Во главниот штаб на Вмро Дмпне се огласите.
Точно знаат каде треба да се вработат луѓе и секој си дава предлог (некој свој близок роднина) за да го вработат потоа комисијата гласа. Моментално се гласа за избор на работник на царина. И знам дека ќе земат некој со средно обрзование а оние со факултет нормално без врски ќе седат дома.
Јас пред 3-4 месеци бев предложен за проф во едно основно училиште огласот го немаше никаде во јавноста туку само во партијата. Имам некои луѓе таму ми јавиа дека ќе се гласа за избор на проф. Но тој што имаше повеќе врски доби повеќе гласови.
Така да треба да имаш дебели врски со оние од комисијата во штабот и личност што ќе те предложи на конкурсот,инаку да конкурираш на среќа ти е џабе.
Kога веќе ќе се одбери кој ќе биде вработен се пушта некој јавен оглас како да се каже дека имало оглас.
Близок мој роднина кој работи како инспектор во УЈП ми кажа дека пред 2 месеци преку партија се земени 3-јца со средно обрзование да работат на компјутер и лапаат мин 28.000 плата а они немаат појма од офис и сл програми и сега моментално следат приватен курс по офис за да се научат да работат.