Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

зошто до толку тешко е да се сфати :D ?

Па не знам, обично сите го сметаат за шит играч и најслаб од 11те кои искачаат на терен, а нема врска, има подобри статистики и од Бери и од Паркер, плус и дава голови и го бива за офанзива, само што не е граден ко нив :)
--- надополнето: 30 мај 2012 во 16:22 ---
Андерсон може и да го имаат утепано и изедено за Велигден, 5 месеца немам видено ни слика од него.
А кога ќе ми текне дека кога дојдоа со Нани, тој важеше за поталентираниот. Како се извртуваат работите :D
 
Па не знам, обично сите го сметаат за шит играч и најслаб од 11те кои искачаат на терен, а нема врска, има подобри статистики и од Бери и од Паркер, плус и дава голови и го бива за офанзива, само што не е граден ко нив :)
--- надополнето: 30 мај 2012 во 16:22 ---
Андерсон може и да го имаат утепано и изедено за Велигден, 5 месеца немам видено ни слика од него.
А кога ќе ми текне дека кога дојдоа со Нани, тој важеше за поталентираниот. Како се извртуваат работите :D
Андерсон го нарекуваа новиот Роналдињо :)
 
Андерсон моментално вреди 3 милиона, тежи 200 кила, има мев и секако треба да си луд ако допуштиш тој да им парира на конкурентите. Едно е виртуелен свет, а друга е реалноста.

Ја викам на Групер да го дадеме на 50% попуст...:D
 
246532_374938405901640_100001564507682_1041036_1683248806_n.jpg


Колку што разбрав овој е "ватрен" навивач на Манчестер Јунајтед од Хрватска...
 
Браво, му текнала фората со ружата што е :)
 
Среќни сте? Ќе потпишеме со пијандура...:icon_lol:

--- надополнето: 30 мај 2012 во 18:08 ---
Дај да направиме една собиранка онака на пиво во СК од нашиов фан клуб пред да фатат одмори, кој може и сака секако.
 
Глеам за Андо и за Керик. Да не цитирам постови - не само шо ме мрзи, туку ме мрзи уште повеќе :)
Вака.. Керик си е клучен играч - секој прави киксови на моменти па зошто да не му се дозволи и нему ? Кога еден Меси може да погоди пречка од 11м, кога еден Рамос може да ја отера топката в (п)ченки од 11м, кога еден Роналдо 2 пати во клучни натпревари промашува пенал ( 2008ма против челзи во ЛШ со Јунајтед и со Реал против Баерн во полуфиналето годинава ). Играч е кој што може да игра и дефанзивно и офанзивно по потреба, реализацијата му е послаба само ама кога дава голови дава со стил. Многумина го отпишуваат од тимот поради тоа што „прави киксови“ и „стар е“ и истите заборавиле што тој со неговите 31 може да направи.

Андо ти е Харгривс приказна. Дојде како играч со голем потенцијал и брзо ги оправда парите за кои беше платен, сепак влијанието нивно во играта на Јунајтед не се забележа многу многу бидејќи тие не се наметнаа во стартните 11 поради честите повреди. Повеќето од вас се сеќаваат на финалето од 2008ма. 2цата екстра изиграа. Можеби и ќе беа во стартните 11 ама многу се повредуваа у понатамошните сезони, МНОГУ! Затоа и Харгривс си отиде според мене а и поради тоа што велеше дека е „лабараториско глуфче“ на докторите на Јунајтед.

Кагава, Хазард и Гаитан ( у понатамошниот текст Гајтан ) се друга приказна. Хазард си го одбра Челзи. Судбината на Гајтанот не се знае, а Кагава НАЈВЕРОЈАТНО ќе се појави во дресот на Јунајтед. Искрено повеќе би се радувал доколку го видам Модриќ во дресот на Јунајтед и да ги видам Рајан Танклиф, Ларнел Кол и Клеверли покрај Модриќ . Доаѓањето на Модриќ во тимот би значело повеќе одмор за Сколс кој потпиша договор уште за една сезона и би бил користен како ротација и тандемот Модриќ-Сколс би бил погоден да ги уигра и „оправи“ Танклиф и Кол како и да му помогнат на Клеверли да си ја „набие“ самодовербата.

Слаби сме на лев бек. Го имаме Евра и Фабио. Ерата на Евра кај и да е треба да заврши. Иако е стар не е за потценување, но веќе треба да се мисли за долгорочна замена. Бејнс изјави дека не сака да дојде во Јунајтед ( барем не летово ), а Фабио изгледа сеуште е под притисок. Бејл иако може да игра и лево крило и лев бек премногу е скап и приврзан со Реднап што значително ги намалува шансите за негово доаѓање. Искрено да сум на местото на САФ јас би пробал со Марк Муниеса од Барселона Б, 20 годишен стопер кој може да игра и како фул бек на левата страна, а тука е и Алаба ( 19 ) од Баерн кој би можел да придонесе доколку е потребно во средината.

Сепак џабе се нашиве дискусии овде. Стариот лисец веќе има некого на ум и не верувам дека ние можеме нешто да смениме.
 
Среќни сте? Ќе потпишеме со пијандура...:icon_lol:

--- надополнето: 30 мај 2012 во 18:08 ---
Дај да направиме една собиранка онака на пиво во СК од нашиов фан клуб пред да фатат одмори, кој може и сака секако.
Јас сум за, башка ќе се исповидиме :)
 
Vitta, не рече Бејнс дека не планира да си иде, туку рече дека му годи што е поврзуван со ваков клуб, но и Евертон му значи многу. По мене не би одбил да докде тука затоа што веќе има 28 години и ако не се испроба во ЛШ сега, којзнае кога :) Плус, ако веќе сака да му конкурира на Ешли Кол за во репрезентација, ќе мора да се покажува и на други сцени. Во ПЛ веќе си е докажан.

Ми се допаѓа и тоа што не е склон на повреди, тенк да го помине, ќе стане. Работлив е како мравка, добро нафрла и ќе немаме веќе секирации за слободни удари, корнери, пенали итн.
 
Таман да наздравиме за новиот тренер на лузерите Брендон Роџерс, демек он ќе ги вадел од кал.. :pos:
 
Chicharito: "Whenever I’m mentioned, I do not feel differently to anyone else. I'm not a star, I feel the same as all my team-mates."
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom