Сигурен сум дека вечер нашиот капитен ќе игра и се надевам ќе постигне погодок и со тоа да ја запечати долгата и успешна авантура која ја имаше во Јувентус ... што се однесува до натпреварот доколку сакаат двојна круна ќе мора малку поцврсто да влезат за да победат бидејќи Наполи ќе игра за победа ... се надевам дека ќе видиме една интересна борба со многу погодоци , што било случај и во минатите дуели и се разбира очекувам триумф на Бјанконерите за нашата успешна сезона да биде комплетна ... што се однесува до трансферите гледам нашиве се обидуваат да го приберат Квадво Асамоа од Удинезе , според мене доста солиден играч, цврст, технички поткован , игра добра одбрана, мислам дека 10 милиони плус договорот на Пациенца ќе завршат работа . Верати би требало да потпише а тука е и Погба кој најверојатно ќе потпише во понеделник , одличен талент . За нашата најболна точка , нападот се обидуваат да донесат еден класен напаѓач и еден млад надежен . Очигледно се определија за Игуаин и за Дестро што според мене е сосема добро.