Кајгана тениска лига (дискусија,прашања,совети....)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Игор Ј. шо бидна со резултатите за денеска? После да не ти се соберат многу, па да неможиш да ги собериш. :)
 
Ај погоди :D Па не се завршени мечевите, 2 од нив не се доиграа поради мрак....... еве Мачадо - Андерсон е 7-7 во 5. сет, во 15:30 ќе продолжат. Само да не одат до 80-78, кој ќе ги чека. :D
 
Не приметив дека имало и такви мечеви што треба да се доиграат за денеска.
Ако е така, извини на испадот.:D
 
Не е проблем, само ќотек да не јадам.:pos:
--- надополнето: 28 мај 2012 во 16:54 ---
Ете ја новата ранг листа, прва за Ролан Гарос.

На првите три позиции се :

Игор Ј. со 91 поен
Chiksy^ со 79 поени
RocknRolaa со 73 поени
 
- а си намалил гледам на 8 меча а ? те мрзи да броиш поени :pos: .
- ни еден меч од жените денес не си ставил , што ти згрешиле толку :) ?

- многу фаворити има во понудата 3 меча се такви Ноле , Иснер и Федекс . нели требаше поизрамнети мечеви .

RocknRolaa нема гајле , ноле 1 , федерер 1 - бодче по бодче . КУЛА . :) . гледам има 2-3ца што има шанси да ги погодат денес сите мечеви . бравос. јас паѓам засега на хјуит +
 
Ам шо да правам, тие се понудените натпревари. Сигурно нема Ноле да го ставам да изгуби за инат.:icon_mrgr:
 
Епа ќе ги пробаш +/- . 5 бода носи тоа . така да место сигурни 2 поени , можеш да освоиш 0 , 5 или 10 . треба ептен малер да си 0 да земеш :D

Абе шо си кажувам тука јас тактики , не можам да ве поминам после. :)
 
Море најтрагично е што може да погодам се. Да се убиеш ти е тоа, си играм виртуелно тука, а да ги пишам на ливче нема шанси да излезат. Суеверие:X3:
 
- а си намалил гледам на 8 меча а ? те мрзи да броиш поени :pos: .
- ни еден меч од жените денес не си ставил , што ти згрешиле толку :) ?

- многу фаворити има во понудата 3 меча се такви Ноле , Иснер и Федекс . нели требаше поизрамнети мечеви .

RocknRolaa нема гајле , ноле 1 , федерер 1 - бодче по бодче . КУЛА . :) . гледам има 2-3ца што има шанси да ги погодат денес сите мечеви . бравос. јас паѓам засега на хјуит +

Нема врска да ме мрзи да бројам. Ајде од утре ќе има по 10, тоа ти е 1 минута плус работа, а можеби ни толку.....

И секако, подобро е Надал, Федерер или било кој од фаворитите отколку двајца кои играат еден против друг за кои ретко кој чул од типувачите....
 
најтапа ми се паровите кога ќе дојдат :facepalm: . врссска неам што да ги пишам . играва е супер бе , башка се вежбам за кладилница.:)
 
Вежбај се, денес си го фатив јас Ѓоковиќ плуска 2 коефициент, дебела плуска влезе.

Губеше Матје 2-6 4-6, сега е 2-6 4-6 6-4 6-3 3-0 со 2 брејка во 5. сет, го чекам уште Haas денес и ако влезат двајцата утре уште неколку лесни зицери за 2300 со 50тина денари уплата :)
 
Леле глупак ли сум ама.. Сигурен бев дека Хјуит ќе биде +, ама го пишав да победи навивачки.. На крај само таа ја промашив, па изгубив 10 поени, 5 од плусот и 5 од бонусот.. :mad:

Ова колку да се исплакам :D..

Иначе ме интересира рекорден број поени добиени од едно коло.. Ако може и за тоа да се води евиденција, нема да е тешко, само доволно е да се запише рекордот и после да се провери дали има некој повеќе поени собрано..
 
Денешната ранг листа ќе ја добиеме утре, за тоа се заслужни Stakhovsky и Dolgopolov кои ќе го играат 5. сет утре, мечот беше прекинат поради мрак.
--- надополнето: 28 мај 2012 во 21:32 ---
Иначе ме интересира рекорден број поени добиени од едно коло.. Ако може и за тоа да се води евиденција, нема да е тешко, само доволно е да се запише рекордот и после да се провери дали има некој повеќе поени собрано..

Ќе видам и тоа, ќе најдам. Деновиве сум зафатен, но во четврток потсети ме по приватна порака и сугурно ќе го ставиме рекордерот на првото мислење кај ранг листите и потоа секој што ќе го сруши, ќе го пишуваме :) т.е. ќе го обновуваме рекордот :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom