Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Тогаш зошто е порачано дека треба да се плашиме од Бог? Ако нема одење во рај, ако рајот е соединување со творецот, зошто е кажано следново:
Матеј 10
28 И не бојте се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку бојте се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот.

Дали за тебе ова не е во контрадикција со твојот став за бог кој не казнува, кој е љубов итн?
Каде виде контрадикција? Бог или те прифаќа или не.
Ако не те прифати, душата ти оди во пеколот каде што и е место.
И доста веќе со тие буквални толкувања.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Каде виде контрадикција? Бог или те прифаќа или не.
Ако не те прифати, душата ти оди во пеколот каде што и е место.
И доста веќе со тие буквални толкувања.
(y) Добар!
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Нема потреба да ги проучувам тие книги. Да имаше било каков доказ или демонстрација за чудо, тоа ќе беше широко спознаен факт и главна вест насекаде.
Всушност, фактот што сеуште во светот се дискутира за валидноста на религиите ја покажува невалидноста на истите.
Зошто нема дискусии за гравитацијата?
Да имаше било каква валидност во светите книги, немаше да има дускусии за истите.
Ај што си лаик за веронаука, лаик си и за наука.
Инаку гравитацијата е една од четирите сили кои најмалку е разјаснета.

Полуписмен човек е полош од неписмен.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Сите копиљаци у денешно време се атеисти. Као, просветлени. Гледале Зајтгајст и знаеле да го листаат Гугл. Шупци!

Атеизам е исто ко религија само што од нејзе профитира некој друг, а не црквата. Атеисти се луѓе кои не се потрудиле да сфатат зашто не чини Дарвин

На светот му треба нова форма на духовно сплотување. Можеби светата црква на Мекдоналдс или Црква на Адидас протестанти или такво нешто...
Верниците, ќе се сложиш, се раја, маса, стадо водено од некој пастир на локално, контролиран од некој Ага на глобално ниво. Свеедно која религија. Меѓу нив ретко има некој што знае во што верува, особено ретко има некој што ја разбира и сака својата религија. Најчесто се традиционални верници.

Атеистите, ќе видиме дали ќе се сложиш, се раја, маса, стадо коешто не е водено од чоек. Туку од Гугл. :) Да не беше Гугл, немаше да има атеисти како што има, зашто рајата не сака да чита енциклопедии и научни трудови. Сака една реченица маскимум или сака сликичка или видео. Нешто брзо за после да може да оговара.

Масовниот атеизам се појави последнава деценија, кога интернетот стана достапен за сите и брзо и лесно употреблив. Пред тоа атеисти имаше на рука да ги броиш, сеа е обратно. Сите копиљаци се атеисти.

Меѓу сите копиљаци, ретко има некој што може да го брани својот атеизам. Особено ако седне со некој кој ја разбира здраво својата религија и нема да се потпира на библиски цитати или на тврдења од куранот, туку на размислувања кои ќе ја оправдаат религијата. Секој „атеист“ и атеист можам да го седнам и да дискутираме здраво и ќе види дека колку што смета дека неговиот атеизам е оправдан, толку е оправдана и мојата вера. Вера во Бог, во Црквата, во Исламот, во Буда, во светиот Мекдоналдс.

Е сеа ќе треба да биде малку спремен на филозофија, а не само на Википедија... ама ако човек не сфаќа дека има повеќе од Гугл, Википедија и Зајтгајст, онда е само глуп „атеист“ и со него не вреди да се дискутира. Уствари вреди, за да се посмееш и да се зафркаваш на нечија сметка, ако тоа те прави среќен.
ГЛОБАЛНО ситуацијата е следна.
Пријателе колку ти е оправдан Атеизмот толку е и верата наша . НЕ ТЕ ПРАВИ ТОА ПАМЕТЕН , воедно пред некој ден покажа дека незнаеш што е метал
Очигледно покажуваш незрелост за своите години со речникот што го употребуваш. Има многу повозрасни па и од тебе што кога биле „копиљаци“ немале ни интернет, ни википедија, ни цајтгајст, а сепак се атеисти.
Дај објасни ако сакаш кој тоа профитира од атеизмот?
Не знам за што сметаш ти дека е атеизам но очигледно, си во заблуда, тоа не е атеизам. Своето верување не можеш да наречеш знаење, и е верување, не можеш да најдеш оправдување во истото. Но твое право е, исто како и на секого.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Нема потреба да ги проучувам тие книги.
Значи не си проучувал ниту една книга за веродостојноста на Библијата, а сепак знаеш дека таа не е веродостојна. И потоа се чудите кога некој ќе рече: „Немам доволно вера за да бидам атеист“ :)

Во ред е човек да не знае одредени работи. Во ред е и да не го интересираат одредени области. Но да збори и со увереност да коментира за работи кај што нема благе везе, тоа не е во ред. Таквиот коментар нема ни валидност, ни кредибилитет.

Да имаше било каков доказ или демонстрација за чудо, тоа ќе беше широко спознаен факт и главна вест насекаде.
Библијата е преведена на илјадници јазици и речиси не постои место на планетава каде што човек не може да најде Библија. Исто така и книгите што ја аргументираат веродостојноста и боговдахновеноста на Библијата се исто така распространети речиси на секаде. Ги има и во печатена верзија, и во електронски верзии, на интернет, особено на англиски јазик - најраспространетиот јазик на планетава

Тоа што луѓето не се интересираат за такви работи, тоа е друг проблем. Ѓаволот пласира илјадници лаги на секоја вистина и ги мати умовите на луѓето со разно разни филозофии и мудрувања. Сепак Библијата е бестселер на сите времиња, во секоја генерација без конкуренција. Очигледно е актуелна и има во неа нешто што го нема во другите книги.

Патем, ме интересира, според тебе како би требало да изгледа доказот дека Библијата е дело на Бог? Што е тоа што кога би го видел, прочитал, допрел и сл. би те убедило дека таа е навистина дело на Бог?
 
С

Само Човек

Гостин
Ајде сега друго прашање до рисјаните (кој сака нека повели, сакам да читам различни размисли):
יִרְאַת יְהוָה, רֵאשִׁית דָּעַת; חָכְמָה , אֱוִילִים בָּזוּ
Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката.

Како прво: кој вака „добро“ преведува?
Како второ: знае тој некој што преведува или доволно е да верува дека знае што преведува?
Трето: Дали некогаш сте се посомневале во преводите на вашите свети книги?

דָּעַת во превод не значи мудрост, христијани!
Ако сакате да имате חָכְמָה или на македонски Мудрост, која е многу различна од човечковото знаење и мислење дека тоа е мудрост, заборавете на דָּעַת.

Значи вие ја презирате Мудроста за да се пените и силите со човекото разбирање на божественото, со страв потикнат од разумот човечки и заради тоа дозволувате да бидете будали и не дозволувате никој да ве поучи?
Дали некој од вас знае што значи פחד на македонски и како го објаснуваат евреите?

Дали може некојда ми објасни за каков страв се зборува во овој стих од стариот завет?
Што се обидваш да направиш,
Прво нема פחד значи ужас објект на ужас и го нема во горниот цитат.
Второ דָּעַת не е мудрост точно, туку е учи, предавам, извршува
Трето חָכְמָה е мудрост,а истиот збор се користи и за вештина во војна
Не се сомневаме:D
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Што се обидваш да направиш,
Прво нема פחד значи ужас објект на ужас и го нема во горниот цитат.
Второ דָּעַת не е мудрост точно, туку е учи, предавам, извршува
Трето חָכְמָה е мудрост,а истиот збор се користи и за вештина во војна
Не се сомневаме:D
Се обидувам да ве натерам да истражувате наместо да верувате слепо и да, секој нов дојденец да види како одговарате на прашања, нормално. Тоа се обидувам.

Па не е мудрост דָּעַת тоа и јас го велам но така е преведено, како мудрост! :) Ме читаш ти мене?
И не реков дека го има פחד во стихот, јас само прашав.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Библијата е преведена на илјадници јазици и речиси не постои место на планетава каде што човек не може да најде Библија. Исто така и книгите што ја аргументираат веродостојноста и боговдахновеноста на Библијата се исто така распространети речиси на секаде. Ги има и во печатена верзија, и во електронски верзии, на интернет, особено на англиски јазик - најраспространетиот јазик на планетава
Многу интересно. Она што го негираше за циркуларната логика, сега го нудиш како аргумент..... бравос
Значи библијата сама по себе е доказ дека е „божја“? Или.....?
Од толкуте „силни“ аргументи дека е, ајде еве приложи ти некој
 
С

Само Човек

Гостин
Очигледно покажуваш незрелост за своите години со речникот што го употребуваш. Има многу повозрасни па и од тебе што кога биле „копиљаци“ немале ни интернет, ни википедија, ни цајтгајст, а сепак се атеисти.
Дај објасни ако сакаш кој тоа профитира од атеизмот?
Не знам за што сметаш ти дека е атеизам но очигледно, си во заблуда, тоа не е атеизам. Своето верување не можеш да наречеш знаење, и е верување, не можеш да најдеш оправдување во истото. Но твое право е, исто како и на секого.
точно, затоа гледај кон кого е упатено мисњето. Тоа што сум верник не ме прави погуплав нути пак тебе атеизмот те прави попаметен. Тоа сакав да му го доловам на членот кој метал незнае што е.
Мислењето е само кон тој член. СМИР
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
точно, затоа гледај кон кого е упатено мисњето. Тоа што сум верник не ме прави погуплав нути пак тебе атеизмот те прави попаметен. Тоа сакав да му го доловам на членот кој метал незнае што е.
Мислењето е само кон тој член. СМИР
Ок е што беше до него упатено. Но кажа и некои генерални работи. И затоа би те замолил да се изјасниш по истите. Поздрав
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Во стихот не се вели - непријател на човекот ќе биде чинот на неговите домашни, туку вели:
36 и непријатели на човекот ќе бидат неговите домашни.
37 Кој го љуби таткото или мајката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој го љуби синот или ќерката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене;
Премногу е јасно, чинот го врши личноста, делото се осудува, а на оној што го врши му се простува.
Христијанската љубов е над некакви правила, калкулации, пресметки....
Едноставно љубиш, нема зашто нема затоа.
Тогаш зошто е порачано дека треба да се плашиме од Бог? Ако нема одење во рај, ако рајот е соединување со творецот, зошто е кажано следново:
Матеј 10
28 И не бојте се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку бојте се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот.

Дали за тебе ова не е во контрадикција со твојот став за бог кој не казнува, кој е љубов итн?
Нема контрадикција, примарно зависиме од Апсолутот и со ништо создадено не се заменува.
Секоја замена внесува страв во човекот, не зошто Бог го плаши, туку зашто се соочуваме со ништавилото.
Уште еднаш да потсетам библијата неможе да ја разбереме без нејзиниот автор, Црквата(Бог и Човекот).:)
 
С

Само Човек

Гостин
Се обидувам да ве натерам да истражувате наместо да верувате слепо и да, секој нов дојденец да види како одговарате на прашања, нормално. Тоа се обидувам.

Па не е мудрост דָּעַת тоа и јас го велам но така е преведено, како мудрост! :) Ме читаш ти мене?
И не реков дека го има פחד во стихот, јас само прашав.
יִרְ אַ ת e страв од , убаво читко цитирај
се сложувам со грешката у превод во некои преводи, но не е некоја грешка знаење стои прво,после мудрост, и двата постојат
Правилно од она што јас го знам од старохристијански би било
Стравот од Јахве е почеток на учење,мудрост, и опомена за будалaта кој презира мудрост.
.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Библијата е преведена на илјадници јазици и речиси не постои место на планетава каде што човек не може да најде Библија.
Библијата е преведена на 450 јазици
Хритијаните имаат обичај да преувеличуваат и придодаваат така да млада обична жена Марија ја направија девица, од Исус кој бил обичен човек и бунтовник против Рим направија син божји и спасител на цел свет, од еден бог направија 3....
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Библијата е преведена на 450 јазици
Хритијаните имаат обичај да преувеличуваат и придодаваат така да млада обична жена Марија ја направија девица, од Исус кој бил обичен човек и бунтовник против Рим направија син божји и спасител на цел свет, од еден бог направија 3....
За оној што незнае за Бог, нормално се е преувеличено.o_O
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom