Германец го прошетал светот без пари

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.308
Поени од реакции
34.699
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Важна е идејата и снаодливоста

Михаел Виге го напуштил Берлин без пари, а пропатувал повеќе од 40.000 километри: бил на Антарктикот, во Канада, низ Европа, САД и Латинска Америка, со брод, воз и авион.
germanec-go-proshetal-svetot-bez-pari-85316.jpg

Виге снимил и документарна серија наречена „Како бесплатно да го прошетате светот“. Еве неколку детали за неговиот проект:

Виге е новинар кој пишува за туризмот, зборува англиски и шпански, покрај матичниот германски јазик. Го напуштил Берлин во јуни 2010 година и патувал 150 денови низ 11 земји, додека во ноември 2010 не стигнал на Антарктикот. Повеќе од 100 луѓе му помогнале со превоз, храна и преноќиште. Патувањето го планирал година дена и собирал броеви од телефони на оние кои би можеле да му помогнат на патувањето. Но, Виге многу верувал и во љубезноста на непознатите луѓе.

На почетокот храна наоѓал по контејнерите зад супермаркетите, пред да започне да работи во замена за храна. Чистел подови и миел садови по ресторани, пишува lol Travel.
germanec-go-proshetal-svetot-bez-pari-85318.jpg

Во Латинска Америка имал среќа со сместувањето - луѓето сакале да му помогнат. Било доволно да чукне на некоја врата и да каже дека нема каде да преспие, после што луѓето го примале во нивниот дом. Многумина во тој реон се сиромашни и „знаат како е да немаш каде да одиш“, вели авантуристот, според кој веројатно ова е причината за нивното гостопримство и желба да помогнат.

Атлантикот го поминал бесплатно во замена за работа на товарен брод кој пловел од Белгија до Канада. На бродот работел сè: од боење на делови од бродот до промена на масло во моторите. Во Лас Вегас организирал борби со перници за еден долар, а својот грб го нудел како клупа за уморни туристи. Со собраните пари купил карта за Костарика. Од таму со автостоп пристигнал во Панама, каде работел како батлер за германскиот амбасадор.
germanec-go-proshetal-svetot-bez-pari-85320.jpg

За да дојде од Аргентина до Атлантикот, работел на луксузен крузер како асистент на предводникот на експедицијата.

Најлошата работа која ја работел била носач на опрема и багаж на туристи на пат до Мачу Пикчу, древниот град на Инките кој се наоѓа на Андите. Другите носачи на опрема биле навикнати на петдневниот марш со 30 килограми опрема на грбот, но Виге немал доволно сили за тоа.

„Ми рекоа дека не е нималку смешно, дека не можам да го работам тоа и дека не сакаат да изгубат муштерии. Јас се извинив за сè. После два дена, мојот багаж го ставија на коњ и ми дозволија да пешачам со туристите“, изјавил тој.
germanec-go-proshetal-svetot-bez-pari-85319.jpg

Секој ден водел видео дневник со цел еден ден да направи тв серијал. Во една прилика за малку ќе ги изгубел сите снимки кога за време на престојот во Перу во куќата во која спиел избил пожар, но за среќа (на снимките, не на куќата) успеал на време да го земе ранецот во кој се наоѓал видео материјалот.

„Сакам да ги мотивирам луѓето, да ги инспирирам. Ако не ви пречи да бидете клупа за други луѓе, можете да си го платите патот до било кое место во светот. Па, зошто не би патувале малку?“, прашува авторот на оваа авантура.

виа Кајгана

Секоја чест за храбриот авантуристички потег на Михаел. Се надевам дека наскоро ќе излезе и целиот документарец од ова интересно патување околу светот.
Дали би имале храброст да го сторите истото?
 
Секоја чест :) Доста снаодлив
 
"Дали би имале храброст да го сторите истото"

Кратко и јасно, не.
 
Дајте го документарецот :coffee:
 
Браво, ценам вакви луѓе, нема пичкаросување и лигавење, едноставно живеј го моментот ко прав муж! Респект.
Македонецот и така нема пари,незнам зашто не шета? :D
Ајде со мене летово од украина на север па се до турска на југ. Ху нидс мани, вен ви хев фридом?! :)
 
Секоја чест за човекот(y)

"Дали би имале храброст да го сторите истото"

Кратко и јасно, не.

Во секој од нас се крие авантурист, само стравот е пречката да се превземе ваков чекор:)
 
ќе го ебаам, ќе се акам низ светот, да ме фанат белорусија, белоробје да ме продаат или некој бубрег да донирам..
 
Е како без пари? Работел. Што мисли, другите кои патуваат како ги заработиле парите?
 
Му се посреќило.На вакво патување најверојатно ќе завршиш по делови и ќе бидеш на повеќе локации во исто време.Пример бубрег во САД,бел дроб до Русија,око во Кина,црн дроб во ОАЕ и слично.
 
Баш мислев да отварам тема за истото, ама си реков Acid е по овие работи :D .

Инаку, едно големо Да !
Авантурист сум во душата и би сакал да видам, истражам што повеќе и повеќе .
Можеби е малце ризично, се може да се случи додека патувате но сепак би го направил ова !

(y)
 
И јас би шетал не е проблем, али ако не на првата на втората граница сигурно ќе ми кажат дечко немаш виза. Ова е уште еден доказ за резерватот во кој живееме каде основните човекови права за патување во светот ни се скратени.
 
Замислете во некој заборавен дел (пеколот :icon_lol:) од некоја државичка, Ве фаќа некое племе и те пече на ражнич....
:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom