Кога добро ќе се размисли, од позицијата на водач, на никого не му одговара исклучително самостојни, интелектуални капацитети со високи
морални стандарди. Самостојно студентско движење е смешно-по-себе кај нас.
Според тоа, овој систем на образование е создаден со доволна сила да ја одржи моменталната состојба на владеење, т.е. да нема бунт.
(Тоа е многу посуптилно отколку што звучи: се инсталира подлост, нискост на карактери и луѓе, генерално ужасни особини преку
системска арогантност, препотентност (бирократија inter alia). Целта е јасна: инсталирај (корумпирај ги на време) подлост,
за подоцна да се повикаш на неа. Подоцна, тој што поминал низ тоа, го наоѓа како нешто без кое не може, како sine qua non.
Тогаш, тој е морално корумпиран. Тој *ЌЕ* се приклучи на системот и ќе го брани, итн. Тоа, навистина, е една современа инфекција на умот.
Оправдувањето им е најсмешниот елемент: „знаеш, никој не е совршен“. Бидејќи НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН, затоа СЕКОЈ ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВА КАКО ТЕОРЕТСКИ ЃАВОЛ.
Тоа е нивното оправдување. Тоа го кажувате секогаш кога ќе ја изговорите нивната реченица.)
(Морално супериорни кадри нужно ќе го подобрат системот, но тоа подобрување, најверојатно, скоро никој не го сака.
(Да, бидејќи тие што сакаат некакво подобрување, не им е дадено шанса. Тие се веднаш прогласени за вирус)
Затоа, бидејќи не сакаат промена, да го одржиме, но без повреда на нас самите (сметаат водачите).
(Ова е комично, како и за 01.05: „тие не протестираат, бидејќи сѐ им е убаво“. И мрморецот..)
Бидејќи невработеноста е објективност кај нас, еден од начините за пролонгирање е преку студирање. Една од причините за отворање на факултет
секаде низ Македонија е токму таа. Ние сведочиме на генерации што имаат над 90% запишани на факултет,
тоа е по себе смешно и не можам да го коментирам додатно.
Не постои подобар аргумент за укинување на системот од нивниот најславен аргумент за одржување на системот: бројноста.
Бидејќи ..да бидам благ, ќе речам „Толпата не е филозоф!“ како Платон, мора да се олеснат околностите за студирање.
Тука перфектно се внесува т.н. систем со кредити. Тоа е ужасен бирократски систем чија основна цел е тежнеење кон просек, а за концептот на знаење,
како ствар-по-себе, малку е да речам дека не му е даден приоритет - тој не е ни предмет на расправа.
(Препрочитајте уште еднаш точно што е напишано, тоа не значи дека ни од тоа место нема да излезе по некој гениј.
Но, гении постојат и без формално образование, па тоа не може да се смета како поен за системот.)
Затоа и на сѐ се даваат поени. Тоа е ноторна глупост. Поранешниот концепт на студирање е концепт кој е веќе проверен,
кој издржал многу потешки времиња и даде подобри кадри. Молам за 1 минута размислување на околностите 194X во однос на образованието во Македонија.
Тој што знаел да множи бил локалниот гениј.
Се наметнува прашањето, тогаш, зошто да го менуваме?
Ќе признаам една од нивните измислени причини: монопол на предмет.
Бидејќи секој професор е човек (по дефиниција, не по прифатени стандарди за човечност), мора да се реши
„личниот“ проблем со студент, т.е. да не може професорот да одлучува единствено и првенствено, еднаш-засекогаш во однос на студент.
(И тогаш, технички, не можело, но не било добро регулирано.)
Но, доволно е да се посвети 1 минута размислување на ова, да се заклучи дека најслабото можно решение е промена на целиот систем, за ваков
скоро тривијален проблем. Високото образование, како незадолжително, мора да остане во малцинството, ако сакаме прогрес (скоро нужно е ова).
Но, на сметка на тоа, треба да се даде можност на секој што го нема. Што скоро значи да се зајакне средното образование, кое кај нас е скоро шега.
Тоа повлекува низа останати проблеми. Не можеме да очекуваме здраво и силно општество кое се темели на шега-средно образование и на тривијалност-факултет.
Се однесуваме како кога баба пред умирање, ја шминкаме и дотеруваме за матура. Евентуално ќе колапсира.
Сведочам дека аналогијата со баба е во важност и за скоро сите останати проблеми, со кои сум интимно запознат, во Македонија.
Во важност е и аналогијата космодиск на претседателот. Образованието кај нас го вбројувам во пример: каде што ќе се даде приоритет на пара, се уништуваат
скоро сите вредности.