За нас, мал е проблемот со Грција како држава. Слаба е како административна структура бидејќи нема внатрешна кохезија, ако мислите дека ние во Македонија имаме полтички пролеми гледај ги нив какви се...
Малку поголем е проблемот со Грчкото лоби, и по квантиет и по квалитет. Тие не само што се гласачи (кванитет) туку и се лобисти-спонзори (квалиет) за странските политичари.
Горните два проблеми се решливи и можеа, реално, да се надминат за овие 20 години и тоа во наша полза.
Проблемот е во НАТО како институција, како политичка целина, сојуз. Еве гледајте го како индивидуа. Или како мешавина на САД, Англија, Франција и Германија но со едно лице и тело.
НАТО како такво не може да си дозволи абсорпција на Македонија на рамноправна основа со Грција и Бугарија (дури и Албанија до некој степен) во своете тело. Тоа треба да се сфати. Разликите што ги имаме со овие држави околу интерпретацијата на поновата историја се непремостливи. Нашето национално битие се основоположи во добар дел на непријателските политики на овие соседни нации кон нас! Не постои ниеден преговарачки процес, никаква помирувачка дејност, никаков метод за премостување на овие историски разлики без да се чепка во зачетоците и националните митови на многу народи на балканот. Дури и Турците својата понова историја ја почнале во Македонија!
Ова горе мора да се сфати првин. НАТО не може да си дозволи додавање на нерешливи конфликти од типот на Македонија во своите редови.
Точка. Толку е приказната, ни помалку ни повеќе. Не е името туку севкупноста на постоење на македонската нација, од Ѓорѓи Пулески - ма какви уште од Карпош - па навака што е основна пречка во евроалтлантските интегративни процеси. Ако смениме име, иако нема никогаш да се согласиме со наметнатите решенија од Грција (ќе се погрижат за тоа), ќе стави вето Бугарија. Ако не тие тогаш Албанија итн. За да влеземе во НАТО, не треба само името да го смениме туку и да ги преиначиме учебниците по историја, да бришеме институции, академии итн. Со што ќе го замениме сето тоа? Па дури и тука ќе нема единство меѓу балканските нации да ни ја пишуваат тие историјата, по којзнае кој пат, онака заеднички да не силуваат нема да се согласат кој која дупка да ја земе. Можда пак војни ќе избувнат токму заради тоа (еве ти нов аргумент на наша страна: ние не можеме да менуваме име од безбедносни причини).
НАТО тоа го знае и мислам дека дури и не поттикнува или да се распаднеме или да се припоиме кон некој друг зошто така самиот НАТО ќе е посилен. Понекогаш, на воениот сојуз му требаат и непријатели за да си го оправда постоењето.
Затоа всушност преговорите се само маска за да не се донесе работата на нож. Исто и Хашката пресуда е алиби за да се покаже дека сме ги исцрпиле сите можности - на наша иницијатива - и следствено на народот самиот да му стане јасно ова горе што го пишувам. Токму затоа и Груевски, на јасен и недвисмислен начин во интервјуто за МИА, кажува дека НАТО е проблемот а не Грција.
НАТО нема да си дозволи да ја изгубат Грција или Бугарија само за да не примат нас. Работата во ЕУ е малку поинаква но во основа се истите пречки.
Мене ми се чини дека ќе треба да си го бараме спасот на друг начин. НАТО и ЕУ остануваат партнери ама и непријатели заради членките Бугарија, Грција и во некој даден момент и Србија. Можеби треба да се припоиме на Швајцарија како нов, off-shore, кантон.