Од плукање по цела неправда што се случува на таа Евровизија, заборавив да си напишам некој збор за Калиопи.
Како и претходните денови, така и сега откако заврши се`, сакам да го искажам моето задоволство од целиот пакет Македонија во Баку. Секоја година си навивам и си ги сакам нашите претставници, но после Тоше, единствено Калиопи ми направи да се чувствувам многу повозбудливо, многу погордо и многу посреќно. На страна и не така лошиот пласман, секоја чест што остави зад неа повеќе од половина натпреварувачи, кои ќе беа далеку повеќе ако Евровизијата беше вистински избор за најдобра песна.
Таа е паметна и храбра жена и знам дека ќе знае како да ги преброди и да се издигне над секаквите недостојни критики од страна на некои медиуми или умоболни поединци. Си знае колку вреди и ќе знае како да обрне повеќе внимание на позитивната енергија што ја шириме повеќето, која таа прва ни ја пренесе.
Македонија те сака и ако повторно одиме на Евровизија в година, направи пак исто и пак оди им ти! Ако не се избориш за тоа, ќе не заглавиш со Слаткар, Ристе од Припор, Гулабица и Бокица, Елвир или Ноне тип на претставници. Аман немој на тие маки и сеири да не ставаш, иако до некаде може би биле и добри.