Отровни стрели на Груевски кон НАТО

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Сите се правиме големи политичари, ама кога навистина би ве поставиле на таква позиција, како би одиграле?
Никој не е свесен, со какви одлуки се соочуваат таквите луѓе! Држава водиш....

+ И јас кога би имала овци би ги стрижала ....
Многу е лесно да одиграш во таква позиција, ама ептен, сум правел муабет со постари луѓе и право да ти кажам, Македончето никогаш не страдало за јадење, секогаш било најадено бидејќи оваа земја раѓа, дури до таму оделе што храната ја фрлале во реките бидејќи немало што да и прават. Можеби не терале луксуз, ама биле најадени.
Две работи треба да се решат кај нас енергетика и храна, да бидат што би се рекло без пари, моменталната технологија тоа го овозможува. Кога луѓето ќе бидат најадени и задоволени нивните потреби за енергија, никој нема да сака во ЕУ и НАТО, а вака сме се фатиле како слеп за стап, демек ако влеземе вечер, утре сите мед и млеко ќе имаме по дома.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Моливијатис: НАТО ќе испрати недвосмислена порака кон северниот сосед
Да нема сомнеж дека ќе се соочиме со секој предизвик кој може да застане на патот на нашите национални интереси. Убедени сме дека лидерите на НАТО уште еднаш ќе испратат позитивна и недвосмислена порака кон нашиот северен сосед, дека вратите на НАТО се отворени за влез штом ги исполнат потребните услови поставени од Алијансата.
Ова го кажа шефот на грчката дипломатија Петрос Моливијатис во својот говор во Чикаго на настан организиран од грчкиот конзулат и грчката дијаспора.
Моливијатис, како што пренесе грчкото МНР, на настанот зборувал и дека односите меѓу Атина и Вашингтон се поцврсти од било кога. Шефот на грчката дипломатија се заблагодари за силната поддршка која Грција ја добивала од администрацијата на Барак Обама, уште од самиот почеток на финансиската криза.
***
fu*k NATO
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.317
Поени од реакции
26.245
но изгледа дека по толку години во политика сеуште е наивен како фунционираат меѓународните односи.
Не е наивен, ниту тогаш, ниту сега. Само е прерано да видиме што му е целта на изјавава. Доколку прави крупни промени во надворешната политика тоа ќе го заприметиме многу брзо. И ќе биде ѓаволски тешка работа, за која ќе треба да се избори за поддршка, прво внатре во партијата.

Но, можно е да е само изјава за внатрешна употреба, која ќе заврши како личен став и момент на слабост и фрустрираност.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Преќутен да, но опозицијата никогаш не би признала дека за ова е во право.

А дека е во право, во право е тука нема збор. Меѓутоа се сомневам дека има храброст за нешто повеќе од ова. Се сеќавам многу добро и пред 4 години што беше, баш заради вакви „патриотски“ потези доби најголема доверба, немаше опозиција и албанци да му сметаат да оствари било каков потег во надворешната политика. И што направи тој, продолжи со, барем декларативната политика дека сакаме во ЕУ и НАТО. Веројатно се надевше дека пресудата од Хаг може да донесе нешто на тоа поле, но изгледа дека по толку години во политика сеуште е наивен како фунционираат меѓународните односи.
Не ме зезај, па оваа изјава што е? Сакаш војна да им објавиме на НАТО за да покажеме храброст. Дадена е изјава од премиер, доколку ДПМНЕ застане позади Грујо, ова ќе е официјално сменување на став на официјалната влада во однос на НАТО и ЕУ.

Потезот е изигран и е доста храбар, пред се како индивидуалец.
 
М

Мартин`

Гостин
Премиерот штотуку призна дека лажел кога ветувал на народот интеграција на државата кон Европа и Нато. Лажел како и за се останато: преродба, економија, развој..итн
Од ова произлегува дека не е способен за извршување на фунцијата премиер и треба да си поднесе оставка....
Ако гледаме така досега ние ниту една влада ниту еден човек сме немале способен затоа што Македонија уште од независноста е надвор од ЕУ па и НАТО, во ОН сме примени ама сите знаете под кое “име“ така да тоа воопшто не го рачунам за успех.. и Груевски ако ги смени името, идентитетот и ред друго ќе добие зелено светло за Македонија во ЕУ и НАТО но тоа нема да биде успех туку најголема катастрофа и понижување за Македонците. Убаво тактички и јасно си кажа се Груевски додека Иванов сеуште е “оптимист“ добар тактички потег и најбитно од се што е искрен, па сега народот нека си одлучи што ќе избере ..
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Играл умно, би рекол. Кажаното не е мачкање очи, уште побитно е што Груевски многу лесно може да ја изгуби фотељата заради изјавава ако Америка го притисне сега и почне да игра на дестабилизација и ред други трикови да го тргнат, во која Македонската петата колона ќе сака да се офајди со власт.

Но Груевски немаше вака да зборува да не ја врзеше работата со Кина. Сепак е далекуглед играч, бидејќи игра и на картата на Индија и на Кина, како и на Турција. Нека обезбеди економија, се' друго сме кадарни да пребродиме. Важно е дека Кина сака да влезе на југот на Европа, останатово (ЕУ посебно) е килава работа и свесни се за тоа.
Според мене, ова е направено после многу калкулации и дека сигналите можеме да ги побараме од пред извесно време. На пример после дотогаш најострата изјава на Иванов против НАТО, службите најдоа неексплодирана граната во жардињера, слично на таквите во 2000 година, како предвесник на војната во 2001. После посетата на Иванов во Русија и на Груевски на Индија и Кина, се зачестија меѓуетничките и меѓуверските односи, кои доживеаја кулминација со убиството на децата на Смиљковското езеро. Позади кулисите овие игри на заострување траат веќе 6 месеци според мене.

Е сега дали следи Груевски некакви сигнали, дали моите стравувања потребата на НАТО да влеземе во алијансата по било кој основ ќе ја донесе на дневен ред и можната делба на Македонија или е посреди нешто друго. Ќе ни покаже времето и тоа доста брзо. Само се надевам дека ќе успееме да избегнеме војна.
 
S

Sagan

Гостин
Post festum. Зошто не го изјави ова пред недела, месец...?
Популизам од скандалозни размери!
 

Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.973
Поени од реакции
6.847
А што ќе смени тоа? Иако Грујо вика дека не би одел на местото на Иванов и Попоски, јасно е дека ова е вака договорено, од повеќе причини.
Нема да смени ништо али бар нека " им го плесне у фаца " да не се праат демократи и заштитници на светот затоа што ги интересира само едно нешто: пари.

vid related:

 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Post festum. Зошто не го изјави ова пред недела, месец...?
Популизам од скандалозни размери!
Хмммм можеби затоа што сега е НАТО самитот а лобирањето и надежите траеа до последен момент.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Нема да смени ништо али бар нека " им го плесне у фаца " да не се праат демократи и заштитници на светот затоа што ги интересира само едно нешто: пари.

vid related:
Еве од каде им е инспирацијата :)
Не е само од сега тоа чувство.
Од врв Пирин Планина
очаен глас се слуша,
Македонија плачи. [2х]
Проклета и триклета
да бидиш ти Европо,
блуднице Вавилонска. [2х]
Французи, Англичани,
Италијанци и Немци,
сакет да сме под ропство. [2х]
Од рода сум Славјанска,
а име Македонско,
Земја со злато полна,
Земја со злато полна,
зато завижџет толку.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Време беше да се кажат јавно работите. Изјавата не е дипломатска ама е реална и остра зашто очигледно од дипломатски изјави немало фајда.

Тие што се бунат била за внатрешна употреба поим немаат демек НАТО дипломатите и амбасадорите не читаат вести и не гледаат телевизија. Дадена е за МИА што значи наменета е и за внатрешпна и за надворешна употреба.

Памтам дека во минатото интервју пред неколку месеци рече дека неколку големи сили отворено притискаат за промена на името (ги знаеме кои се) така да ова е само втор дел на истата игра и очигледно во владата сфатиле дека е време да се крене котвата и да не се трошат веќе ресурси и енергија на загубена кауза.

Прочитав информација дека досегашните мисии ја коштале државата 80 милиони евра, огромна сума која се дава а немаш никаков ќар, значи плаќаш како обрска а немаш никакви права. Таква состојба не може вечно да се држи.

Ќе дојде време и за ЕУ ќе слушнеме иста изјава но впрочем владата сега го кажува тоа што сите го знаеме, со ова име нема влез никаде а Грција има недвосмислена и отворена подршка од најголем дел на ЕУ земјите макар и банкротирана и тоа тешко да се смени во нашиот животен век.

Време е за барање други партнери, други сојузи, јакнење на економијата и билатерални договори кој нас ни одат во прилог. Надевајќи се на ЕУ и НАТО испуштаме златни прилики и сами да засукаме ракави и да си речеме дали без ЕУ и НАТО ќе умреме, толку ли не не бива сами да си ја средиме државата?

Мене ми е ќеиф за изјавата, мачкање очи секако не ни е веќе потребно.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Незнам што толку сте запнале за влез во нато и еу.Божем таму мед и млеко тече.И двете се срање у боја.Како тиква ќе пукнат,само прашање на вереме е кога ќе се случи тој благодет
 
S

Sagan

Гостин
Хмммм можеби затоа што сега е НАТО самитот а лобирањето и надежите траеа до последен момент.
(y) Така е!

Да не се лажеме, во вакви организации ништо не се остава на последниот момент. Работите се планираат и утврдуваат со месеци однапред.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom