тоа се случи на железарско езеро.

И тоа што се случи на железарското езеро прашање е дали беше радикален џихад или нешто друго. Во секој случај истражните органи ,т.е. судот го имаат последниот збор. Ако обвинетите ( во случајов еден фатен а двајца во бекство) речат дека тоа го направиле во Името на Аллах, тогаш Така ми Аллах тие лажат, бидејќи Аллах такво нешто не бара од нив (во исламот убиство на невини лица е смртен грев). Тоа монструозно убиство ако некој сака да го протне под капата на верата или е ошрафен во главата или е слуга на шејтанот.
--- надополнето: 30 мај 2012 во 23:51 ---
на погрешна врата тропаш, Македонија не го измисли тој термин туку тие од каде е твојот аватар:) ако имате факти и јајца, излезете пред американската амбасада и искршете им ги прозорците, ама немате, тоа е:)

Па и јас истото го велам само што ти не сакаш да ме разбереш.;)
 
Во македонија нема радикален исламизам! Всушност никаде нема радикален исламизам. Сето тоа е масло на големите сили и владата (која се крои ако не е скроена) за нов светски поредок.

На таа финта сега игра и македонија.
А тие пуканките по Кабул, Кандахар, Багдад, Газа?
 
И тоа што се случи на железарското езеро прашање е дали беше радикален џихад или нешто друго. Во секој случај истражните органи ,т.е. судот го имаат последниот збор. Ако обвинетите ( во случајов еден фатен а двајца во бекство) речат дека тоа го направиле во Името на Аллах, тогаш Така ми Аллах тие лажат, бидејќи Аллах такво нешто не бара од нив (во исламот убиство на невини лица е смртен грев). Тоа монструозно убиство ако некој сака да го протне под капата на верата или е ошрафен во главата или е слуга на шејтанот.

А што се случи на железарсконо езеро? Која беше причината? Се зборува дека на протестите на групата албански муслимани некои од нив извикувале “смрт за каури“, е па што е тоа?

Се сеќавам пред џихадистите да ја направат глупоста кај нас, дека еден арап на моторче пукаше (за да убие) по Евреи пред школо. Франција го оквалификува убиецот арапин како радикален исламист.
 
намерно пуштив вести на МТВ
Сочувствувам. Едноставно е, не гледај МТВ и не ги слушај подоле набројаните новинари. Сепак, за дневна политика не би дискутирал.
--- надополнето: 31 мај 2012 во 00:02 ---
во исламот убиство на невини лица е смртен грев
Дали според исламот тие што не веруваат во Аллах се невини?
 
И тоа што се случи на железарското езеро прашање е дали беше радикален џихад или нешто друго. Во секој случај истражните органи ,т.е. судот го имаат последниот збор. Ако обвинетите ( во случајов еден фатен а двајца во бекство) речат дека тоа го направиле во Името на Аллах, тогаш Така ми Аллах тие лажат, бидејќи Аллах такво нешто не бара од нив (во исламот убиство на невини лица е смртен грев). Тоа монструозно убиство ако некој сака да го протне под капата на верата или е ошрафен во главата или е слуга на шејтанот.
--- надополнето: 30 мај 2012 во 23:51 ---

Па и јас истото го велам само што ти не сакаш да ме разбереш.;)
Радикален ислам е секта. Јасно е дека има секти секаде, и кај христијаните. Воопшто не е чудно да постои радикална интерпретација на исламот.

Еве ги денеска овде во Холандија му дојде некој имам, протестираа и бараја шарија. Постои и тоа како постои.

Да речеш дека радикален ислам е измислица од ”големците” ми е многу тешко да верувам. Не ми се верува дека сите тие тајни служби од сите тие држави всушност лажат и измислуваат, сето тоа спроведено преку некоја монументална меѓуконтинентална теорија на заговор.
 
1- Како се појави радикалниот ислам наеднаш и тоа баш и во Македонија?, и како до сега нема никакви бомбашки напади во Скопје или во други градови во Македонија? Ако Македонија стварно се соочува со радикален ислам?

2- Зошто за време студената војна меѓу САД и СССР, не постоеше терминот Радикален Ислам?

3- Зошто затуцаноста на арапските земји им одговара на Американците и Британците?

4- Зошто се води најголемите војни во арапските земји и тоа баш каде што има нафта и други природни богаства?

5- Зошто САД и Велика Британија ги подржуваат Албанските муслимани и Босанците овдека на Балканот?

6- Најверојатно масонскиот план на САД и Велика Британија ќе продолжува и наредните години,па после Радикалниот Ислам,нај голема закана за светот ќе бидат вонземјаните,бидејки пред 20 години Комунизмот беше закана, а сега радикален ислам, и ние како народ зошто пак нема да го сфатиме тоа? И зошто упорно ќе дозволуваме да ни се форматираат мозоците..:tapp:

7- И последно прашање, зошто не веруваме на Новиот Светски Поредок?

Сочувствувам. Едноставно е, не гледај МТВ и не ги слушај подоле набројаните новинари. Сепак, за дневна политика не би дискутирал.

Не знам што се фатиле сите за Мирка, Јанко и Миленко, испаѓа дека тие ни се најпочитувани, најчитани и најгледани новинари/водители, а народот увелико само нив ги следи ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom