Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.790
Поени од реакции
11.375
И што сега, ќе ме опцуе некој копиљ па треба да размислам пред да му го пукнам носот што не го воспитале дома, да не ми извади пиштол? Фак ит, ќе носам и јас од сега. Се додека џандариве се слепи и глумат лудило, ќе се пукаме бе, не е фрка. 30денари е куршум, а живот колку е?
 
P

PewDiePie

Гостин
Тоа и јас викам,не мора за се одма да ги обвинувате албанците,демек наши до вчера не се млатеа и бодеа со ножеви по паркинзи,пред кафани и сл.

Чил.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
И што сега, ќе ме опцуе некој копиљ па треба да размислам пред да му го пукнам носот што не го воспитале дома, да не ми извади пиштол?
За жал така е од поодамна!
--- надополнето: 29 мај 2012 во 14:21 ---
Мислиш дека јавно ќе обелоденат такви информации?!
Сакале неќеле ќе мораат... дечкото е жив... а новинарите се стрвници.
 
P

PewDiePie

Гостин
народот Русија ја сака, меѓутоа Русија ќе се заинтересира за нас само кога власта ќе покаже интерес за соработка со Русија. Русија не е истата онаа од пред 10 години, кога ја владееше алкохоличарот Јелцин. Русија моментално е права велесила, еве не смејат да писнат „западњаците„ на Сирија, зошто Русија и Кина застанаа зад демократската сириска власт.
Епа тоа е лошо,тие би интервенирале само таму кај што имаат свои интереси.
Тие на една србија што се крсти во нив дозволија да им го земат косово па за нас ќе им било важно.

Незнам русија ми е многу сомнителен сојузник.
 
S

Shaman

Гостин
И што сега, ќе ме опцуе некој копиљ па треба да размислам пред да му го пукнам носот што не го воспитале дома, да не ми извади пиштол? Фак ит, ќе носам и јас од сега. Се додека џандариве се слепи и глумат лудило, ќе се пукаме бе, не е фрка. 30денари е куршум, а живот колку е?
Лесно вака, лупај непромислени работи, да лечиш фрустрации.
Проблемот не е во глумењето лудило. Подлабок е проблемот.
Размисли малку немој да се силиш одма. Поздрав.
 
S

Shaman

Гостин
Мислиш дека јавно ќе обелоденат такви информации?!
А ај жити се, просветли ме и објасни, кој е интересот да се скријат и преќутат
такви информации ???
Немојте бе џабе филмови да праите.
Одма теории на заговор кај што ги нема.

Единстваена причина за преќутување на имињата е ако се малолетни.
 
М

Мартин`

Гостин
Обично, мафијашите се кријат и мафијашките работи ги спроведуваат само онаму каде што имаат мафијашки интерес, зошто би се откривале со пукање во непознато и невино дете ???????!!!!!!!!!!!!!!

Ќе кажам само дај Боже зад ова да не се крие етничка заднина.

Ама и кој и да пукал во детето, треба да одговара за Убиство во обид и казна затвор од мин. 20 години.
Мафијаши погоре го ставив во наводници, чисто сумњам дека се работи баш за мафијаши кои ќе пукаат на такво место..
Ова ти е некои дечишта од 20тина години што имаат оружје па се испијаниле/дрогирале и толку им треба.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.790
Поени од реакции
11.375
Лесно вака, лупај непромислени работи, да лечиш фрустрации.
Проблемот не е во глумењето лудило. Подлабок е проблемот.
Размисли малку немој да се силиш одма. Поздрав.
Не е лупање пријател нити лечење фрустрации не дај боже...проблемов е реален. Само се надевам дека нема и твоето дете да го рокнат некој ден. Разбирам потполно европа ова она, ама овде е див запад, нема власт, има само пиштоли во секој втор дом, па така и јас се грижам за својата безбедност. А тоа што сите вредности овде се изгубени одамна и што врие од некултура е исто така реален проблем. Полициска држава му е мајката, уште не сте виделе на дело.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Еве ја оригиналната вест од СИТЕЛ:
“Околу 23 часот, младиот скопјанец забележал група на момчиња кои му идат во пресрет. Еден од нив почнал да го задева 19-годишниот О.С. по што настанала расправија.
Еден од насилниците во еден момент од под пазувите извадил пиштол, испукал неколку куршуми, од кои еден го погодил О.С. во грбот.“

Извор: http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/momche-raneto-vo-pukanje-vo-„aerodrom“
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.941
Поени од реакции
73.583
Ајдее ..уште една тема која експресно ќе добие 500 и кусур страници...

добро бе... дечкото е жив и контактибилен, тие го закачале, значи збореле, значи точно знае од која националност се напаѓачите, нема шанса да промаши... ај да почекаме и други информации ... па после да се тераме у пичку матер.
Дај инфо ако знаеш нешто повеќе да не шпекулираме :)

zmej gorjanin
Иначе во последно време доста случаи има каде што млади дечишта особено од Аеродром (бар повеќето од случаите кои ги знам се поврзани со млади групи од Аеродром иако не е поарно ни во другиве населби) користат некое помошно средство во тепачка. Другар ми се степал со еден во една дискотека, откако го истепал, овој земал шише и му го удрил во глава по што цела глава му била во крв.
Пред некое време група средношколци имаше нападнато двајца мажи со палки во Аеродром, Македонци и едни и други.
Преклани имаше пресметка членови на ЦПБ и член на ФА. Овие му се заканувале ко пичиња 10 на 1, па овој извадил нож и му го кркнал на еден од нив.

Е сега во сите овие случаи имало некаква причина зашто биле употребувани средства, ништо не било ради чиста мира.

Али порано не беше баш сеедно да збрцаш некого, пошто ќе ти лупнеа казна длабока. Сега ќе ти дадат условна и кур те боли.
Ете и примерот во Ѓорче што беше пред некоја недела, тој што застрел двајца.
Немаше вакви работи помеѓу Македонци порано, освен меѓу некои мафијачки постари фаци.
Али ете слабите закони, си придонесоа за нешто вакво.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Законите се добри, Судството ни е лошо.За затајување данок и перење пари на Велија му лупнаа 14 години затвор, а за оние што тепаа крвнички по Ѓорче добија условни казни и 4 месечна казна.

Ако се спроведедуваат законите за сите поддеднакво, со строги затворски казни, без разлика на етничка и верска припадност, нема да има повеќе вакви случаи.
Јас емотивно реагирам на вакви случаи, зошто еден мој роднина беше застрелан на ваков начин, од пријател, Македонец, демек на “шега’’.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.941
Поени од реакции
73.583
Ноуп . Глеање филмови друже , то е то
И тоа може да е, али битно се накотија вакви фаци во Скопјево, а порано ги немаше.
Секогаш имало рчки меѓу населби, па за женски и такви работи.
Али пред да искористиш и камен ќе си размислел два пати, а камоли да пукаш во некого.
--- надополнето: 29 мај 2012 во 14:43 ---
Законите се добри, Судството ни е лошо.За затајување данок и перење пари на Велија му лупнаа 14 години затвор, а за оние што тепаа крвнички по Ѓорче добија условни казни и 4 месечна казна.
Па законите постојат на хартија, исто како да ги нема.
Што е битно што пишува таму, кога ништо не се спроведува на дело.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom