Соларна енергија

Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
да ама многу им е ограничен фондот за субвенции , треба за секој кој стави колектор да има , не само за 350 семејства !
 
A

Accipiter82

Гостин
Да ама пак не е работа на државата да нон стоп дава субвенции за купување на соларни колектори. Тука и самите производители и диструбетери на истите треба малце повеќе да се потрудат
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
25
Поени од реакции
9
Да ама пак не е работа на државата да нон стоп дава субвенции за купување на соларни колектори. Тука и самите производители и диструбетери на истите треба малце повеќе да се потрудат
Не се согласувам со вашето тврдење..
Цените на соларните панели се тие какви што се , ни повисоки ни пониски
Ако државата се грижи за своите граѓани , а преку заштедата со енергија и до помал одлив на девизи за увоз на ел.енергија и таа би имала бенефит .Од една страна се фрлаат и премногу пари за да речеме за земјоделски субвенции, за кои никој и не бери грижа зошто и како се даваат , а од друга страна не сака да даде пари за СИТЕ граѓани ,кога сите би имале корист од тоа. Затоа гледаме на 10 куќи само по еден соларен панел ,а некаде и воопшто ги нема. Другите земји се богати , некој ќе рече , па даваат ...Јас ќе кажам , БОГАТИ СЕ ОТИ ДАВААТ !!!
 
A

Accipiter82

Гостин
Пред се ние имаме капитализам или социјализам?

Друго субвенциите се покажаа и во пракса кај нас како неефективни - земјоделие. Ако тргниме пак ланчано со субвенции, оти се соларните колектори во предност во на пример производителите на ветерници? Зошто и за нив нема субвенции па барем во ограничена форма како и ова, па кај се и производителите или дистрибутерите енергетски ефикасна расвета...и така цел низ на сродни индустрии.

Зарем ова не е доволна стимулација за производители на соларни колектори:
http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/povlasteni_danocni_stapki/pregled/9

Далеку од тоа дека сега ја бранам државата и нејзината полититка особено во енергетиката која е лоша, ама дајте ве молам, вие производители на не само соларни колектори веќе и целата индустрија која е поврзана со енергетска ефикасност имаат идеални пазарни услови - цената на електрична енергија расти, користење на обновливи извори стануваат полека неопходни.....и цел низ на други можности.

Еве за сите два видеа да научите дека сме коначно во капитализам и да научите како истиот функционира. Остајте ја државата таа нема за вас ниту да продава ниту да производи. Да несовршена е и има доста нелогичности и неправедности и лоша администрација...итн.

Член од
2 февруари 2012
Мислења
25
Поени од реакции
9
P e

Ако Германија не е капиталистичка земја , тогаш не знам која е .Но таму даваат субвенции за соларни ситеми и затоа скоро на секоја куќа имаш панели ...Паметна држава е , си знае дека ако ти си произведуваш сам , нема да бараш од државата ресурси да ангажира за задоволување на твоите потреби од енергија и слично...
Добро е што и самиот свати дека субвенциитево земјоделието се обично змајување на народот и средство за гласање на избори .Никакво фајде од тоа , во смисла да има ќар државата...Само зијан оти тоа го плаќаме сите , а се обогатуваат малкумина.
Друго е ова субвенционирање за соларните панели за топла вода , а зошто никој не помислил да даваат субвенции и за соларни панели за струја !! Онака како што предлагам јас е да има за сите , тогаш сите ние ќе имаме прилика да земем дела од колачот ,а не избраните..Настрана е што немаат пари за тоа и е маркетиншки трик , само 300 субвенции ..
Акј да не зборувам повеќе :) , и премногу кажав ...:D
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Пред се ние имаме капитализам или социјализам?

Друго субвенциите се покажаа и во пракса кај нас како неефективни - земјоделие. Ако тргниме пак ланчано со субвенции, оти се соларните колектори во предност во на пример производителите на ветерници? Зошто и за нив нема субвенции па барем во ограничена форма како и ова, па кај се и производителите или дистрибутерите енергетски ефикасна расвета...и така цел низ на сродни индустрии.

Зарем ова не е доволна стимулација за производители на соларни колектори:
http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/povlasteni_danocni_stapki/pregled/9

Далеку од тоа дека сега ја бранам државата и нејзината полититка особено во енергетиката која е лоша, ама дајте ве молам, вие производители на не само соларни колектори веќе и целата индустрија која е поврзана со енергетска ефикасност имаат идеални пазарни услови - цената на електрична енергија расти, користење на обновливи извори стануваат полека неопходни.....и цел низ на други можности.

Еве за сите два видеа да научите дека сме коначно во капитализам и да научите како истиот функционира. Остајте ја државата таа нема за вас ниту да продава ниту да производи. Да несовршена е и има доста нелогичности и неправедности и лоша администрација...итн.

....кои морони и приучени глупандери.., тоа се теоретски разглабања кои немаат никаква врска со реалноста. Во таква шема на мал пазар КОГО НЕ ГО ПРИМААТ ВО ГОЛЕМИОТ нема шанса некој да произведува и биде ШИРОКО конкурентен. Тоа е простата причина зошто Хенри Форд не би успеал во Македонија, иако може има 1000 такви како него на тој простор...или Опра или......
......да не спомнувам што оние од погоре НИКОГАШ не произвеле , продале и напраиле некоја пара за живот со тоа...:)
..
 
A

Accipiter82

Гостин
хехехе ова испадна незнат селаните со пари дајте ни нас субвенции па да видите како ќе процвета Македонската економија - всушност исто ќе биди.

Германија ја потикна индустријата за обновливи извори на енергија пред се со даночните олеснувања и со позитивната тарифа за откуп на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија па и од соларната енергија и со регулирање на самиот пазар на електричната енергија. Подетално ако те интересира можиш да го прочиташ нивниот The German Renewable Energy Act

Но да се вратам на соларната енергија во Македонија. Имаме идеални услови за нејзиното искористување тоа никој не го спори и сите знаеме за тоа. Имаме поволни даночни стапки за истите и тоа го виде на линкот. Постојат правни работи кои требат да се средат до крај. Значи се останува на тебе како производител на фотонапонски системи истите квалитетно да ги произведеш и да ги продадеш. :)
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
100 000 евра за овој проект за 350 души максимум.Малку е:).
Проектот е добар и за ваков проект пари не треба да се штедат да не набројувам за што дава државата милиони евра ваков проект заслушува неколку милиончиња.
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
25
Поени од реакции
9
Не се работи за тоа дека селаните не знаат како да ги искористат парите , туку .... Се даваат пари на пр. за толку и толку хектари посеани со незнам што .Никого после не го интересира колку принос произвел тој од тие хектари и дали нешто воопшто ожнеал од таа површина.Такви пари јас ги велам фрлени во бунар или низ ветар , како сакаш. Друго е ако се каже до толку килограми жито до хектар толку субвенција , над тоа поголема субвенција .Тогаш селанецот и тоа како ќе сака да произведе повеќе , зошто повеќе ќе добие..
Со овие земјоделски субвенции се фрла само прашина в очи дека нешто позитивно се работи , а всушност се купуваат гласови .
Околу даночните повластоци , јас како производител на соларни фотонапонски панели немам ама баш ништо
За келиите платив 18% ДДВ , за стаклото исто , превозот и тој го наплаќаат иако замислете е платен на ДХЛ во странската земја од каде се порачани келиите и на тоа плаќам 18% ДДВ ( зарем ова со данокот за траснпортот нее ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ , нека ми кажат експертиве ) За останатите работи приклучни кутии , кабли , стрингови , пластика ,ЕВА , алуминиум, плаќам царина од 5-15% и плус ДДВ 18 % . МНОГУ ПОВЛАСТЕНИ СТАПКИ .. :sick:
Инаку процедурата за барање на повластена даночна стапка за некој производ е толку комплицирана работа , што во старт се откажуваш и никогаш не помислуваш на тоа повеке .
За мојата работа : Ќе биде ... Ме радува големиот одзив на луѓето од Македонија и да признаам не бев свесен до почетокот на оваа работа , колку Македонија НЕ БИЛА ЕЛЕКТРИФИЦИРАНА ...Само да се тргне оваа зима и стартуваме .Веќе се порачани материјалите за новата серија и кај мај ќе излезе ...
 
A

Accipiter82

Гостин
Е па тука ти е шансата и сам рече дека Македонија е слабо електрифицирана гледаш колкав имаш простор. Остај ја државата и даноците и јас имам фирма и знам како е но тоа е што е треба да се прилагодиме на условите.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Член од
12 март 2010
Мислења
212
Поени од реакции
73
мислам дека овде кај нас ќе функционира, чудно како некој не го направил до сега, летово ќе пробам на панел со пречник од 1 метар...да измериме величини :) .....

Jas sum vo priprema da go sklopam pa ke vidime.Ke go sklopam vo telo isto kako za solaren panel te od dolna strana so izolacija a od gorna so termopan.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Jas sum vo priprema da go sklopam pa ke vidime.Ke go sklopam vo telo isto kako za solaren panel te od dolna strana so izolacija a od gorna so termopan.
....тоа е веќе класичен панел и таму игра подобро бакарната цевка.....
....пробај да го намоташ тоа во спирала на темно обоена даска и сифонски загревај бојлерски резервоар, обој го и него мат црно и најди начин да го поврзеш со цевката за топла вода во бањата (ова е малку комплицирано, ако си во зграда , но е многу просто кога си во куќа. Преку лето имаш топла вода . Јас ќе пробам да склопам една ваква шема и ќе мерам прецизно што се добива во однос на м2.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom