Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Чисто процедурално, сакам да знаеш дека вака како што ги користиш зборовите онтолошки и онтологија немаат никаква смисла. Начин на постоење во слобода, звучи како партизанска песна...

:icon_lol:

Срамота е трудот на Аристотел да го унижуваш со бесмислено користење на неговата терминологија...

;)
Бесмислено ти е зашто не гледаш низ Христијанска перспектива.;)
Аристотел, е основач на терминот иако самиот не го употребил.
Инаку од 17век се употребува во философијата.
Онтологија разбрана како Збор, Наука за Битието, Постоењето.:)
 
С

Само Човек

Гостин
Пак го избегна фактот дека совршено битие нема никаква врска со чувства како гнев, жалост, каење или било што слично. Тоа се човечки особини, а човекот е несовршено битие. Со придавање на тие човечки(несовршени) карактеристики на Бог, и нему му се придава таа човечка(несовршена) природа.
Како може некој што е сезнаен и семоќен, да се кае, да чувствува жал или гнев? Сите овие се емоции кој се производ на неостварување или неисполнување на волјата и замислата на оној што ги чувствува!
- И го создаде Бог човекот според Својот лик, според Божјиот образец го создаде; машко и женско ги создаде..." (1. Мојсеј 1:1, 21, 25-27) )
:P И ти очекуваш Бог да нема човечки особини, мора да ме заебаваш. Него го свана .ли пеколот(гробот)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Ако тврдиш дека е семоќен и сезнаен, тогаш е ноторна глупост да му придаваш човечки особини! Посебно особини како гнев, жал и каење на битие за кое тврдиш дека е совршено - знае се и може се.
Не треба да биде некој Ајнштајн за да свати една ваква проста поента.
 
С

Само Човек

Гостин
Онтологијата не е ексклузивитет на христијанството, многу други концепти си имаат своја онтологија, така да тврдење од типот: " ....„мобилниот“ има онтолошки потенцијал, т.е.човекот не е само материја...." е само празна форма без никаква суштина во себе.
Сево ова што го напиша недава објаснување за улогата и потребата на "Страшен Суд" во ситуација кога доаѓа од совршено битие, кое знаело какви особини ќе има неговата креација, и можело да промени апсолутно се, кога и да посакало.
не ти го објаснив страшниот суд, или само првиот ред го прочита
 
Член од
26 мај 2012
Мислења
41
Поени од реакции
37
Бесмислено ти е зашто не гледаш низ Христијанска перспектива.;)
Аристотел, е основач на терминот иако самиот не го употребил.
Инаку од 17век се употребува во философијата.
Онтологија разбрана како Збор, Наука за Битието, Постоењето.:)
Точно така, тоа е термин украден од филозофијата, кој онака како што ти го употребуваш, губи секаква смисла. Јас ги прочитав повеќето твои постови, и воглавно страдаат од недифинирани поими, лишени од секаква суштина и значење..

Онтологијата никогаш не била разбрана како Збор, со големо З, освен во христијанските квазифилозофии...

;)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Ја имам едно прашање до христијаниве. Пред некоја страна некаде прочитав дека „...лукавиот ти ги зел родителите...“. Е сеа моево прашање е:
Како тоа кога нешто лошо се случува крив е лукавиот, а кога нешто добро (сеа добро и лошо зависат од гледиштето, но не е тоа поентата) се случува тоа е дело на севишниот? Па нели е вашиот севишен семоќен и сезнаен? Како тогаш дозволува некој си чуден лукавец со рогови и опашка да си поигрува со неговите креации кои очекува дека безусловно треба да му се поклонуваат и да му го хранат егото?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Онтологијата не е ексклузивитет на христијанството, многу други концепти си имаат своја онтологија, така да тврдење од типот: " ....„мобилниот“ има онтолошки потенцијал, т.е.човекот не е само материја...." е само празна форма без никаква суштина во себе.
.
Кој рече дека е? Јас зборувам за Христијанската онтологија, се разбира секој има своја, а може и да нема.
Онтологија не е суштина туку начин на постоење, затоа не ме разбираш изгледа.
Сево ова што го напиша недава објаснување за улогата и потребата на "Страшен Суд" во ситуација кога доаѓа од совршено битие, кое знаело какви особини ќе има неговата креација, и можело да промени апсолутно се, кога и да посакало
Рековме дека особините не се проблем.
Моја препорака е да го разбереш Страшниот Суд како Божја селекција, во која Бог ќе ги одвои оние што го избрале и оние кои го отфрлиле.
Инаку правиш вештачки проблем што непостои.
--- надополнето: 27 мај 2012 во 19:12 ---
Точно така, тоа е термин украден од филозофијата, кој онака како што ти го употребуваш, губи секаква смисла. Јас ги прочитав повеќето твои постови, и воглавно страдаат од недифинирани поими, лишени од секаква суштина и значење..

Онтологијата никогаш не била разбрана како Збор, со големо З, освен во христијанските квазифилозофии...

;)
Ад хомини типче, дај не спамирај.:sneaky:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Рековме дека особините не се проблем.
Моја препорака е да го разбереш Страшниот Суд како Божја селекција, во која Бог ќе ги одвои оние што го избрале и оние кои го отфрлиле.
Инаку правиш вештачки проблем што непостои.
Зошто тогаш не е напишано во библијата "Божја Селекција" (иако и тоа не го гледам како најдобро решение за едно совршено битие), туку стои - "Страшен Суд"?!
Ако бог е совршен, зошто мора да прави селекција на своето создание?! Дали тоа значи дека дел од тоа што го создал е непотребно, погрешно?
 
С

Само Човек

Гостин
Ако тврдиш дека е семоќен и сезнаен, тогаш е ноторна глупост да му придаваш човечки особини! Посебно особини како гнев, жал и каење на битие за кое тврдиш дека е совршено - знае се и може се.
Не треба да биде некој Ајнштајн за да свати една ваква проста поента.
Ти имаш искривена слика за христијанството, уште повеќе за совршено. Велиш сезнаен ,а очекуваш да не знае што е каење т.е. да не може да чувствува-контрадикторен си.

„И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.”“ (Исус Христос, ев. Матеј 5:48, Библијата)​
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Зошто тогаш не е напишано во библијата "Божја Селекција" (иако и тоа не го гледам како најдобро решение за едно совршено битие), туку стои - "Страшен Суд"?!
Ако бог е совршен, зошто мора да прави селекција на своето создание?! Дали тоа значи дека дел од тоа што го создал е непотребно, погрешно?
Секој програм. дури и оној наизглед совршениот, некаде во себе крие понекој баг (bug) , па така и овој :P
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Зошто тогаш не е напишано во библијата "Божја Селекција" (иако и тоа не го гледам како најдобро решение за едно совршено битие), туку стои - "Страшен Суд"?!
Ако бог е совршен, зошто мора да прави селекција на своето создание?! Дали тоа значи дека дел од тоа што го создал е непотребно, погрешно?
Зашто создал потенцијален Бог, кој тоа го одбива.:(
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ти имаш искривена слика за христијанството, уште повеќе за совршено. Велиш сезнаен ,а очекуваш да не знае што е каење т.е. да не може да чувствува-контрадикторен си.

„И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.”“ (Исус Христос, ев. Матеј 5:48, Библијата)
Да знаеш што е каење не е исто што и - Да се каеш! ;)
 
Член од
26 мај 2012
Мислења
41
Поени од реакции
37
Онтологија не е суштина туку начин на постоење, затоа не ме разбираш изгледа.
Не постои ниту еден релевантен филозоф во историјата, уште повеќе не постои ниту нерелевантен, кој го користел зборот онтологија како начин на постоење. Кога го користиш така како што ти се обидуваш да го користиш, тој збор добива некоја етичко аксиолошка арома, која реално ја нема...

Се знае што значи зборот онтологија, тоа е наука за Битието, за постоечкото како постоечко.

Ти си измисли ново рисјанско значење и сега се обидуваш да прошверцуваш ветар на магла, како што и најчесто правиш во своите постови.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom