Конкурирал на 18 универзитети - 15 од нив му дале целосна стипендија

Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
На пола од нас да ни се овозможело образование во НОВА ( читај кеш бато ), сите ќе завршевме како дечково. Нема глупи и тупи се е во условите и форсирањето. Може не би не примиле на 15 од 18 универзитети ама на 3 од 18 сигурно!!! А тие 3 не се уопште за фрлање.
Ај да ве видам сеа...прашање: колку од матурантите во НОВА ќе се запишат на Кирил и Методиј???????=0!!!
наздравје и создравје
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818

СЕПАК - важно е дека дечково го бива? Па и да му е платено средното, и да плаќа станарина не знам колку, дали по дифолт ,,богаташите,, се неспособни и да бидат добри научници?
И искрено, да имам пари, ни јас не би студирала на ниту еден факултет во Македонија, УКИМ е шкљ во спредба со Харвард, на пример.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169

Се крева фама за ништо, се запишало детето на факултет, биг дил.Вест за мене е, човек кој завршил на УКИМ и кој станал познат научник или штотијазнам.
Си платило богатово дете реклама, тоа е тоа.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Што и родителите да не му ги знаеш? Мене Србиновски не ми значи ништо, баш ме интересира зашто мислиш дека е богат
Може тебе Србиновски ништо не ти значи ама на некој му значи:

Проф. Д-р сци Елизабета Србиновска - специјалист интернист-кардиолог
Проф. Д-р сци Лазар Србиновски - специјалист интернист-кардиолог
Проф. Д-р Александра Србиновска - епидемиолог
Д-р Темелко Србиновски - оториноларинголог
Д-р Стеван Србиновски - стоматолог
Д-р Виолета Србиновска - интернист
итн

па за едно 10-15 год и Проф. Д-р сци Бојан Србиновски - неврохирург зш да не :) македонче си е македонче...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Се крева фама за ништо, се запишало детето на факултет, биг дил.Вест за мене е, човек кој завршил на УКИМ и кој станал познат научник или штотијазнам.
Си платило богатово дете реклама, тоа е тоа.
Да бе, УКИМ го сече Харвард у поим. Yeah right.
Порано, Теа Модерна објавуваше статии за успешни Македонци, не знам дали уште го прави тоа. Малкумина од нив успеале да отидат ,,онаму,, , а меѓу нив имаше и такви кои не беа со златна лажичка хранети.

Сосема е неважно со колку почнал, туку со колку ќе заврши. Многу од нив на УКИМ имаа завршено факултет, мастер и докторат ,,онаму,,. УКИМ не ги направи познати, туку ,,оној, неважниот, од онаму,,.

Малце реално гледање на работите, не е на одмет. Не е баш сеедно и можно секој да добие стипендија на Харвард, да речеме. Еве, аплицирај ти, добиј ја, не ја прифаќај. Викаш ќе ја добиеш?
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Ученик кој треба да им биде пример на помладите генерации. Матурантот Бојан Србиновски од гимназијата „Нова“ конкурирал на 18 универзитети во Америка, но се нашол на слатки маки откако стигнале резултатите - го примиле дури 15 од нив со целосна стипендија. Неговата желба е да го надградува своето знаење во областа на невро- биолошките истражувања.

Конкурирал на 18 универзитети во Америка. Го примиле на 15 со целосна стипендија. Матурантот на меѓународна матура од гимназијата „Нова“, Бојан Србиновски имал тешка одлука, на кој од 15-те универзитети да го продолжи образованието. Изборот го стеснил на шест од нив. Ем ај ти, Јеил, Колумбија, Браун, Дортмунд, Стенфорд. Се одлучил за последниот.
„Го одбрав Стенфорд бидејќи програмата за биологија е една од најдобрите во светот”, вели Бојан Србиновски матурант во меѓународното училиште „Нова“.
Своето образование го гледа како маратон, не како спринт. Затоа е примен на 15 универзитети, а во Дортмунд е и првиот Македонец кој успеал да се запише. Долгогодишната работа, многуте положени тестови, помошта од професорите - се било пресудно ова амбициозно момче да успее. По завршување на студиите ќе продолжи со истражувачка работа.
„Сакам да бидам во тие кругови на истражување. Особено ме интересираат тие невро – билошки истражувања. Мислам дека и дури по добивање на диплома ќе подготвувам и докторат ќе работам на медицински истражувања и мислам дека мојата иднина таму се наоѓа”, вели Бојан Србиновски матурант во меѓународното училиште „Нова“.
Универзитетот кој го одбрал е меѓу 8-те најдобри и најстари во Америка. Универзитети од кои излегуваат луѓе кои дејствуваат како лидери во политиката, науката.
„Ајвилинг се група од 8 универзитети кои биле основани во Америка многу одамна, мислам дека се првите факултети во Америка. Многу е важно дека со нив секогаш е поврзан престиж, меѓутоа многу повеќе од тоа е поврзан квалитет во научни истражувања, во филозофија на образование”, вели Бојан Србиновски.
Бојан не знае дали ќе се врати во Македонија, ќе остане во Америка или ќе оди во друга земја во светот. Неговата понатамошна работа ќе зависи од програмите кои ќе го привлечат вниманието на овој иден научник.
Извор: Канал 5
Секоја чест мајке ми...
Браво бегај што подалеку од македонија (y)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095

Кутриот тој плакал годишна школарина во НОВА од неколку илјада евра од џебот на мама и тато, и сега се радува стипендија ке добиел голем ташак а некој наш студент што потекнува од сиромашна фамилија и да стигне да добие таква стипендија, никој нема ни да го спомне на вести и сл. а дечково или неговите со овааа вест си прават добар PR на широки народни маси. За мене ова вест вреди исто колку тоалетна хартија ,уствари тоалетната хартија повеке вреди од овој. На тој сиромашниот дтудент 20% да му дале од парите што ги потрошиле на овој кремацов уште подобри резултати ке извадел од овој. За мене ова не е вест, вест е некој што од дното ке се искачи до врвот, а вакви во америка како овој има со лопата да ги ринеш.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.169
Малце реално гледање на работите, не е на одмет. Не е баш сеедно и можно секој да добие стипендија на Харвард, да речеме. Еве, аплицирај ти, добиј ја, не ја прифаќај. Викаш ќе ја добиеш?
Зошто мислиш дека е толку тешко да се добие стипендија на Харвард ако имаш завршено средно училиште кое тие го рангираат како домашно т.е. поените од успех не ти ги множат со понизок коефициент? Успех од средно, препораки од професори и мотивационо писмо, толку се бара. Ако имаш висок успех од средно и успат уште некоја дополнителна диплома има голема шанса да те примат.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Зошто мислиш дека е толку тешко да се добие стипендија на Харвард ако имаш завршено средно училиште кое тие го рангираат како домашно т.е. поените од успех не ти ги множат со понизок коефициент? Успех од средно, препораки од професори и мотивационо писмо, толку се бара. Ако имаш висок успех од средно и успат уште некоја дополнителна диплома има голема шанса да те примат.
Сепак сметам дека го потценувате детето.
15 реномирани факултети да примат некој со целосна стипендија (настрана од трошоците за живот, самото студирање е ултра скапо) е доста добро. Ако земеме во предвид дека веројатно, огромен број ученици аплицираат, а не гледам зошто Американците би му дале предност на некој не така квалитетен странец, пред нивен не така квалитетен државјанин.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Сепак сметам дека го потценувате детето.
15 реномирани факултети да примат некој со целосна стипендија (настрана од трошоците за живот, самото студирање е ултра скапо) е доста добро. Ако земеме во предвид дека веројатно, огромен број ученици аплицираат, а не гледам зошто Американците би му дале предност на некој не така квалитетен странец, пред нивен не така квалитетен државјанин.
Абе детето можеби ќе го биде не викам не, не сум хејтер.Јас лично мислам дека веста е глупава и не заслужува да се објави воопшто.Што ќе е следно, македонец се запишал во средно во УСА, македонец се сликал со Лејди Гага...итн
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Сепак сметам дека го потценувате детето.
15 реномирани факултети да примат некој со целосна стипендија (настрана од трошоците за живот, самото студирање е ултра скапо) е доста добро. Ако земеме во предвид дека веројатно, огромен број ученици аплицираат, а не гледам зошто Американците би му дале предност на некој не така квалитетен странец, пред нивен не така квалитетен државјанин.
Странската работна сила (емигрантите) им се поефтина роба, simple as.

Sent from my HTC EVO 3D X515m using Tapatalk 2
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Абе детето можеби ќе го биде не викам не, не сум хејтер.Јас лично мислам дека веста е глупава и не заслужува да се објави воопшто.Што ќе е следно, македонец се запишал во средно во УСА, македонец се сликал со Лејди Гага...итн
Е тука веќе се согласуваме. Ниту јас не гледам причина истово да се претставува како сензационална вест. Многу е подобро како што правеше Теа Модерна - за 5-10 години, тој и тој, од Македонија, дипломец/магистер работи таму, направил тоа и тоа...
Навистина бев импресионирана од наши луѓе кои работат во Гугл, на пример, конкретно тоа беше една девојка која имаше дипломирано на Харвард, а потоа со некаков проект имаше победено и добиено работа во Гугл (не ме фаќај за збор, одамна го читав тоа).
Вака муабетот е - на нероден Петко, капа му кројат.

:)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Сепак сметам дека го потценувате детето.
15 реномирани факултети да примат некој со целосна стипендија (настрана од трошоците за живот, самото студирање е ултра скапо) е доста добро. Ако земеме во предвид дека веројатно, огромен број ученици аплицираат, а не гледам зошто Американците би му дале предност на некој не така квалитетен странец, пред нивен не така квалитетен државјанин.
Во америка успешноста ја мерат по тоа колку пари заработуваш годишно многу не се палат на академски титули повеке од половина од милијаредерите не само што некој од нив факс немаат завршено туку некој ни средно не завршиле па тоа не ги спречило да успејат. Ке набројам неколку милијрдери и успешни луге што немаат факс завршено легендарниот Стив џобс,Мајкл дел основачот на DELL бил гејтс, ричард бренсон сопственикот на VIRGIN тој па ни средно не завршил така да малиов кога ке стане познат од овој ранг тогаш нека дојде ке муд адам рака до тогаш нека иде пред широки народни маси да си прави PR. И што сега ако му нуделе стипендии точак да не треба да му купам. Во светот на негови години милиони прават создаваат компании како apple,microsoft и сл,овој стипендија му понудиле и свршува во гаки.....ефтини приказни....
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.169
Сепак сметам дека го потценувате детето.
15 реномирани факултети да примат некој со целосна стипендија (настрана од трошоците за живот, самото студирање е ултра скапо) е доста добро. Ако земеме во предвид дека веројатно, огромен број ученици аплицираат, а не гледам зошто Американците би му дале предност на некој не така квалитетен странец, пред нивен не така квалитетен државјанин.
Никој не рече дека дечкото нема да постигне нешто. Само што ова му е само влезница, допрва треба да се докажува. Малку е исфорсирано рекламирањето на телевизија, иако мислам дека е нарачано од гимназијата, а тој морал да се појави, бидејќи препораките од професорите и тоа како помогнале во добивањето на стипендијата.

Инаку, мене ми е интересно тоа што, ако дечково е дел од семејството кое се спомена погоре избра да студира во странство пред универзитетот на кој предаваат негови блиски роднини. Тоа кажува доволно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom