PurplePuma девојче тотално си аут од темата

Немора сегде да коментираш ако не си баш запознаена. Од наша гледна точка коментариве ти се смешки, како јас да се вклучам во муабет за филозофија/религија/астрологија...

Тотално си оф-топик со твоите постови.
Темата е во навивачки потфорум и кога ќе се спомне девојки на трибина, се мисли на навивачка трибина.
Околу темава, се согласувам со мислењето на DracevoTheCity.
Изминативе години на запад се смениле многу девојчиња. Воглавно помали во последниве години. Некоиу од нив почнале да доаѓаат ради другари, други ради дечковци, некои за да станат поголеми фраерки во маало итн.
Секоја година различни женски се главни фацки на трибина

Една година една група на женски иде, друга година друга група, трета трета група...
Затоа и не се оформила некоја женска подгрупа.
За разлика од нас, ЦПБ и Кумани имаат и женски подгрупи. Девојките од Куманово не ги знам баш, али со овие од овде сум добро запознаен

Горе-доле и тие од исти причини доаѓаат на трибина, има и некои подолго време што одат и одат ради клубот, али повеќето се со гореспоменатите мотиви.
Имам две од блиска населба што одат во City park bitches и знам дека врска си немаа од спорт до лани. Али почна мобилизации ау шијем ти га Ѓуро и не се одвојуваат од маиците ЦПБ. Почнаа ради друштво да идат, а не верувам дека уште долго ќе идат на трибина
Се случува кај нас да дојде и некое женско од постарите генерации на Комити. Е тоа се прави навивачки

Поранешни панкерки, скинерки итн...

Таа една пееше колку пола трибина заедно

Одеше со нас на гостувања во последниве две сезони, а верувам дека и во тепачка прва ќе одеше да се тепа.
Бар кај нас на трибина нема никаква дискриминација. Вратите за женските навивачки се секогаш отворени.
Али Македонија е земја со многу прост народ и дебилни размислувања, така да повеќето ќе ги етикетираат како бештии како наркоманки итн.
Највеќе ме нервира што мислат дека ние идеме на утакмица да кршиме нешто ЛОЛ
И кога на дерби ќе дојдат некои прв пат што идат, мислат дека треба да се корнат столчиња, да се пие како луд, да правиш глупости...
Затоа ми иде сите до еден на шамари да ги дигнам.