Имам проблем со режач PHILIPS незнам точно која марка. Проблемот е што не чита DVD цедеа, а порано ги читаше малку потешко и едно цеде го режаше 2 па и повеќе часа, а кога ставам обично CD без никаков проблем го чита и режа. Како што реков порано читаше некако и режаше едно DVD по 2+ часа, но кога го носев на форматирање лани еднаш пробав да изрежам DVD и нормално го изрежа, но по некое време повторно се појави стариот проблем. Ај тоа што не режа не режа помирен сум, но сега ставам DVD да го форматирам не сака воопшто да го чита, а се работи за оригинал Windows 7 DVD купено од Microsoft, пробав и со други DVD и пак нејќеше да ги чита.
Има ли некој спас барем да можам да го форматирам па после лета од Килиманџаро надоле, зашто компјутерот ми е ултра спор незнам што му се деси.