Тука нешто си ми контрадикторен друже. Те читам наназад и искрено пријатно ме изненадуваш со твоите одговори, сите се смирени и сите се on-the-point ама нивната суштина боде.
Пази сега вака... Колкави се шансите ако си роден во Тексас, Америка да бидеш муслиман? Минимални, нели... Таму се мнозинство христијански семејства и тоа тврдокорни, па уште од мали нозе ќе те дресираат да бидеш како нив. Нема бегање, сакал-неќел ќе станеш христијан.
Од друга страна го имаме Ирак. Колкави се шансите таму бебе да се роди како христијанско? Јасно ти е што ми е поентата, нели...
Значи, религијата зависи од околината. Бебето во Ирак немало никакви шанси да одбере само за себе, религијата веќе му била наметната од време кога тоа не можело да разбере што значи тоа слободен избор. Баш како што му бил наметнат мајчиниот јазик на пример. Што мислиш, зошто ти говориш Македонски? Зошто ете, не говориш Естониски по дома? Сето тоа е домашна дресура значи, твоите ти го имаат веќе наметнато изборот кој мислат дека е правилен.
И тука доаѓа она гадното. Вие христијаните ќе одите во рај, океј. Што е со сите други кои никогаш немале избор? Муслимани, хиндуси, стотици други религии?
Бог е апсолутно битие, творец на материјата и на нас.
Како таков не е ограничен со ништо, па ни географски, кај и да се родиме за Него сме Негови созданија. Јас сум од Христијанско семејство, но Христијанството го прифатив на 20год., по ред на нештата.
Имено, сакав да видам во што верувале моите предци толку векови, па потоа другите народи со нивните религии. И не само толку време што се живеело Христијански, по таа логика, туку со мое лично истражување, опит, искуство најдов дека не биле лековерни и наивни и дека некој ги манипулирал, ниту луѓе ниту Бог, напротив.
Теологијата со нивната пракса е идентична.
Значи нема дресирање, туку ти е дадена опција, воспитна која можеш да ја отфрлиш.
Тоа што има различни религии зборува, потврдува дека Бог не се наметнува на Човекот, туку секој народ си гради свој конкретен однос со Него.
Така ниеден човек не е заборавен, запоставен.
Бог,„ Срце смирено и скрушено (слободно што сака) нема да отфрли “(50пс.), без разлика кај се наоѓа, во која форма на религија припаѓа или состојба е, и итн.
Значи немаат само Христијаните привилегија, иако по мене е најконкретен, најслободен, најличносен Однос со Бог.
Затоа останав во Христијанство, инаку вероватно би бил во Ислам или Будизам, Хиндуизам или сеедно каде би барал средба со Оној што ме создал, нормално да знам Зошто? И тоа без да ме праша.
Второ, викаш дека животот без бог резултира со пекол. Значи јас како атеист можам цел живот добри дела да правам и да бидам буквално светец, но само заради тоа што не сум верувал во бог - сепак ќе идам во пеколот? Не ти звучи тоа малце арогантно и себично од страна на твојот бог? Тој значи не се грижи дали јас правам добри дела, тој само сака на него да му се клањам и покорувам па тој после ќе ми врати со добро.
Да, убав заклучок.
Господ не бара од нас послушници, практичари на правила, закони. Ова никако незначи Хаос и Деструкција, напротив слободен однос со Бог и Луѓето.
Јас сакам да бидам со Бог, затоа што ЈАС САКАМ. Ова е тоа што Бог слободно ќе кажам, НЕМОЌНО, Слободно, Љубовно го чека од Човекот.
Моите добри дела не ме прават Светец, туку заедницата, Единството со Светиот, Бесмртниот БОГ.
Инаку и цел морал да го исполнам сите најдобри дела да ги извршам, без заедница со Бог, Јас пак ќе умрам.
Делата, Верата, Науката...незнам што и да сторам без единство со Бог јас НЕПОСТОЈАМ, Тој е причината за моето постоење и само Тој може да го одржи во Вечноста.
Важно: Зошто мислиш дека има потреба ДА МУ СЕ КЛАЊАМЕ, ПОКОРУВАМЕ, ЛИГАВИМЕ...?
Од сево кажаново се гледа дека Тој е најголем Слуга, не држи во Постоење и Нас и Материјата.
Човекот е ништо по својата суштина, зар Бог има задоволство, предизвик, Ништото да му се покори, служи...!? Нон сенс!
Ќе бидам тука брутално искрен...
Дури и сето тоа да беше вистина, дури и да постоеше бог, рај, пекол... Јас ќе одам во пеколот по свој избор. Одбивам да се покорам на еден лицемерен тиранин, одбивам да ја згазам гордоста и достоинството само затоа што тој така рекол. Тој бог што бара од мене да клекнам пред него е истиот бог што дозволува војни да ни се случуваат. Тоа е истиот бог што мене ме остави без родители на 15 години, кога најмногу ми требаа. Радо ќе одам во пеколот, не сакам никаква врска да имам со тоа ѓубре.
Ова што го демонстрираш, сведочи за слободата на Човекот на Бог слободно да му каже, НЕ!
И Јас имам свои страдања, често Му се лутам, имам недоумици итн...
Но искрено гледам и сум уверен дека со ВОСКРЕСЕНИЕТО Бог се ќе реши, проблемот со разделеноста во Времето и Просторот кои не одделуваат од блиските, војните гладот, сиромаштијата...
Та затоа Тој , УМРЕ за да ВОСКРЕСНЕМЕ со Материјата за ВЕЧЕН, БЕСМРТЕН ЖИВОТ ВО СЛОБОДА И ИЗОБИЛИЕ.
На ова слободно со желба велам и потврдувам со АМИН! ( НЕКА БИДЕ ГОСПОДИ)!