Звучна изолација со еднослојни ѕидови

Член од
30 септември 2008
Мислења
30
Поени од реакции
13
Ве молам драги архитекти помогнете ми да пронајдам писмен материјал за звучна изолација со еднослојни ѕидови....ако имате на ум некои линкови да споделите или било каков друг формат со матријал ве молам пишете
 

Cheross

COOL BOY
Член од
27 август 2011
Мислења
548
Поени од реакции
381
Па мн лесно преградиги со кнауф и ставиму 5cm тервол,тоа тие звуцна и топлотна изолација.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Имаш неколку опции:
- како што кажаа погоре, кнауф + тервол
- кнауф + стиропор
- фасаден стиропор

Според мене најдобра опција ти е обложување на ѕидот со кнауф и поставување 10 цм тервол во ~6 цм ѕид (5 цм е конструкцијата, ама има отстапки пошто ѕидот не е идеално прав). Воедно тоа е и најскапата опција, (околу 12 евра по квадрат е кнауф + 1.5 евра по квадрат 10 цм тервол).

Истата комбинација можи да се напрај со стиропор, мада стиропорот е топлински изолатор, не звучен.

И ко за крај, можи да се напрај само со фасаден стиропор, без кнауф, исто како шо ги прат фасадите од куќите во последно.


И? Еден линк со 4 слики од ѕидој ич не брка работа... башка чудово е во Република Српска, прашање е дали го има кај нас...
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Го има пријателе, само што сеуште нема официјална xella.mk страница за тоа, главен дистрибутер за Македонија е Ксема Инженеринг Скопје. Се гради со итонг веќе долго време, мислам дека кривичниот суд го градат со тоа, Сити Мол е цел изграден со тоа. Чудото не е во Република Србија него во цел свет со традиција од 90години, по потекло од Шведска.
Во врска со темава само дадов линк на кој има информација за каква звучна изолација дава еден ѕид, за подетално ако е од скопје нека побара од Ксема, ќе му кажам и адреса ако сака. Еве и на бугарскиот http://www.ytong.bg/bg/content/_1225.php сајт има информации и на http://www.ytong.hr/hr/docs/ZBZ_25_zastita_od_buke.pdf http://www.ytong.rs/rs/docs/ispitivanje_zvucne_izol.pdf
Што знаев, напишав.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Го има пријателе, само што сеуште нема официјална xella.mk страница за тоа, главен дистрибутер за Македонија е Ксема Инженеринг Скопје. Се гради со итонг веќе долго време, мислам дека кривичниот суд го градат со тоа, Сити Мол е цел изграден со тоа. Чудото не е во Република Србија него во цел свет со традиција од 90години, по потекло од Шведска.
Аха, значи сепак го има и кај нас... Околу трацицијата и примената, немам замерка.

А гледам дека имаш некакво искуство со чудото. И? Дај подобјасни малку појќе пошо јас ова прв пат го гледам. За ѕидање фасади е? Или се користи како замена за глинени блокови? Ако сакам еден ѕид да соѕидам, ќе биди ефикасно како тервол + кнауф, притоа да не одземи појќе од 8 цм?

Пошто реално, за внатре сите бараат шо е можно потанко за да нема загуба на простор... ако треба да ѕида ѕид од 25 цм дебелина, наебал.

И која е цената?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ве молам драги архитекти помогнете ми да пронајдам писмен материјал за звучна изолација со еднослојни ѕидови....ако имате на ум некои линкови да споделите или било каков друг формат со матријал ве молам пишете
Имаш бе ефтина варијанта, такаречи џабе е... испробано и гарант функционира...
... собери ги тоа картонските паковки од таблите за јајца, налепи ги на ѕид, пушти системот до даска, оди во другата соседна просторија, ако чуеш нешто одма мењам ник.:D
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
И? Еден линк со 4 слики од ѕидој ич не брка работа... башка чудово е во Република Српска, прашање е дали го има кај нас...
офтопик и малку географија :
Ова е во Република Србија, а Република Српска е во Босна. :LOL:
 
Член од
30 септември 2008
Мислења
30
Поени од реакции
13
Пријателчиња фала многу за одговорот, малце погрешно сте ме разбрале...ми треба материјал за семинарска работа на тема ,,Звучна изолација со еднослојни ѕидови'', ако ви се наоѓа нешто во писмена форма пишете. :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
офтопик и малку географија :
Ова е во Република Србија, а Република Српска е во Босна. :LOL:
Чек... за србија едно врме беше .co.yu ,мада и ти си во право... мене RS прво ме мана на република Српска и толку, ама изгледа се однесува на Република Србија :)

Пријателчиња фала многу за одговорот, малце погрешно сте ме разбрале...ми треба материјал за семинарска работа на тема ,,Звучна изолација со еднослојни ѕидови'', ако ви се наоѓа нешто во писмена форма пишете. :)
Па требало повеќе да го нагласиш.
За тоа оди во стоварите и барај каталог од кнауф, стиропор и тервол. Кажи дека ќе прајш звучна изолација на соба во која шо свириш труба, па ќе ти понудат катаљарда опции и каталози. Така ќе си најдиш пишан матерјал, на македонски (евентуално српски) од кој шо ќе треба да ја склопиш семинарската.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom