Се сеќавате на мене нели?

  • Креатор на темата Macedonian-Sun
  • Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Бјело Дугме да ја видат изведбава твоја одма ќе го сменат името на песната..:pos:
 
O

onlya

Гостин
Тоа тотално оправдува да вреѓаш некој што не го ни знаеш и на кој очигледно му треба некоја помош. Тоа ќе надополни за секој пат кога си ќутела и не си му кажала нешто на некој.
Прво јас никој не навредив кажав само што мислам за видеото и за неа и и дадов еден совет оти имам да не речам ист случај со едно другарка која мисли дека е најубава на светот, најпаметна и сите кога ќе ја видат се заљубуваат во неа. Се фали со тоа и раскажува на секој што го знае и не го знае. А сето тоа се должи на тоа што верува на секој збор што ќе и го речат, автоматски си прави некој филм и живее во него, ништо друго не ја интересира т.е таа мисли дека е супер, кул и што уште не, а од страна луѓето и се смеат. Не викам дека Емотивно Луда е таква, напротив доста е паметна туку ако верува на секој збор што наводно е позитивен ќе стане иста ко другаркава. Место да го усовршува гласот ако веќе сака да пее таа ќе мисли дека веќе и е усовршен и грубо речено ќе се фали со него по јутуб и социјалните мрежи каде што ќе биде или реметена или залажувана. Тоа што другите ја реметат и и кажуваат се и сешто па дури и да се обеси што човек не треба ни да посмисли на тоа не па да го збори на други, не сум јас виновна. Тоа си е нивно право и нивно мислење. Не го оправдувам тоа но па тука кој го слуша (чита) моето мислење.
И така после ќе допишам морам до одам до факултет сега :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Ако миеш садови со брзината со која реплицираш, за жена би те земал. :D
Ама ако ги миеш на начинот на кој реплицираш, би размислил пред да те земам...

Шега пуме, шега...ај да оставиме да си се смеат луѓево на раат. Може?
Смеењето на раат, не е исто со изживување врз некој друг.
И јас се смеам, но нема да понижувам некого, само затоа што прави нешто, што јас не би го направила, Разиеле.
Јас тебе за маж не би те земала, макар златен ти бил :pipi:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235

Пуме, психолошки гледано, какви се тие луѓе кои реплицираат на мислење напишано на петта страна, во кое нема ниту еден аргумент, нема апсолутно никаква тежина, има евазивен карактер(авторот се обидува да избегне конфронтација во ЧДА) и крајно, ужасно лош обид за хумор, со сериозност на сенилен 80 годишен ватикански кардинал?
 
Разиеле, ти не избегнуваш конфронтација, а изгледа кардиналов ти е идол.
Како што кажав, смеење е смеење, но се треба да има свои граници :)

Остани ми во мир ;)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Остани ми во мир ;)
o_O
Морбидно.

Знаеш што мислам јас? Мислам дека целосно си во право и дека треба да превземеш нешто околу ова.
Мене ме реши по брза постапка. Но, јас сум само почетокот. Имаш на овие 19 страни уште многумина кои ја нападнаа кутрата нос...девојка. Треба сите мислења кои сметаш дека се изживување да ги пријавиш како несоодветни и да реагираш во темата за прашања до и одговори од администратори, за таквите несоодветни мислења да бидат тргнати.
И самата кажа дека нема етаблирана дефиниција за тоа што е нормално, а сега тврдиш дека има етаблирана дефиниција за тоа што е изживување и што не е вкусно. Доколку си решена да ја форсираш твојата дефиниција, ти нацисту спамерски, а целосно да ја отфрлиш таа на оние кои во овие 19 страни тоа што ти го сметаш за изживување, го земаат за нормален ремет, тогаш удри! Реплицирај на сите, интервенирај, заштити ја кутрата нос... девојка која според тебе, заслужува повеќе од брутално ребрање и иссмевање.
 
Разиеле, душо. Не се ни обидувај да го дефокусираш муабетот. Да не сакаше конфронтација, одамна ќе престанеше ти да спамираш. Разговор не се завршува со три точки, туку со една.
На овие останативе, не им одговарам, од проста причина, што мислев дека можеш ти подобро од ова :)

Тоа што со тебе често не се согласувам, не значи и дека мислам дека не вредиш како личност.
;)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Ова заслужува МУЛТИЦИТАТ!

Разиеле, душо. Не се ни обидувај да го дефокусираш муабетот.
Кој дефокусира? Ти. Јас ти вратив, за првпат со аргументи зошто твоето лигавење за некаква си твоја дефиниција на што е изживување оди во спротивност на твоето тврдење дека не смее да има такви дефиници, во виртуелен простор, каде изживувањето само по себе е апстрактен поим и се базира на индивидуална интерпретација. Исто како и дефиницијата за тоа што е нормално. Ако нема директни навреди од типот на "курва" -- everything goes.
Да не сакаше конфронтација, одамна ќе престанеше ти да спамираш. Разговор не се завршува со три точки, туку со една.
Ти прва ме цитираше. Ме обвини за изживување врз недолжен распеан нос. Се обидов да дефокусирам на двапати, ти упорно продолжи да ме обвинуваш, и мене и сите овде кои си пукаат сеир. Кога конечно решив да ти одговорам на начин на кој ти тоа го правеше додека изигравав будала, наеднаш ме обвинуваш за дефокусирање.

На овие останативе, не им одговарам, од проста причина, што мислев дека можеш ти подобро од ова :)
Кој ти го даде правото тебе да изигруваш судија за нечија смисла за хумор? И дали таквата смисла за хумор била под или соодветна на твојата замисла за туѓите критериуми. Го имаш тој сертификат да одлучуваш што треба да биде смешно за некого, а што не? Ако го имаш, испринтај го и прати ми го на мејл. Мејлот ми е Nemasnikakvopravo@odjebiodmojatasmislazahumor.com. Прати ми го таму и ќе се помирам. Во меѓувреме одговори ми на прашањето погоре. Зошто твојата дефиниција за тоа што е изживување мора да се земе како апсоултно точна?
Тоа што со тебе често не се согласувам, не значи и дека мислам дека не вредиш како личност.
;)
Тоа ти што мислиш за мене можеш и на профил да го пишеш. Знаеш дека таму дозволувам секаков речник и секакви дисквалификации. Овде, на темава, со самото тоа дека осудуваш ремет, иницираш севкупен морален суд кој треба да важи за сите, а мене ме земаш за пример. Јавно настапуваш и доаѓаш до степен на аргумент да враќаш со комплимент, за да разводениш.
Носот ќе стави ново видео и јас и ти ќе расчистиме пред тоа видео да биде поставено, за да знаат луѓево дали им дозволуваш или им забрануваш да фаќаат сеир. Твоето мислење, како и за секоја друга ебана тема, е круцијално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom