Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Не ми се верува дека Николиќ победи, дефинитивно беше изненадување, ама јас реков и на друга тема, фактот дека се оддржуваа избори на сите нивоа и фактот дека Тадиќ даде оставка беа меч со две ептен остри оштрици. Како и да е, доста луѓе во Србија се разочарани од тоа што го видов и чув. А што се однесува до односите со Македонија, не верувам дека ќе се променат, ќе си останат релативно стабилни според мене иако јас лично го почитував Тадиќ. Ми беше интересен профил како лидер и човек, ама тоа е демократија, народот си бира. Мислев дека ќе изгура уште еден мандат, ама тоа е.
Она што се наметнува како прашање е колкав е легитимитетот, со оглед на тоа дека излезноста беше ужасно мала. Како и да е, ќе видиме како ќе се одвиваат односите. Она што е интересно е што сега Тадиќ има голема можност да биде премиер, и де факто и де јуре ќе има поголема политичка моќ од Николиќ, затоа што како и кај нас, така и во Србија премиерот има поголема моќ од претседателот.