Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.123
Христијанину...
И онтологијата, и смртта и љубовта ти ја објаснивме, но ти знаеш само за христијанска љубов, за другото си полн како што гледам со омраза и дриблање во место.

Ако можеш да ги одговориш прашањата одговори ги... реков и да одговориш и да не одговориш, нема ни за влакно да промениш нечиј став за твојата вера.

И да, знам знам... библијата е полна со толкувања! Знам за тоа... само договорете се помеѓу вас дали има или нема.. .бидејќи за некои има толкувања, за некои е во буквална смисла... па некои признаваат едно, други друго..
Средете го тоа, па потоа околу библијата...

Доста со тебе, доволно потрошивме! Твоите одговори поеќе се занимаваат со Хептаграм XI отколку со христијанството.

Ајде сега друго прашање до рисјаните (кој сака нека повели, сакам да читам различни размисли):

יִרְאַת יְהוָה, רֵאשִׁית דָּעַת; חָכְמָה וּמוּסָר, אֱוִילִים בָּזוּ
Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката.

Како прво: кој вака „добро“ преведува?
Како второ: знае тој некој што преведува или доволно е да верува дека знае што преведува?
Трето: Дали некогаш сте се посомневале во преводите на вашите свети книги?

דָּעַת во превод не значи мудрост, христијани!
Ако сакате да имате חָכְמָה или на македонски Мудрост, која е многу различна од човечковото знаење и мислење дека тоа е мудрост, заборавете на דָּעַת.

Значи вие ја презирате Мудроста за да се пените и силите со човекото разбирање на божественото, со страв потикнат од разумот човечки и заради тоа дозволувате да бидете будали и не дозволувате никој да ве поучи?
Дали некој од вас знае што значи פחד на македонски и како го објаснуваат евреите?

Дали може некојда ми објасни за каков страв се зборува во овој стих од стариот завет?
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката.
Е не - Прави што сакаш.
Изгледа некој го откри ГооглеТранслате?(y)
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018

Бре полека, само накратко во твој стил ти се обратив, и гледај како се критикуваш: полн со омраза и дриблање во место!?:confused:
Колку можам или неможам одговарам, разговарам, не сфаќај наметнување, тоа што ти се обраќам е вероватно што и ти ми се обраќаш.
Хептаграм е конкретна личност, барем се надевам, не е нешто безлично?
Дали ќе променам нечиј став? Што си толку осетлив на својата слобода, па дури и индиректно?! Интересно.
Јас досега што трошев со тебе, па нека е во слава на Бога, нежалам.
Напротив Хептаграм е насекиран за Христијанството, наместо за себе. Ова го ценам.:love:

Ајде сега друго прашање до рисјаните (кој сака нека повели, сакам да читам различни размисли):

יִרְאַת יְהוָה, רֵאשִׁית דָּעַת; חָכְמָה וּמוּסָר, אֱוִילִים בָּזוּ
Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката.

Како прво: кој вака „добро“ преведува?
Како второ: знае тој некој што преведува или доволно е да верува дека знае што преведува?
Трето: Дали некогаш сте се посомневале во преводите на вашите свети книги?

דָּעַת во превод не значи мудрост, христијани!
Ако сакате да имате חָכְמָה или на македонски Мудрост, која е многу различна од човечковото знаење и мислење дека тоа е мудрост, заборавете на דָּעַת.

Значи вие ја презирате Мудроста за да се пените и силите со човекото разбирање на божественото, со страв потикнат од разумот човечки и заради тоа дозволувате да бидете будали и не дозволувате никој да ве поучи?
Дали некој од вас знае што значи פחד на македонски и како го објаснуваат евреите?
Дали може некојда ми објасни за каков страв се зборува во овој стих од стариот завет?
Незнам од кај ти е цитатов?
Но еве оригинален:

Јас ја фалам и целивам таа мудрост, со која се прославиле малите, за која се претпочитани понижените, со која рибарите ја уловиле во мрежата на Евангелието целата вселена, откако ја победиле шупливата мудрост со кусо и совршено слово! За мене не е мудар оној, кој е мудар на зборови, кој има превртлив јазик, кој има недобродетелна душа, кој приличи на гроб, однадвор благообразен и убав, а внатре полн со мртви коски и крие страшна смрдеа, а оној, кој, макар и малку да говори за добродетелта, меѓутоа, многу покажува на дело и со својот живот го потврдува своето слово. За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а да се посведочува на дела, зашто е речено: „Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат“ (Псал. 110, 10), а не кои само ја проповедаат. Најверното испитување на таа мудрост е времето, а вистинскиот „венец на слава“ е - „староста е венец на славата, таа води по патот на правдата“ (Изрек. 16, 31).
Св. Григориј Богослов
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.123
Не знаеш од каде е цитатот или сега ќе се шегуваме :) Тоа твоето не е оригиналот. Полека со „оригинали“ ;)

И ете некој „преведувач“ пак зборот Знаење го тупнал како Мудрост. Но ете Глигорчо убаво вели како што реков и јас: сакам мудрост, која не сјае на зборови, а да се посведочува на дела.
Зборовите се дело на Разумот кој е далеку од Мудроста што ја објаснува Глигорчо и се поблиску до Знаењето а со тоа и до свесниот страв.

Ок, сеуште важи прашањето за цитатов погоре, да даде некој рисјанин свое видување, некој од друга христијанска црква, не мора православната, та не се саде тие, нормално, ако сака некој поупатен нека ми одговори...

liberij , не се грижам за христијанството, туку се водам со она: Човештвото пред се.
 
Член од
26 мај 2012
Мислења
41
Поени од реакции
37
Јас се извинувам што се вмешувам неповикан, но како може страв од било што да биде почеток на Мудрост?

Некако чудно ми звучи ова. Стравот секогаш ствара суштества кои паничат, и кои не можат рационално да размислат...

Мене се ми се чини дека тој страв од Бог потоа само се пресликувал во страв од владетелот, а мудроста станувала ропска покорност...
 
Стравот човекот природно го чувстува заради својата создадена природа, тоа е егзистенцијален аспект.
Во заедницата со Бог тоа се надминува како стравопочит, т.е. креирање слободен однос, кој подразбира почит кон другиот, т.е. страв да не го прекинеш, повредиш тој однос.
Тоа е слободен, љубовен однос.
А во Љубовта нема Страв.
--- надополнето: 26 мај 2012 во 15:07 ---
А мудроста произлегува од умешноста да се сочува љубовниот однос токму преку тој љубовен страв.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Некако чудно ми звучи ова. Стравот секогаш ствара суштества кои паничат, и кои не можат рационално да размислат...
Соломон не мислел на таков паничен страв каков што се јавува кога ќе те нападне мечка во шума, туку на страв што на наш јазик можеби подобро е да се преведе како стравопочит.

А на кој начин може стравот кон Бог да биде почеток на мудроста/знаењето (не се мисли на математика, физика, туку на познавањето на духовните и моралните вистини) прочитај ја целата книга на Соломон (Во Библијата позната како Изреки, Пословици или Поговорки на Соломон)
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Каков булшит се имам начитано во темава, боже мили...
А пред скоро пола декада си ветив себеси дека нема да навлегувам веќе во дискусии околу религијата оти по секоја дискусија почитта кон верниците ми се намалува но кога некој е толку, толку уназаден - не можеш да одолееш на нагонот да му ги отвориш очите. Од милостина чисто...

Се чувствувам како да зборувам за нуклеарна физика со 5-годишно дете. Толку неукост, толку неразбирање, толку инфантилност во еден возрасен човек побудува едно единствено чувство во мене - тага.
 
С

Само Човек

Гостин

е ај отвори ни го очите на нас назадените, глупавите,неуките и објасни ни како со вртење на два круга се образуваат 360 степени, на регионални кога одев учевме дека два круга се 720 степени
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.123
Е не - Прави што сакаш.
Изгледа некој го откри ГооглеТранслате?(y)
Па јас сега те видов тебе дека нешто мешаш станици...

Сонце, Прави што ти е волја не значи прави што сакаш. Да ти појасни Хептаграм тебе малку ;)
Марш на темата телема да научиш што е што за да коментираш подобро со сарказам и подбивност во иднина. Не вака...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
е ај отвори ни го очите на нас назадените, глупавите,неуките и објасни ни како со вртење на два круга се образуваат 360 степени, на регионални кога одев учевме дека два круга се 720 степени

Епа требало да одиш на меѓународни, за да го знаеш ова:P
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Непријател е чинот а не личноста. Значи нема омраза кон никого.
Во стихот не се вели - непријател на човекот ќе биде чинот на неговите домашни, туку вели:
36 и непријатели на човекот ќе бидат неговите домашни.
37 Кој го љуби таткото или мајката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој го љуби синот или ќерката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене;

Нема одење во рај, или сме со Бог или не, тоа е рај и пекол, дури и најблиските не може, а и не треба да ги натераме да бидат во оваа заедница насилно.
Ако го сториме тоа насилно и за најблискиот, дали тоа е за него рај, што мислиш?
Дури и роденото дете, кога ќе порасне неможам да го задржам со себе, кога несака, нели, оди бара др. личност гради нова заедница или прави што сака, и сум задоволен што е жив.
Тогаш зошто е порачано дека треба да се плашиме од Бог? Ако нема одење во рај, ако рајот е соединување со творецот, зошто е кажано следново:
Матеј 10
28 И не бојте се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку бојте се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот.

Дали за тебе ова не е во контрадикција со твојот став за бог кој не казнува, кој е љубов итн?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Може ги има многу, но нема ниту еден доказ дека тие се дело на библискиот Господ.
Од каде знаеш? Дали ти си ги проучил тие книги? Си прочитал ли барем една од тие книги?
 
С

Само Човек

Гостин
Каков булшит се имам начитано во темава, боже мили...
А пред скоро пола декада си ветив себеси дека нема да навлегувам веќе во дискусии околу религијата оти по секоја дискусија почитта кон верниците ми се намалува но кога некој е толку, толку уназаден - не можеш да одолееш на нагонот да му ги отвориш очите. Од милостина чисто...

Се чувствувам како да зборувам за нуклеарна физика со 5-годишно дете. Толку неукост, толку неразбирање, толку инфантилност во еден возрасен човек побудува едно единствено чувство во мене - тага.
Сите копиљаци у денешно време се атеисти. Као, просветлени. Гледале Зајтгајст и знаеле да го листаат Гугл. Шупци!

Атеизам е исто ко религија само што од нејзе профитира некој друг, а не црквата. Атеисти се луѓе кои не се потрудиле да сфатат зашто не чини Дарвин

На светот му треба нова форма на духовно сплотување. Можеби светата црква на Мекдоналдс или Црква на Адидас протестанти или такво нешто...
Верниците, ќе се сложиш, се раја, маса, стадо водено од некој пастир на локално, контролиран од некој Ага на глобално ниво. Свеедно која религија. Меѓу нив ретко има некој што знае во што верува, особено ретко има некој што ја разбира и сака својата религија. Најчесто се традиционални верници.

Атеистите, ќе видиме дали ќе се сложиш, се раја, маса, стадо коешто не е водено од чоек. Туку од Гугл. :) Да не беше Гугл, немаше да има атеисти како што има, зашто рајата не сака да чита енциклопедии и научни трудови. Сака една реченица маскимум или сака сликичка или видео. Нешто брзо за после да може да оговара.

Масовниот атеизам се појави последнава деценија, кога интернетот стана достапен за сите и брзо и лесно употреблив. Пред тоа атеисти имаше на рука да ги броиш, сеа е обратно. Сите копиљаци се атеисти.

Меѓу сите копиљаци, ретко има некој што може да го брани својот атеизам. Особено ако седне со некој кој ја разбира здраво својата религија и нема да се потпира на библиски цитати или на тврдења од куранот, туку на размислувања кои ќе ја оправдаат религијата. Секој „атеист“ и атеист можам да го седнам и да дискутираме здраво и ќе види дека колку што смета дека неговиот атеизам е оправдан, толку е оправдана и мојата вера. Вера во Бог, во Црквата, во Исламот, во Буда, во светиот Мекдоналдс.

Е сеа ќе треба да биде малку спремен на филозофија, а не само на Википедија... ама ако човек не сфаќа дека има повеќе од Гугл, Википедија и Зајтгајст, онда е само глуп „атеист“ и со него не вреди да се дискутира. Уствари вреди, за да се посмееш и да се зафркаваш на нечија сметка, ако тоа те прави среќен.
ГЛОБАЛНО ситуацијата е следна.
Пријателе колку ти е оправдан Атеизмот толку е и верата наша . НЕ ТЕ ПРАВИ ТОА ПАМЕТЕН , воедно пред некој ден покажа дека незнаеш што е метал
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Од каде знаеш? Дали ти си ги проучил тие книги? Си прочитал ли барем една од тие книги?
Нема потреба да ги проучувам тие книги. Да имаше било каков доказ или демонстрација за чудо, тоа ќе беше широко спознаен факт и главна вест насекаде.
Всушност, фактот што сеуште во светот се дискутира за валидноста на религиите ја покажува невалидноста на истите.
Зошто нема дискусии за гравитацијата?
Да имаше било каква валидност во светите книги, немаше да има дускусии за истите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom