PIRATIC
diplomiran klozetar
Ако мислиш “Евреи“ во религиозна смисла, тие поточно се јудаисти, и како што знам, за да си јудаист, треба да си роден како евреин, за разлика од христијанството што можеш да го примиш ако посакаш, а исто и исламот.Тоа е разликата меѓу исламот и христијанството наспроти јудаизмот.
Ако гледаш малце подлабоко, христијаните го почитуваат стариот и новиот завет, али се водат според правилата на новиот завет,односно пишаниот збор од христос. Евреите го негираат христос како месија, и дел од нив мислат дека не е дојден и допрва ќе дојди и се водат по прв завет, додека исламот доаѓа како трет завет, што ги почитуваат и Мојсеј (муса) христос (иса) и третиот пратеник Мухамед а.с.
И целата омраза се создава, нормално околу ова:
Евреинот го негира христос.
Христијанинот го признава Мојсеј и христос, а го негира Мухамед.
Муслиманот го признава Мојсеј,Христос и Мухамед за божји пратеници.
Затоа и има омраза меѓу овие групи на луѓе. Ако гледаме попрецизно,сите се молат на исти бог и нивните свети книги влечат исти корени.
Токму така затоа и се нарекуваат Аврамови/Абрахамски религии сите три: Јудаизам, Христијанство, Ислам ........... всушност тоа е една иста религија во континуитет од скоро 5 илјади години ...... Јудаизмот/Еврејството е првата и најстара монотеистичка религија во светот(скоро 5 илјади години), Христијанството е само продолжение(2012 год.), а исто и Исламот(1400 год.) е продолжение на претходниве две религии !
