Помош за тетка Сирма

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Дечки потребна е наша помош. Тетка Сирма е оставена сама на себе. Станува збор за 59 годишна жена која добива по 1000 денари социјална помош. Куќата и е накисната, и ја исклучиле струјата, а до пензија има уште три години. Жената не може да најде работа, зашто ја сметале за стара и никој не ја примал. Гладна е со денови. Со цел да и се помогне на 18 Мај во петок од 17 и 30 до 18:00 часот ќе се организира хуманитарна акција во Скопје. Собирен пункт е кај училиштето Смајли Старс кај Рампа во К.Вода. Исто така ќе се организира хуманитарна акција во Гостивар на 20 Мај ( кај амфитеатарот во Парк) од 12 до 13 часот.

Можете да донирате облека, обувки, храна, финансиски средства, средства за хигиена. Проширете ја веста може ќе дојде до ушите на некој што може повеќе да помогне.

http://www.roditeliideca.com.mk/index.php/forum?func=view&catid=103&id=198662
https://www.facebook.com/donacii

Срамота е во каква држава живееме. Кај ќе им оди душата на лоповиве кои ги оставаат без леб луѓево. ПУ!
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.630
Поени од реакции
35.149
Важно ние имаме врби и мостови, златни коњи и порта, а тоа што народот едвај сврзува крај со крај, тоа што секој трет ден се бараат донации за болни лица, тоа што постојат луѓе што живеат со 1000 денари социјална помош, тоа не е важно.

Се надевам дека добрите луѓе потворно ќе ја покажат хуманоста на дело.
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
А како можам да донирам бидеќи не сум од скопје?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
А како можам да донирам бидеќи не сум од скопје?
Македонска трагедија. Не можеме преку сметка, зашто овие од социјално за 500 денари прилив, и социјалното ќе и го земат на жената. Ако ви текнува така на една женичка што земаше социјално и го укинаа зашто од Храна и Вино добила дури 500 денари за рецепт. Париве како што ги разбрав организаторите на рака ќе и ги дадат на жената токму заради тоа.

Во каква држава живееме значи. Да не можеш на човек ни да му помогнеш ко што треба.
 
Абе државава ние лом.
Абе дали тие имаат ум, 500 денари ќе ја вадат цел месец?
Абе и 2 плати не ти се доволно да сврзиш крај со крај, па не со 1000 денари социјално, не можам ни да замислам во каква ситуација се наоѓа женичката.
Се надевам ќе добие некоја помош.

Бидеќи неможам да помогнам во овој случај, ќе раскажам по пријатели низ скопје, сигурно ќе дојдат.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Страшна приказна тежок живот. За жал овие луѓе не ги гледаме по кафичите на улица Македонија или во нови коли (аргументот дека македонците имаат пари, а само кукаат).
Ако сакате да донирате побарајте по пп трансакциона од оние што ќе одат и префрлете така пари.
HITCH; црвен крст да го алармираш за ова?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не знам што да ви кажам. Еден бес што ме фатил, мајке му стара!

Поентава е да не ја затрупаме женичкава со облека. Живеела во помало место, до пред некоја година постојано нешто си наоѓала да подработи, ама толку треба во оваа вукојебина за да останеш без леб. Среќа што барем има кров над глава. Најмногу ќе и помогне, пари, постелнина и огревно дрво. Зашто три години до пензија има маки да види.
 
P

Princ

Гостин
Абе, бес... нема потреба за бес. Ќе се потрудиме да и помогнеме ние колку што можеме, Господ здравје нека и даде и трошка среќа затоашто живот кој ти зависи од милостината на луѓето не е живот.
Мене ми е малку проблем времето и местото, не знам како ќе бидам со обврски баш во тој момент (а работата не ми е ограничена со работно време) башка Кисела Вода ми е бааги далеку од Кондово, ама би дал некој денар на некој форумџија што би се нафатил да ги пренесе до женава. leandra, ќе одиш ви петок? Некој друг? Јас утре планирам помеѓу 10 и 12 да бидам околу државна/рамстор.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Дечки јас ќе одам во петок таму, ако сака некој може таму да се најдеме. Само што абер немам кај се наоѓа ова Смајли Старс кај Рампа, ако може некој да ми подобјасни подетално да не лутам пошто времето е ограничено.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Абе, бес... нема потреба за бес. Ќе се потрудиме да и помогнеме ние колку што можеме, Господ здравје нека и даде и трошка среќа затоашто живот кој ти зависи од милостината на луѓето не е живот.
Мене ми е малку проблем времето и местото, не знам како ќе бидам со обврски баш во тој момент (а работата не ми е ограничена со работно време) башка Кисела Вода ми е бааги далеку од Кондово, ама би дал некој денар на некој форумџија што би се нафатил да ги пренесе до женава. leandra, ќе одиш ви петок? Некој друг? Јас утре планирам помеѓу 10 и 12 да бидам околу државна/рамстор.
Преку рокенрола ќе завршам работа, не ми одговара терминот имам обврски. Ете кој утре ќе биде слободен од 10 до 12 нека заврши работа и за тебе, ајде доброволци?
 
BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Преку рокенрола ќе завршам работа, не ми одговара терминот имам обврски. Ете кој утре ќе биде слободен од 10 до 12 нека заврши работа и за тебе, ајде доброволци?
Многу се, нема да можете да ги преброите.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Нејќам и јас да ви преставувам товар во броењето.
Во тој случај, немаш апсолутно никакво право да им мрчиш на непостоечките доброволци. Ист си како нив.
 
BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Во тој случај, немаш апсолутно никакво право да им мрчиш на непостоечките доброволци. Ист си како нив.
Напротив, од култура и почит према вас високоинтелегентни форумџии нејќам да ви преставувам товар при броењето, иначе ако се малце т.е мал број тогаш ќе се пријавам.
Ама знам дека ќе се пријавам...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom