Грабеж на студентите на Правниот факултет - Скопје (прва година)

  • Креатор на темата Креатор на темата Грмуш
  • Време на започнување Време на започнување
Претпоставувам дека станува збор за некоа интерна политичка стратегија со оглед на тоа што наскоро ќе се бира декан на факултетот па некому му се заматуваат сметките......... па ќе видиме!
 
Кој што не учи, ќе се жали!
Ти ако си учиш и ако правилно си го напишеш тестот кој професор би те бутнал? Е сега кога не учиш, и си поминал неколку рокови и ги паѓаш сите, и на крај мораш да плаќаш, па нормално дека ќе те стриже некој професор!

Знам дека професориштава се враг невиден, кретени и што ли не, ама и добар дел од студентите не се цвеќе за мирисање!
Кога не учат, нека плаќаат! Родителите нека работат дење, ноќе за да ги исплатат!.....Срамота!
 
И од искуство на претходни генерации шо студентите не биле цвеќиња за мирисање, ај сега нас од прва година, од старт значи да не подјебават за секој случај?
Нема за нас втори шанси, ќе ги плаќаме греојте на претходни генераци. Одлично.
 
Не си во право за ова. Дури не станува збор за учење не учење, во мојот случај на пример морам да доплатам 800 евра за да земам магистратура. И тоа 300 евра за семестар што не постои, а 500 за одбрана на магистерска. Пари кои кажаа дека ќе бидат потребни тек во последен семестар. Тоа го нема во договорот што го потпиша мојата генерација со факултетот. Значи јас и уште 100 тина дечки немавме поим што не чека.

Не знам како не го разбирате Грмуш што кажува. Го направивте детето, слаб студент, мрзлив не знам што, а во право е. Пред да почнеш да студираш јасно се кажуваат правила, за да знаеш што те чека. Да знаеш колку ти е силата од финансиска гледна точка. Ти ако се запишеш според едно што ти го викаат, а во меѓувреме ти сменат, не можеш ништо против тоа. Си се фатил веќе на орото. Жив грабеж им се прави на децата. И најодговорно тврдам дека само човек што студирал таму може да го разбере проблемот. Секој факултет си има проблеми, Правниот е една цела класа над нив кога станува збор за проблеми.
 
И од искуство на претходни генерации шо студентите не биле цвеќиња за мирисање, ај сега нас од прва година, од старт значи да не подјебават за секој случај?
Нема за нас втори шанси, ќе ги плаќаме греојте на претходни генераци. Одлично.

Не сум во тек, ама колку рока имате за да полагате? После колку пати плаќаш казна?
Ако е после 3 или 4 пати, тогаш заслужено се плаќа казна! Загреј го малце столчето и нема да плаќаш казна, ама тоа не е целта на дискусијата овде, јас веќе преминав во друга тематика, без да прочитам подетално за што станува збор!

За тоа си во право RocknRolaa !
 
Мораме да го решиме проблемов.
Но како?
 
Претпоставувам дека станува збор за некоа интерна политичка стратегија со оглед на тоа што наскоро ќе се бира декан на факултетот па некому му се заматуваат сметките......... па ќе видиме!

Чекај, нели гласаа и го реизбраа „тековниот“ декан !? :cautious: Само уште не е ратификувано од ректорот... инаку, да се слагам дека ги користат ваквите работи за собирање поени.

Мораме да го решиме проблемов.
Но како?

Не сакам да те демотивирам, ама без поддршка од професорите, тешко се гураат работите на Јустинијана (го) Прима. А таква поддршка ќе добиеш само ако професорот има позитивен фидбек. Ретки се тие професори и асистенти (бар ја што сум ги имал досеа) кои ќе ти излезат во пресрет без тоа некако да влијае на нив.

Инаку, сосема глупаво е ова што ви го прават на овогодинешните бруцоши, тотално е измешан системот, тотално сменет од тој што го имаме ние. Многу, премногу искомплицираа, можеа сосема поубаво да го преаранжираат системот.

Друга работа е што неможат да ги укинат трите шанси за поправање кога тоа ви стои во договорот...

На тие од администрацијата им одговараше системов по кој сме ние, помалку работа за нив, глас дека Правен станал полесен (што НЕ е целосно точно) и поголем интерес, интерни финти преку кои заработуваат дополнително итн.. Али не им одговараше на професорите оти немаат скоро никакво влијание во субјективно отценување на студентот.

Или е А или е Б, нема различен критериум дали одговорот е точен или не. Единствено професорот може да влијае у оние 30 бода кои ги добиваш преку есеј и активност. И очигледно тоа им беше премалку па сеа сакаа да добијат повеќе, извршија притисок и им го сменија системот. Но направија катастрофална промена у која трпат само студентите...
 
Не сум во тек, ама колку рока имате за да полагате? После колку пати плаќаш казна?
Ако е после 3 или 4 пати, тогаш заслужено се плаќа казна! Загреј го малце столчето и нема да плаќаш казна, ама тоа не е целта на дискусијата овде, јас веќе преминав во друга тематика, без да прочитам подетално за што станува збор!

За тоа си во право RocknRolaa !

Е не се 3 или 4 пати, туку е еднаш.
Столчето ми е загреано мене инаку и немам остаени испити од прв семестар, ама поентата е во то шо да ми кажеше некој уште во септември за ова, а не насред јунска сесија, многу озбилно ќе се подзамислев дали сакам олку стрес од прва година, а не пак уште 4-5 наредни.
 
Кој што не учи, ќе се жали!
Ти ако си учиш и ако правилно си го напишеш тестот кој професор би те бутнал? Е сега кога не учиш, и си поминал неколку рокови и ги паѓаш сите, и на крај мораш да плаќаш, па нормално дека ќе те стриже некој професор!

Знам дека професориштава се враг невиден, кретени и што ли не, ама и добар дел од студентите не се цвеќе за мирисање!
Кога не учат, нека плаќаат! Родителите нека работат дење, ноќе за да ги исплатат!.....Срамота!

Не сум на правен и може не треба да се умешувам во муабетов, ама кај мене на факултет па се дешавало и се кога имаш напишано асистентот да ти скрати од ќејф 20 бода од 30 вкупно за некоја глупост за која не се ни кратат бодови само затоа што така му дошло. И кај ќе се буниш?
 
ние сме иднината на оваа држава!
Да беше така незадоволството ќе се искажеше на терен, а не вака. Протести немало, нема ниту да има, а вакви нелогичности на секој факултет.
Факултетите постојат само за ад се прават пари, а професорите само се грижат да смислат нов начин како да се исперат парите и да легнат на нивна сметка што поскоро.

Зошто не можат да се усогласат и да се договорат со кредитите, некаде се плаќа од кредит, некаде од предмет.
 
Чекај, нели гласаа и го реизбраа „тековниот“ декан !? :cautious: Само уште не е ратификувано од ректорот... инаку, да се слагам дека ги користат ваквите работи за собирање поени.

...
Не бе, родна умеша прсти изгледа сега неа ќе ја бирале............. неофицијално
 
Вие постарите колеги не не разбираат бидејќи вие поминувавте со прашања на заокружување, имавте поени од активност и есеј. Ние имаме 2 влезни колоквиума кои ни се УСЛОВ за да одиме на испит кој реќиси 99% е усмен. Колку и да сака некој да учи и да сака да е најдобар усно е секако потешко па и писмено да пишуваш 90 минути историја или право 20 страни за 6ка... Никако не можете да кажете дека заокружувањето е потешко од ова и ние имаме преелиминарни тестови знаеме како е. Ок ние го прифативме тој систем се зезнавме што потпишавме договори без да ги прочитаме, но сега постот на колегата Грмуш се однесува на тоа што ние мораме да презапишеме предмет со цена од 8 евра од кредит ако само ЕДНАШ го паднеме предметот на испит. Па некој да е Ајнштај неможе се од прва да положи. Затоа ве молам за разбирање. Правен го направија бетер од приватен факултет и ние се ќе направиме за да се избориме за тоа. Се надевам жќе добијам подршка од останатите бруцоши. Ова што ни се прави на нас е иживување.... Срамота е за факултетот тоа а и за сите што тоа што ни го прават го подржуваат.... Фала пријатно!
 
Незнам какви идиои зборите вака против децава, па на електро можеш испит да не го положиш и уште 3 пати да можеш да го преполагаш!
Лесно ви е да спиете дома и да коментирате! Па после македонците не биле сложни, па како сакате да битете?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom