Каде отидоа пријателите на Македонија?

Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Локација
Erusalim
0111CA40FDC11A4D991FC34707E9829F.jpg

Бивши функционери бараат прием на Македонија во НАТО, актуелните одбиваат да не' стават на агендата
Слободанка Јовановска

Има ли Македонија пријатели меѓу странските држави и дали е навистина несакано дете на Европа, како што изјави еднаш премиерот Никола Груевски? Каква е користа за државата ако јавно и грубо се прави листа на земји што ја сакаат повеќе Грција? Точна ли е констатацијата дека САД ја смениле страната, па сега се поблиску до позицијата на Атина? Кој застана зад Македонија во Чикаго и зошто тие пријателства немаа тежина да го сменат исходот?

Вакви и слични прашања се намножија по интервјуто на премиерот и по информациите дека на самитот само Турција, Унгарија, Канада, Холандија и Словенија од 28 земји членки застанале зад барањето да се отвори прашањето за приемот на Македонија. Колку и да се ценат поддршките што во лавина дојдоа пред самитот, не може да не се забележи дека поканата за Македонија ја фаворизираа главно бивши функционери и аналитичари поблиску до терминот лобисти, а од актуелните функционери стигаа само пораки дека ќе не' нема на агендата.

Според Стево Пендаровски, Чикаго покажал дека единствен пријател на Македонија сега е Турција, и дека билатералните односи со САД се на историски минимум, односно не биле полоши никогаш досега. Тој смета дека власта изгубила пристап до коридорите на моќта во Вашингтон, па и нашата дијаспора, која нема контакт со администрацијата на Барак Обама.

„Ние со клучните играчи во САД и во Европа немаме односи. И германската канцеларка Ангела Меркел е поблиску до грчката отколку до македонската позиција околу спорот, а во оваа земја Социјалдемократската партија има помакедонски став околу демохристијаните, кои се сродна партија на ВМРО-ДПМНЕ. Немаме никакви контакти и со Франција, а сакаме да го решиме спорот“, коментира Пендаровски со оценка дека премиерот бара пријатели главно меѓу оние кои во своите држави владеат на сличен начин како во Македонија и не го критикуваат“. Премиерот ја навреди ЕУ по заклучокот на самитот, сега го откачи НАТО. По вакви изјави најлогично е да ги повлече војниците од Авганистан, коментира тој, заклучувајќи дека сепак пораките не се за надвор, туку за домашниот аудиториум. Потсети дека за Македонија и во минатото се носеле тешки и неправедни одлуки, но не се сеќава дека претседателот Киро Глигоров по Лисабонската декларација или некој друг по друг повод излегол со вакви навреди и емоции. На тоа каде ќе оди Македонија по самитот, тој нема дилема и вели „никаде“.

„Нема да оди никаде. Ќе стои на место. Владата нема алтернативен план, ни за Русија, ни за Кина... Само ќе глуми дека оди во различни насоки, дека соработува со светот“, вели Пендаровски.

Суад Месини, пак, се согласува со изјавата на премиерот дека САД и' се пријатели за Грција, но тоа според него не исклучува дека се пријатели и на Македонија. „Клучната неспособност на премиерот е да сфати дека работите не се црно-бели како што ги преставува и дека не може да очекува САД да фатат страна во спорот и да ги нарушат принципите. Ние храниме нереална слика за нас самите, како да сме ангели. Дека сите сме убави, по манекенски писти одиме, секаде злато копаме... нешта што немаат врска со реалноста. Не гледам зошто САД би си направиле проблем во Алијансата со тоа што нас би ни одработиле нешто кога ние малку се трудиме, колку и да е Грција лош сојузник“, прашува Месини. Според него, големата нервоза што се појави пред Чикаго ќе остане и натаму и може да се зголеми, без оглед што сите беа свесни каков ќе биде резултатот.

Впечатокот дека САД ни се непријатели, според Денко Малески, произлегува од убедувањето дека тие се семоќни, но ете не сакаат да го решат проблемот во наша корист. „Се разбира, доведена до апсурд, оваа теза е исправна. Зашто САД можат, во крајна линија, да ја нападнат Грција и да ја принудат да не' признае под уставното име. Меѓутоа, само некој кој не ја знае азбуката на меѓународната политика може вака да размислува“, вели тој. Според него, интересот на големата сила не е да се заплетка во проблемите на една мала држава и поради тоа да завојува со трета држава. Максимум што може да се очекува е да ги земе предвид и нашите позиции, но ако се притисне да избира „или-или“, ќе ја одбере земјата со која ја врзуваат посилни интереси. „Впечатокот дека Америка ни е непријател произлегува од отсуство на знаење за опасните мориња на светската политика во која пливаат и китови и сардини. Малку повеќе знаење и малку повеќе паметење ни кажува дека токму со поддршката на Америка станавме самостојна држава“, вели Малески. И тој очекува насоката во која ќе се движи Македонија по Чикаго да остане иста, барем до мандатот на оваа влада и претседател.

„Перцепцијата кај граѓаните дека во Чикаго на Македонија и' е направена уште една историска неправда од страна на големите сили го активира чипот всаден одамна во историјата во свеста на Македонецот. Врз оваа доминантна, а денес веќе искривена свест, ќе продолжи да опстојува политиката на сегашната влада. Всушност, според универзалното правило дека што поголем отпорот кон надвор, посилен аплаузот дома, отпорот не само што ќе продолжи, туку ќе мора да се зголемува во наредните години. Меѓутоа, резултат од ваквата политика ќе биде создавање нови конфликтни ситуации кои можат да ја дестабилизираат земјата“, порача Малески.
--- надополнето: 23 мај 2012 во 07:31 ---
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1720F4FA88AE1943BE8B4653ED6E0ED1
 
Абе Охриѓанче, десет никови смени, но не заборави на ден да отвориш по пет теми :)
Иначе за темава ќе ги искористам зборовите од нашиот премиер кој вели: Нас ни се пријатели, но на Грција и се поголеми пријатели.
 
Ниту едни не ни се пријатели,исто како меѓучовечката интеракција ако имаат корист од нас ќе ни се пријатели ако не нема да се! Незнам САД сега каква улога има но земајќи предвид дека Обама е половина Грк ....мислам све е кажано!
 
Пијател ни беше само Буш..мислам дека искрено сакаше да ни помогне..ама кутриот од што беше глуп и него го издриблаа Грците.
--- надополнето: 23 мај 2012 во 12:50 ---
Абе Охриѓанче, десет никови смени, но не заборави на ден да отвориш по пет теми :)
Иначе за темава ќе ги искористам зборовите од нашиот премиер кој вели: Нас ни се пријатели, но на Грција и се поголеми пријатели.

Zaptija ?
 
Кај отидоа кај отидоа, кој по мочање кој по серење,кој на пиво, кој на кафе,кој имал работа неможел да дојде,кој му дошле гости.
Лоши времиња дојдоа сите презафатени,со пријателите не можеш да си се видиш.
 
Мојот прадедо велел: Македонија може да смета само на Турција.
Кога се распадна Југославија, Македонија беше како мало дете и од сите страни се закануваа да се степаат за тоа кој има право на Македонија.
Тогаш се огласи Турција, мислам дека беше нивниот премиер, кој кажа: Ако кој било од соседите ја нападне Македонија, Турција ќе биде прва што ќе испрати војска за да ја брани.

Ние и после 20 години се однесуваме како мали деца. Пријателите не ги препознаваме, а газот го лижеме на оние што имаат најубава топка.

Се разбира, за нашето ниско реноме особено придонесуваат новинарите и претставниците на НВО-ата кои сите кавги дома ги пласираат надвор, па и она што некој мислел да ни го даде, ни го ускратува.

Јас сум релативно кратко време излезена од Македонија, но една година ми беше доволан да сфатам како функционираат и како размислуваат Европејците.
Нашите нашетани мајмуни веројатно одат во странство само да се сликаат и да си закачат слика на фб. И да си ги купат парталите од Ха унд Ем.
 
Стево Пендаровски и Денко Малески. Добар обид, ама џабе. Официјален став без изјава на Црвенковски не бива. А тој мудро молчи. :D
 
Абе Охриѓанче, десет никови смени, но не заборави на ден да отвориш по пет теми :)
Иначе за темава ќе ги искористам зборовите од нашиот премиер кој вели: Нас ни се пријатели, но на Грција и се поголеми пријатели.


offtopic od kade idejata deka sum ohriganec koa sum prilepcanec a :) ???
drugo, od kaj 5 temi na den o_O ???, aktiven sum samo na religija temite i na politika, poveke komentiram nego li sto postiram temi.
tuku koa ja otvarame temava od kade si ma ti prijatelke a :) ???
on topic po temava abe loso te uce premiero prijatelstva ima samo od interes i nisto drugo !!!
--- надополнето: 23 мај 2012 во 16:46 ---
Пијател ни беше само Буш..мислам дека искрено сакаше да ни помогне..ама кутриот од што беше глуп и него го издриблаа Грците.
--- надополнето: 23 мај 2012 во 12:50 ---

ne bi rekol bas !!
sepak 2 mandati otera bus se ocekuvase negova smena retko koj presedatel tera po 3 mandat
ali Bus bese i ostana veren prijatel na Makedonija, ali blagodareni na Boris Trajkovski !!!
--- надополнето: 23 мај 2012 во 16:47 ---
Тука нема пријатели, тука има само интереси!

kratko i jasno !!!
e za tie interesi treba dobro da se ispotime.
--- надополнето: 23 мај 2012 во 16:52 ---
Стево Пендаровски и Денко Малески. Добар обид, ама џабе. Официјален став без изјава на Црвенковски не бива. А тој мудро молчи. :D

ako otvarame muabet od intelektualen aspekt samo 2 priznavam Denko Maleski i
175500ABEC9A1D4DAC6110EC823A1134.jpg
je arogantno kopile ali brate bidi intelektualno jak pa bidi kopil :cool:
Stevo Pendaroski e dobar ali ima uste za ucenje.
od vlasta
getImageThumbnail.axd
toni Deskovski profesor, koj dobro ja poznava diplomatijata (y)
 
Не го спорам интелектуалниот капацитет на двајцата, сепак кариерата зад нив го потврдува. Само, доколку од улога на опозиција сакаш да спориш став на власт има правила. За изјава на премиер по дефиниција негодување треба да изрази лично шефот на опозицијата. Така ќе бидат сфатени сериозно и тоа ќе личи на официјален став.
 
Не го спорам интелектуалниот капацитет на двајцата, сепак кариерата зад нив го потврдува. Само, доколку од улога на опозиција сакаш да спориш став на власт има правила. За изјава на премиер по дефиниција негодување треба да изрази лично шефот на опозицијата. Така ќе бидат сфатени сериозно и тоа ќе личи на официјален став.


офф топик !!!
никаде во светот не постојат правила барем колку сто ми е мене познато во земјите Каде се декларира Демократија да се забране да се искаже сопственото мислење, А (ако зборуваме од аспект на тежина или каков импакт ќе има тоа на пример на власта, тоа е друга работа, сепак и тогаш не би се сложил со идејата водачите на партиите да го имаат завршниот збор..
Сепак кога по одередени безбедносни или надворешно политички прашање се слуша експертско мислење не партиско.
Но да се вратиме на темава .
--- надополнето: 23 мај 2012 во 17:08 ---
Мојот прадедо велел: Македонија може да смета само на Турција.
Кога се распадна Југославија, Македонија беше како мало дете и од сите страни се закануваа да се степаат за тоа кој има право на Македонија.
Тогаш се огласи Турција, мислам дека беше нивниот премиер, кој кажа: Ако кој било од соседите ја нападне Македонија, Турција ќе биде прва што ќе испрати војска за да ја брани.

Ние и после 20 години се однесуваме како мали деца. Пријателите не ги препознаваме, а газот го лижеме на оние што имаат најубава топка.

Се разбира, за нашето ниско реноме особено придонесуваат новинарите и претставниците на НВО-ата кои сите кавги дома ги пласираат надвор, па и она што некој мислел да ни го даде, ни го ускратува.

Јас сум релативно кратко време излезена од Македонија, но една година ми беше доволан да сфатам како функционираат и како размислуваат Европејците.
Нашите нашетани мајмуни веројатно одат во странство само да се сликаат и да си закачат слика на фб. И да си ги купат парталите од Ха унд Ем.


турција ни е голем и стратешки партнер, колку побрзо се развива таа толку побрзо ќе се развиваме и ние сепак таа треба да ни биде приритетна земја.
 
ako otvarame muabet od intelektualen aspekt samo 2 priznavam Denko Maleski i ...
Не од интелектуален туку од аспект на тоа кој што бил, какви ставови имал, за што се залагал и кои резултати ги постигнал.... еве за потсетување кој не се сеќава на тој период по осамостојувањето

Абе Денко Малевски од говорницата на Собранието на Република Македонија критичната 1991 ќе изјави:
Јас Денко Малевски неможам да ја видам Република Македонија како независна држава.
Кога станавме независна на штаки со БЈРМ го тргнаа во Њујорк, народот малку да подзаборави на него.[/QUOTEдадена ]во време најверојатно веќе како министер за надворешни работи.
И уште една постара колумна од 2006 од професорот Марјановиќ
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2398&stID=30251
за Малески и непотпишувањето на меморандумот составен од Лигата за Демократија која требало да оди низ светот за вистината за Македонија како контраодговор на Самарас. Точно е дека ние прво внатре имаме (она што Алек во друга тема го спомена) петта колона на која сега и се восхитуваме на анализите. Зошто бараме пријатели кај странците кога дома имаме едночудо непријатели кои се водат како т.н. аналитичари или колумнисти?
Тројанците сеуште се активни, тоа ме загрижува.
 
Не од интелектуален туку од аспект на тоа кој што бил, какви ставови имал, за што се залагал и кои резултати ги постигнал.... ти можеби не се сеќаваш на неговата "блескава кариера", но еве за потсетување кој не се сеќава на тој период по осамостојувањето

Тројанците сеуште се активни, тоа ме загрижува.

off topic
aj da ti odgovoram na ova poslednovo pa posle se po red :)
trojancite se vo vlasta inako kako bi im uspeala prevarata :)


ee sega ona drugoto po raspadot na sfrj golem del od makedonskata elita za zal ne zaea koj pat da go teraat dali nezavisnot ili pak vo sostav na nekoja si federacija. ali mislam deka tuka veke presekoa amerikancite so nivnata politika, po slovenija i hrvatska se znaese gore dolu deka so pomos na amerikancite (i na tajnite pregovori na Denko Maleski so niv ) deka ce se sredi i taa situacija.
Celta bese so minimum zagubi da se dobie nezavisnot. I se postigna toa.

drugo da se drzime do temava !!!
 
Најголемата битка во моментов е да се поттикне народот да размислува со своја глава, да полека донесе колективна одлука и соодветно да ја понесе одговорноста за тоа.

Дипломатите, фунцкионерите па дури и политичарите се таму за да ја извршуваат техничката работа на спроведување на народата волја. Инаку губат на избори. Ако некој од нив пак се обидува да му соли памет на народот - од платена позиција - тогаш треба веднаш да се сомневате во неговите намери. Љубчо денеска како пример земете го.

Дипломати што ни даваат лекции како да се однесуваме се заблудени или пак добро платени за ширење нечија пропаганда.

Народот ја има силата, не само на оној демократски начин туку и на сите полиња.

Треба да сфатиме дека и да смениме име (кое и да е) нема да не внесат во НАТО и ЕУ. Ќе стави вето некој од другите соседи. Разликите со соседите ни се премноу големи за да можеме да постоиме на ниво рамноправно со нив како членови на истата група.

Пријателите на Македонија вистина постојат, тоа се помалите и понезависни членки, ама ја немаат таа цврстина да се спротистават на НАТО/ЕУ како на институција која не сака да се обременува со нерешливи внатрешни проблеми. А особено не оние од типот на Македонија.

Ова горново треба прво да се сфати. Потоа ќе гледаме кои опции ги имаме - самите ќе ни се понудат или спонтано ќе излезат на виделина.
 
Како што рече еден форумџија: треба да се смени менталитетот. Ние имаме менталитет на робови и слуги, и сме сервилни до крај на секој што ќе ни фрли коска.
Се кодошиме за да не викнат на прием, а таму ќе стоиме пред вратата.
Немаме ставови за ништо, само анпамет научени фрази. Ама за бош муабеш правење - тоа можеме до 101 и назад. Уште чекаме друг да ни каже што да кажеме и да направиме, неартикулирани сме, па друг зборува во наше име.

Кога НАТО ја бомбардише Србија, Бугарија не беше ни во ЕУ ни во НАТО, пане го отстапи воздушниот простор за авионите на Алијансата. А кај анс дури ми е срам да се сетам кога сега покојниот Никола КЉусев рече дека „ нешто лета на нашето небо, ама ние немаме толку софистицирани уреди за да знаеме што се случува“. !! Срамота!

Да не должам: како што рече некој пред мене- во политиката има само интереси. А ние не знаеме кој е нашиот интерес, па сме како гуски во магла.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom