Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Пентагон прекина курс за воена обука поради непријатлски однос кон исламот

Свет | 12. мај 2012 - 11:44
Во еден од прирачниците за посетителите на курсот било наведено и дека САД би можеле да ги нападнат светите муслимански градови Мека и Медина.

Share38

Американкото Министертсво за одбрана донесе одлука да прекине еден курс за воена обука, откако било увтдено дека на него се градел непријателски однос кон исламслата религија.
Како што пренесуваат американските медиуми, посетителите на курсот, наменет за воени офицери од среден ранг и за државни службеници, биле обучувани дека непријатели на САД не се само терористите, туку муслиманската религија во целина.
Во еден од прирачниците за посетителите на курсот било наведено и дека САД би можеле да ги нападнат светите муслимански градови Мека и Медина, независно од бројот на цивилните жртви при тие операции, слично како што фрлиле атомска бомба во Хирошима и го срамниле Дрезден со земја во текот на Втората светска војна.
- Тие го мрзат сето она што ти го претставуваш и некогаш нема да те сожалуваат, освен ако не им се потчиниш, изјавил на едно предвање еден од инструкторите на курсот, потполковник Метју Дули.
Според него, на Саудиска Арабија треба да и се упатат закани за изгладнување до смрт, исламот треба да се сведе на ниво на култ, а Мека и Медина треба да бидат уништени.
Минатата година, еден свој курс за обука на агенти откажа и американското Федерално истражно биро (ФБИ), откако беше утврдено дека на него биле изнесувани премногу критични ставови кон исламот.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Пропаганда на друга тема ... не тука !
Пропагандистите на форумов ако мислат дека некого ќе излажат се заебале ...
колку повеќе пропаганда толку повеќе одбивност .. без разлика од која религија ..
ко некој ефтини реклами од Топ Шоп сте ...
--- надополнето: 16 мај 2012 во 17:39 ---
Brazil’s famous footballer “Kaka” said ....
Како што поназад во темава е наведено ..

- Линк до веста
- Веста треба да е од некој релевантен медиум (да ... јас одлучувам што е релевантно ... ако е од некој пропагандистички сајт бришам!)
- Веста не треба да е постара од 7 дена (зошто ? па за да има хронологија на настаните .. да не биде турлитава на кој како кога ќе му текне да си постира и најважно да не се дуплираат новости!)

Очекувам да го дополниш постот (доволно ќе биде сам да си го реплицираш), во спротивно бришам.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.360
Шведските џамии ги советуваат жените да не пријавуваат семејно насилство


Во популарната емисија за истражувачко новинарство на Шведската телевизија, „Задача истражување“, две жени облечени во бурки и опремени со скриени камери и микрофони, посетија десетина најголеми џамии во Шведска со цел да побараат совет околу физичкото малтретирање во бракот, полигамијата и изнудувањето секс без согласност на сопругата.
Една од споменатите жени, која се преправаше дека била физички малтретирана сопруга, во шест џамии доби совет од страна на имамите никако да не го пријавува случајот во полиција.
Повеќемина министри во шведската Влада реагираа остро во однос на советите што жените ги добиваат во џамиите во земјата.
- Тоа е неприфатливо. Нерамноправноста и насилството во бракот е сосема неприфатливо, изјави министерот за интеграции Ерик Уленхаг.
Џамиите, во кои жените пред скриена камера беа советувани на споменатиот начин, ризкуваат да останат без државни дотации.
- За добивање државни дотации предуслов е почит кон елементарните вредности во општетството, потенцира Макс Стокман од шведскиот Совет за државна поддршка на конфесионални заедници.
Претседателот на Исламскиот сојуз во Шведска Омар Мустафа вчера во интервју за Шведската телевизија тврдеше дека проблемот е во „приучените“ имами, кои немаат доволно знаења во областа на исламската теологија и во однос на начинот на кој функционира шведското општество.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Добро ги советуваат.
Што има некоја НВО или државна институција да ми се мешаат во приватен живот?

Кај нас семејно насилство значи некој од семејството да го претепаат, што е логично само по себе дека е насилство.

Но на запад, насилство значи - повишен тон.

Едни наши пријатели од Канада имаа проблем пошто комшиите ги пријавиле кога се карале.
Полицијата им дошла на врата со некакви си службеници и им се заканувала дека мажот ќе лежи во затвор, а жената почнале да ја убедуваат да подигне тужба против мажот. Жената им рекла дека немаат право да им се мешаат во сексуалниот живот, мажов уште толку се напалил и ги избркал пијавиците.
Си отишле со опашката свиткана во гз, само им рекле другпат да бидат потивки.

До таму стигна работата на Запад...
 
M

Muranyi

Гостин
За муслиманите слобода, за христијаните доживотен затвор

Египетски суд осуди вчера 12 христијани на доживотна казна затвор, а ослободи осум муслимани во случајот предизвикан од верските тензии во јужниот дел на земјата.
Христијаните се прогласени за виновни поради предизвикување на немири во јавноста, нелегално поседување на оружје и поради убиство на двајца муслимани во април минатата година во провинцијата Миња, на околу 220 километри јужно од престолнината Каиро.
Верските тензии во Миња лани прераснаа во насилство кога беше претепан еден муслиман во кавга со обезбедувањето на куќата на еден богат христијанин. По собирањерто на муслиманите, христијаните мислејќи дека ќе бидат нападнати, отвориле оган кон масата и убиле две лица, а две беа ранети. Налутени муслиманските селани следните денови запалиле неколку десетини куќи и продавници на христијаните.
Осум муслимани на судењето беа обвинети поради нелегално поседување на оружје и палење на имотот на христијаните по пукањето.
- Фактот дека муслиманите се ослободени од обвинението значи дека истрагата на јавниот обвинител од почетокот не била чесна, бидејќи постојат докази дека тие луѓе ги палеле имотите на христијаните, изјави локалниот активист за заштита на човековите права, Исак Ибрахим.
Државниот суд пресудата ја соопшти вчера и на неа нема право да се поднесе жалба. Владејачкиот Воен совет е единственото тело, кое може да побара повторно судење.
Христијаните, кои сочинуваат околу десет проценти од околу 80 милионското население на Египет, се жалат на судовите и полицијата, кои често пати ги дискриминираат и се насилни кон нив.
http://denesen.mk/web/2012/05/22/za-muslimanite-sloboda-za-hristijanite-dozivoten-zatvor/
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Иако е постара оваа вест, еве мал update:

"Евангелието кое ќе го сруши христијанството" наскоро во Анкара...

Религискиот текст за кој се смета дека датира од петтиот век, би можел да ги раздрма темелите на христијанството.
Турските власти веруваат дека би можело да се работи за оригиналната верзија на Евангелието на Исусовиот ученик Барнабе. Иранските медиуми пак храбро изјавуваат дека содржината на книгата би можела да предизвика пад на христијанството и да докаже дека исламот е 'единствената и исправна вера'. Книгата е напишана на старосиријски јазик, а моментално се наоѓа во Палатата на правдата во турскиот главен град Анкара, а наскоро под полициски надзор ќе се пренесе во етнографски музеј.

Останатите медиуми ги исмејуваат тврдењата на иранските експерти, сметајќи дека се работи за ефтина антихристијанска пропаганда, но Басиј Прес тврди дека во Евангелието се предвидува големото враќање на пророкот Мухамед кој со своето пристигнување конечно ќе го спаси светот од гревови. Исто така, тврди дека Исус никогаш не бил распнат и дека токму тој го предвидел пристигнувањето на Мухамед.

Извор: www.tocka.com.mk/8/67253/evangelieto-koe-ke-go-srusi-hristijanstvoto-naskoro-vo-ankara

Од што веќе незнаат што да направат, се решаваат да прават вакви огромни гревови. Со овие лаги и гревови ја оправдуваат својата лицемерна и злобна религија. Ај да видиме како оваа лага ќе го сруши христијанството и верата наша.
 
С

Само Човек

Гостин
Иако е постара оваа вест, еве мал update:

"Евангелието кое ќе го сруши христијанството" наскоро во Анкара...

Религискиот текст за кој се смета дека датира од петтиот век, би можел да ги раздрма темелите на христијанството.
Турските власти веруваат дека би можело да се работи за оригиналната верзија на Евангелието на Исусовиот ученик Барнабе. Иранските медиуми пак храбро изјавуваат дека содржината на книгата би можела да предизвика пад на христијанството и да докаже дека исламот е 'единствената и исправна вера'. Книгата е напишана на старосиријски јазик, а моментално се наоѓа во Палатата на правдата во турскиот главен град Анкара, а наскоро под полициски надзор ќе се пренесе во етнографски музеј.

Останатите медиуми ги исмејуваат тврдењата на иранските експерти, сметајќи дека се работи за ефтина антихристијанска пропаганда, но Басиј Прес тврди дека во Евангелието се предвидува големото враќање на пророкот Мухамед кој со своето пристигнување конечно ќе го спаси светот од гревови. Исто така, тврди дека Исус никогаш не бил распнат и дека токму тој го предвидел пристигнувањето на Мухамед.

Извор: www.tocka.com.mk/8/67253/evangelieto-koe-ke-go-srusi-hristijanstvoto-naskoro-vo-ankara

Од што веќе незнаат што да направат, се решаваат да прават вакви огромни гревови. Со овие лаги и гревови ја оправдуваат својата лицемерна и злобна религија. Ај да видиме како оваа лага ќе го сруши христијанството и верата наша.
едно време од 15 беше, океј не е проблем
ПРОБЛЕМ пишува дека месијата е мухамед, а не исус. Ова е спротивно и на Куранот.
Кој во куранот е месија

„А кога ангелите рекоа: ”О Мерјема , Аллах ти јавува радосна вест, од Него Реч: име ќе му биде Месија, Иса, син Мерјемин, “ (Али Имран 3:45, Куран)

Куранот пишува дека Иса (Исус) го најавил Мухамед како Ахмед, а не како Мухамед:

„А кога Иса, синот Мерјемин, рече: „О синови Израилови, јас сум ви Аллахов пратеник да го потврдам пред мене објавениот Теврат и да ви донесам радосна вест за пратеникот чие име е Ахмед, кој ќе дојде после мене““ (Ес Сафф, 61:6, Куран)

ФАЛШ БИБЛИЈА, или бизнис , не им пројде
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Сам себе се убијал. Смешни се
А дури и за Ахмед имаат решение. Ахмед-Мухамед исто е хаха
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
рквите во САД собираат пари од верниците за борба против геј браковите










25.05.2012 | 13:44
Црквите во американската држава Мејн оваа недела на Денот на татковците, ќе почнат од верниците на мисите да собираат пари за кампања која ќе се спроведе за граѓаните на референдум да гласаат против истополните бракови.

Извршниот директор на евангелистичката организација на Христијанската граѓанска лига на Мејн, Керол Конли Џуниор, рекол дека помеѓу 150 и 200 цркви ќе се вклучат во собирањето на пари за кампањата против истополните бракови.

“Сакаме да испратиме порака дека оние кои бараат да се промени дефиницијата на бракот во Мејн веруваат дека нема разлики помеѓу мама и тато“, рекол Конли, додавајќи дека тие мислат дека тие разлики се многу важни.

“Веруваме дека децата имаат корист кога растат во идеално окружување во кое постои и мама и тато“, рекол Конли.

Организацијата “Да го заштититиме бракот во Мејн“ контактирала околу 800 цркви од кои иницијативата за собирање на пари ја прифатиле околу 150. Но, од друга страна постојат и такви кои ги поддржуваат хомосексуалните бракови.
 
С

Само Човек

Гостин
недела, 27 мај 2012, 10:35

Европа

Католичката црква во Словачка против вештачкото оплодување
Католичката црква во Словачка јавно соопшти дрка е против дарувањето сперма и јајце клетки на двојките кои не можат да имаат деца
Како што пренесоа чешките медиуми, црквата смета дека секое дете има право на живот, но тој треба да биде пренесен од сопружничката љубов. Поткомитетот за биоетика на Теолошката комисија на Конференцијата на бискупи во Словачка во своето соопштение наведе дека постапките на вештачко оплодување го заменуваат спојувањето дојдена од љубов на двајца кои се во брак и пренесуваат нов живот, што е противречно на смислата на оплодување како израз на единките во бракот.
- Вистински родители на детето се донаторот или донаторката.Другиот сопруг во случајов е само социјален родител, со што во бракот се создава сериозен проблем - се вели во Извештајот на Комисијата.
Според Католичката црква, секое дете има право да биде зачнато со посредство на изразена сопружничка љубов меѓу маж и жена, да биде носено и родено од сопствената мајка.
Католичка црква смета дека донаторите треба да знаат дека нивната сперма или јајце клетки можат да бидат злоупотребени при експериментите.
Според говорите на Папата Бенедикт Шеснаесетти и тој се заложува за забрана на вештачкото оплодување, повикувајќи ги експертите во лечењето на неплодноста да се откажат, од „лесната заработувачка и ароганцијата да го заземат местото на Создавачот“.
Папата, порачува дека бракот е единствено место за создавање на човечко суштество. Ватикан службено се спротивставува на вештачкото оплодување, пред се поради „замрзнувањето и експериментирањето со ембриони, кои се живи суштества“.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Видеото кое ја покажува жената како се спротивставува на верската полиција во трговски центар во Ријад во Саудиска Арабија, последниве денови привлече големо внимание.
Имено, членовите на верската полиција сакале да ја избркаат жената од трговскиот центар поради лакот на ноктите.

Жената која го снимила видеото, одлучно им се обратила со цел да им даде до знаење дека немаат право да ги малтретираат луѓето, дека е слободна жена и може да се шета со лак на ноктите, а воедно и дека нема во план да излезе од трговскиот.

Инаку, припадниците на верската полиција често патролираат по трговските центри, а најчести жртви им се жените кои не го носат велот и невенчаните парови кои шетаат заедно, бидејќи по исламскиот закон тоа не е дозволено.


Извор: http://tocka.com.mk/1/67487/eve-ja-saudijkata-koja-i-se-sprotivstavi-na-verskata-policija
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.360
Вахабистите го сквернават исламот и ги навредуваат чувствата на муслиманите


Водечките исламски научници од 23 земји од светот донесоа колективен богословски заклучок со кој го осудуваат екстремизмот. Меѓународната конференција Исламска доктрина против радикализмот започна на 25 мај во Москва, а заврши на 28 мај во престолнината на Чеченија, градот Грозни.
Фатвата што би го осудила секое манифестирање радикализам, а и би забранила користење на основните исламски термини како џихад и калифат во политички цели, денес е повеќе од потребна. Тоа е важно, и тоа не само за муслиманскиот свет, уверен е заменикот на врховниот муфтија на Централната духовна управа на муслиманите од Русија, Албир Крганов.
Денес постојат разни толкувања на терминот ислам и разни луѓе се обидуваат да ги искористат тие толкувања на различни начини. За жал, сето тоа создава многу проблеми, особено меѓу младите, кои не ја знаат премногу добро основата на религијата и разните радикални кругови се обидуваат тоа да го искористат за свои комерцијални цели. Затоа официјалното свештенство и духовната управа имаат задача правилно да им објаснат на луѓето што значат тие термини и да кажат што бараат нормите на исламот.
Според богословскиот заклучок усвоен во Грозни, терминот џихад воопшто не значи света војна, како што тој термин го толкуваат екстремистите, туку едноставно борба против пороците. Од сега поимот такфир треба да се сфати само како обвинување за неверување, а не како повик за уништување на неверниците. Калифат не е ништо друго туку системот на исламската држава, термин што нема ништо заедничко со тоталитарното владеење.
Актуелниот религиозен правилник строго забранува насилство од страна на муслиманите кон претставниците на другите религии и гонење на браќата по вера. Фатвата исто така ги осудува радикалните толкувања на исламските правни ставови што се однесуваат на прашањата за војна и мир, посегнувањето по правата и слободите на човекот, прекршувањето на законите на земјата во која се живее.
Едни од иницијаторите за појавата на оваа фатва се муслиманите од Кувајт. Како што истакна за време на конференцијата во грозни првиот заменик на министерот за надворешни работи и вакуф на Кувајт Адел Абдала Ал Фалах, вахабистите немаат ништо заедничко со вистинскиот ислам, тие со своите криминални дејства ја сквернават религијата и ги навредуваат чувствата на муслиманите. Токму затоа е толку важно усвојувањето на актуелниот богословски заклучок.
Ова не е првата и последна фатва што ги осудува насилството и злото во историјата на современиот ислам, но бројот на терористите сепак не се намалува, смета експертот за ислам Роман Силантјев.
Терористите од различни земји имаат свои специфични карактеристики. Во Русија, на пример, постои сосема конкретен вид терористи што им припаѓаат на сосема конкретни идеолошки текови. Заклучокот донесен во Грозни му е посветен на тероризмот во целина. Веројатно од научна гледна точка оваа конференција е многу корисна.
Една од причините за појавувањето на радикалниот ислам е таканареченото алтернативно богословие. Денес во светот нема единствена, канонска верзија на Коранот. А постојните толкувања во различни земји раѓаат различни богословни школи. Единствениот приод кон Светата книга на муслиманите ќе им ја одземе идеолошката основа на исламскиот тероризам и екстремизам, смета историчарот Роман Силантјев.
Времето ќе покаже колку ќе биде делотворна фатвата усвоена во Грозни. Заклучокот ќе биде објавен во сите земји каде што живеат муслимани. Ставовите на актуелниот документ не само што ќе се предаваат на разните исламски институти, туку и ќе влезат во текстовите на верската научна литература.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.360
Турски композитор се соочува со 18 месеци затвор затоа што рекол дека е атеист

Tурскиот композитор Фазли Сај се соочува со затворска казна од 18 месеци затоа што на својот Твитер профил се изјаснил како атеист.


Пијанистот и композитор е обвинет за вреѓање на религиски вредности, а судењето му почнува во октомври во Истанбул.

- Кога признав сите ме навредуваа. Најверојатно јас сум првиот човек на светот на кого ќе му се суди затоа што принзал дека е атеист, вели Сај.
Сај кој е ценет уметник и културен амбасадор на ЕУ го навлекол гневот на турските конзервативци со серијата провокативни пораки за исламот објавени на Твитер. Во интервју дадено во април, тој вели дека се чувствува потполно отфрлен од турското општество откако признал дека е атеист и дека неговите критичари покажале растечка културна нетолеранција во таа држава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom