уште една врвна аналогија.
Ајде пријателе да ти кажам една тајна. Мозокот е составен од неврони кои праѓаат електрични сигнали. Ако се зголеми елекцритетое(да речеме 25 км/час) ќе уништиш дел од невроните,ако не и сите. Ако 220/км на час богами ќе го спалиш мозокот.
-
ВРВ е тоа што велиш дека нон стоп растат дрва и извираат реки-од каде го свати ова мајке ми?
п.с. Совет од мене земи види како функционира човековиот мозок и дали дрвата растат сами или некој ги сади.Ова се рекиве ќе беше добро да беше вистина, сите ќе бевме среќни
ИЛИ можеш да продолжиш да фантазираш дека некогаш ќе минува човекот низ ѕидови. И јас гледам филмови али не ко тебе
Како после ова да те сметам за достоен.
--- надополнето: 29 мај 2012 во 00:13 ---
по тебе веќе направи, се вика Iception
Бидејки христијанството вели дека господ го креирал светот за 6 дена, и 7от одморил, значи дека тој ја завршил својата креација така?
Е сега, јас ти кажувам дека таа креација не е завршена, бидејки постојано светот се креира, се обновува,изобличува и тоа се коси со приказната за креирањето на планетата.Креацијата траела одреден временски период. Значи од тогаш до тогаш, и после тоа, крај нема веке креирање, завршена работа???
Поместување на континентите постоело и тие сеуште се поместуваат, некои луѓе се раѓаат некои умираат, некои реки пресушуваат некои извираат, дрвата никнат, се се движи, живее.
Мислата ми е дека промената на природата и живите суштества е континуирана, тоа е непрестан процес, што значи дека планетата постојано се креира. Не знам како не можеш да ме разбереш, или можда не сакаш, или па можда јас лошо го објаснувам , ама јасно знам на што мислам.
Друго, факт е дека постоеле диносауруси. Па нели во некоја страна од библијата каде се опишува процесот на креирањето на светот за 6 дена би биле спомнати и овие суштества, или во било кое друго поглавје?
Кој е во право, христијаните, муслиманите, хиндуистите, будистите, племињата во африка и тн.? Ако постои еден бог а реално има многу религии, тогаш која религија збори за вистинскиот бог?
Што ке биде со сите оние кои веруваат во други работи, во животни и сл?
И вака има уште многу сомнителни работи во врска со религиите, што дури и не вреди краткиот човечки живот да го поминеш отупувајки го мозокот со некакви стари приказни за некаков далечен и непознат свет, на богови, ангели демони и тн. Така само се ограничуваме, и се делиме, наместо да се посветиме на самите себеси, да се осознаеме себеси, ние сме запнале да го осознаваме бог, а не ни знаеме дали тој постои и каде е, како изгледа, што всушност тој прави овие 2000 години, само си седи ли таму некаде далеку и ни пренесува некакви пораки преку неговите гласноговорници?
Ни вика сакај го ближниот свој, а никогаш не вика сакај се себе си. Па од каде ке извира таа љубов према ближниот ако не сум ја почувствувал прво за себе си?
Ама ако си се сакам себе тогаш тоа ке значи дека јас сум слободен, и дека можам слободоумно да размислувам, без религиски ограничувања, бидејки повеќе си го сакам моето мислење отколку на попот. односно размислувам своеволно, свесно.
Ни вика, ако некој те удри сврти му го другиот образ.
Е извини ама јас нема да му го свртам, туку ке го удрам по двата образи, за да знае да не го повтори пак тоа.
Испаѓа дека со вртењето на другиот образ го одобруваме насилството, затоа што дозволуваме пак да се случи. Садистот ужива да тепа, и ако ние му дозволиме, тогаш, тој ке не тепа до смрт, тоа исправно ли е? Уствари штом јас одобрувам некој да ме тепа значи тогаш јас сум мазохист. И тоа исправно ли е?
Значи, да разјасниме, ако некој проба да ме удри по еден образ, јас двата ке му ги изгорам, за да знае дека не смее тоа да му се повтори. Не почнувам, но нема ни да дозволам затоа што си се сакам сам себе повеќе него тој другиот.
И затоа религијата никогаш не не учи да се сакаме самите себе, затоа што кога се сакаме самите себе, нашето мислење не поважно од сите други мислења, и нажите чувства се поважни од сите други чувства, па затоа си ги чуваме силно и не дозволуваме некој друг да биде заслужен за нив, во случајов Господ.
Ние луѓето сме заслужни за се убаво и неубаво што ни се служува во животот, а не бог.Ние си ги правиме одлуките во животот. Бог е само алиби на поповите, да ве одалечат од вашата природа и да ги претстават вашите убави чувства како заслуга на бога, за потоа да му се молиме, и нормално да им оставаме пари, и им даваме моќ да не контролираат.
Тај програм не пролази код мене више. А бев верник, поголем од многу други тука, но сватив дека не сум бил верник, туку само трагач по некаква вистина.