Скопско Radler lemon

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Да не се опијани од Радлер, па што толку лоши думи изнакажа? :pos:

Знам дека не е за фалење, АМА... јас го пробав радлеров - ме уби радозналоста, ич не ми се допадна. Подобро фанта ќе си земев за тие пари. :icon_mrgr: Не дека немав пробано други лимонизирани пива од 2%, ама можеле да го направат подобро.

Баш и ја се залетав да го пробам...ама не нарачав туку си земав ја скопско, а ова го пробав од кај другарот...па хаххах ја не пијам фанта ама боље фанта да си нарачаше другаров. Среќа што си го имав скопското пред мене ... баш одвратно ми беше тоа со лимун, или лимунадата...па не ми личеше на нишо мене (а пак ствар на вкус е, гледам по постовиве бар на 10% од лугево им се свиѓа ).
 
Сок е ова Radlerov не е пиво,исто кako Schweppes 45 денари 0,5 лименка 2%алкохол пффф иди бегај таму
 
Не ми се свиѓа, ене ја недела дена стои лименката отворена во фрижидер :pos:
 
Не ми се свиѓа, ене ја недела дена стои лименката отворена во фрижидер :pos:
Фрлај ја навака :pos:
Не знам зашо ама мене ептен ми напраи мерак,супер е за освежување :D
 
Не ви се свиѓа зашто го споредувате со пиво. Ко за пиво, лошо пиво е, ама ко за освежителен пијалак, ко за на плажа е подобро од што било што би му било конкуренција: швепс, фанта итн.
 
Како што пишува погоре, не го споредувајте со пиво, ова е освежителен пијалак. Онака на мене не ми се допаѓа, сум пиел многу подобри т.н. радлер пива.
 
Се утепавте од тоа вакво е такво е, сок е, лимонада е, не можам да ве сфатам, па не ве лаже некој, ви пишува дека има 2% алкохол и лимон дека има во него. Што очекувате не знам. Што е до мене, ок си е пивото, се знае неговата намена, летно, за освежување.
 
Радлер пиво < Обично пиво
Радлер пиво > Сок

Едноставно е, за освежување таман е.. и за оние што никогаш не пиеле пиво па ова како за старт е обично :)
 
Ова е направено да ги привлечат девојчињата, и имало такви примери кај мене што девојчиња почнаа да пијат пиво со лимон. Јас го имам пиено на 2-3 пат и некако како на сок ми делува, вкус има на лимон тоа е јасно али не е нешто посебно кај нас машките како освеж ќе ни дојде. =) 2.00 % алхохол има мислам.
 
скопско радлер е одлично - ако не очекувате да пиете обично пиво. ако очекувате - купете си обично пиво.
за жал, поскапо е од унион грејпфрут радлер. грејпфрут - тоа е она што сељачааната го викаат цитрон. толку стана мејнстрим - што децава и не знаат што е грејпфрут...
edit: исто така, не би било лошо да се проба пред да се збори...
 
скопско радлер е одлично - ако не очекувате да пиете обично пиво. ако очекувате - купете си обично пиво.
за жал, поскапо е од унион грејпфрут радлер. грејпфрут - тоа е она што сељачааната го викаат цитрон. толку стана мејнстрим - што децава и не знаат што е грејпфрут...
edit: исто така, не би било лошо да се проба пред да се збори...
Зашто сељачаана? Што му фали на цитрон што го мрзиш толку?
 
според мене топ е
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom