Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.793
Поени од реакции
26.353
И мене нешто што најмногу може да ме изиритира, без оглед кој е во прашање, се грешките во правописот.
Луѓе што не разликуваат мои од мој, и кај што не треба спојуваат зборови, кај што треба не спојуваат. Кога ќе видам сестрами, дечкоти, нај влијателен, коса ми се крева.
Но не на форум. Тука не можам да обрнувам внимание, жалосно е во колкава мера луѓето не знаат да пишуваат.
Не зезај, не е до незнаењето да се пишува, пишувањето е како стекнат рефлекс, и понекогаш може да ти се деси грешка не од што човек незнае, туку од брзање или негрижа. Глупо би било да најдеш грешка во лектуриран текст, иначе во обичен текст.... сепак мислам дека тоа не е незнаење. Еве земи го и мојот текст, гарант ќе најдеш некоја печатна или граматичка грешка во него или плус-минус некоја запирка, па дури и да го прегледам.

Или па кога ќе земам да пишувам на хартија, толку сум заборавил што мешам латиница и кирилица и пишувам доста споро, додека кога се образовав, пишував многу брзо, читко, точно и ситно. Све ти е навика тоа.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
само што дојдовод работа,бев 3см. и ја читам расправијава
до каде отишла,односно забегала а темата е
Релација Провинција-Скопје
Сега само ќе се задржам на насловот т.с. стрикно за него

За Скопје (прво за него да кажам) провинција е: Ново село,Сарај,Волково,
Стајковци,Смилковци,Мралино,Кадино,Сопиште,Бразда,Глуво,Радишани.
Но за Скопје кое јас го познавам некогаш Автокоманда беше провинција или поточно почеток односно крај на градот.Тука беа касарните - авто единица главниот влез се уште стои,тоа е она „бетонско“над цвеќарата.
Синѓелич, Маџари или Козле беа далечни села.
На излет се одеше во: Кисела вода,Тасино чешмиче или Капиштец.Сега овие места не постојат како такви,некогаш беа надвор од градот.Тука околу нив беше празно,немаше куќи а сега е цел град над овие места.

Провинција не е Велес, Тетово или Куманово. Тие и другите градови си се сами за себе центри. Па затоа ни во однос на Скопје не се провинција.
За Велес може да е провинција: Тунелот или Превалец. Може и вака да се каже Порцеланка и Свилара се на или во провинција на Велес.
Башино село си е Башино село,иако најблиску е до Велес.Тоа не би го ставил во провинција.Затоа што и тоа си има своја провинција и центар.
Во овој случај сега на провинција на селото Башино село се повеќе објекти:отпади,бензиска пумпа,сервиси,произвоствени погони и сл. или и тука е крајот или почеток на селото,(а до пред 15 год беа ниви и лозја) дури и има и новоизградени куќи од жители на околни села:Кумарино,Новачани и др.( тие може да се наречат дојденци но никако провинцијалци, наспроти тукашните или староседелците.

Јас работам веќе 40 години. Во поголема компанија каде поминале неколку илјади работници.Првото прашање,при контакт,разговор или пак со понепознат или новопримен е: од каде си ?
Јас кажувам од Скопје, ја кажувам вистината, немам друг одговор.
Ама тоа тие другите не го очекуваат,дури осеќам им е чудно и веднаш уште едно прашање. А од кај си дојден ?
Јас се запрепастувам што да дговорам, а одговорот е ист. Скопје.
Но следува: а мајкати од каде, ај не лажи дури ќе употребат.
Јас веќе вџашен кажувам:кај ти се гробиштата од таму си.
Неверојатно но вистинито.Гробиштата на родителите на моите родители
се тука во Скопје, тогаш јас од каде сум.А и нивните се тука.
Признавам скоро и да не познавам некој во компанијата „тукашен“, сите се од некаде. Никогаш ама баш никогаш до сега овие 40 години не сум го употребил зборот провинцијалец,спрема никого. А сум кажал Кумановец
како е, што има ново.Ако треба ќе кажам Мариовец (што е и вистина) за
некој мој колега бидеиќи знам дека е од таму но не и провинцијалец.
Никогаш тоа мене ми е туѓо, тоа е сега измислено,така не беше порано.
Еве за оние жители во Стајковци или Мралино никогаш не сум чул ама баш ниеднаш да рекол некој провинцијалци, туку Паланчани.
Мене и на никого не му сметале или да не сме живееле со било кого од новодојдените или населените во Скопје.Па нив ги има и повеќе него ли нас,и тоа многу повеќе.Во градежните компании блиску се до 100% тие.
Кај мене преовладуват,прилепчани,кумановци,поречани и во поново време овие години велешани. (од кога ги затвирија таму фабриките)
Ако ги прашаш прилепчани, тие одговараат од Прилеп, а инаку се од:Ропотово,Мажучиште,Дебреште,Секирци,Слепче,Коњари,Св.Митрани.
Јас веднаш би кажал од: Воѓани, Бела Црква или Пашино Рувци односно точно од каде сум,не би се срамел.Пробајте прашајте дали во стотина паланчани еден ќе ви каже дека е од Подржикоњ,Мождивњак или Отља.
Е сега уште да одговориме кој е Скопјанец.Мора да има некој како мене.
Јас освен еден дом,два кауча и две парцели во Бутел немам друго.
А такви се повеќето од нас тукашни.И јас не ми дале да бирам од кај да бидам,од тука сум,од никаде а колку би сакал да бидам од некаде.
Па да и оној ќе го рачунам од Скопје што ќе дојде во 18 часот пред врата на воена болница, (само не е 8 септември ни Филип 2, ни гарнизонска)

Стварно незнам,од каде излегол овој збор: провинцијалец да се сега толку спомнува и употребува, а кога може на пр.Велешанец или дојден од Велес,населен тука и сл.Дури и од внатрешноста што е спомнато не би одговарало,значи ли тоа дека има и од надворешноста,или Скопје е некаде надвор, а Берово и Дебар се внатре (а знаеме колку внатре)
Да не сами си се нарекуват така, како во првиот пат во првата тема за исти овој проблем што се нарече „провинцијалец“ а сега се прекрстил.

За вработувањето во друга прилика, исто така ќе образложам.
Ќе биде многу интересно ви ветувам. Анчо од Скопје.
Конечно некој што успеа да ја долови големата слика... Ти симнувам капа. 100% се согласувам со тебе , па дури и за тоа дека многумина се срамат од своите корени (примерот со прилепските и паланечките села што ги наведе). Ја на пример сум од Паланка. Родена таму, цел живот сум живеела таму. Но моите родители се родиле на село, во градот се преселиле дури кога се земале. Не се срамат од тоа. А не се срамам ни јас. Дури и личните документи ми се водат на адреса: село Некое-си-таму. Па што? Горда сум на своето потекло. И тоа што моментално сум во Скопје (последниве 5-6 години ) не го менува фактот дека сум Паланчанка (или како што милуваат да кажат - провинцијалка). Ама тоа не ме прави помалку вредна од сите овие Скопјени што овде се натегаат на темава како демек провинцијалците се вакви, провинцијалците се онакви, а уствари од нив 90% доаѓаат од (или живеат во) места кои до вчера биле провинции. Што ако сега живеам во Автокоманда? Целата Автокоманда е една провинција. Тука е многу тешко (читај невозможно) да најдеш Скопанец. Во Бутел живеев 4 години. Е таму веќе може да се најдат Скопјани, но и од нив повеќето максимум до трето колено се чистокрвни Скопјани. И на што се сведува целата тема? Можеме да се препукуваме сите до утре сабајле, ама факт е дека Скопје не би било Скопје без „дојденците“, исто како што Скопје не би било Скопје без Скопјаните.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Не зезај, не е до незнаењето да се пишува, пишувањето е како стекнат рефлекс, и понекогаш може да ти се деси грешка не од што човек незнае, туку од брзање или негрижа. Глупо би било да најдеш грешка во лектуриран текст, иначе во обичен текст.... сепак мислам дека тоа не е незнаење. Еве земи го и мојот текст, гарант ќе најдеш некоја печатна или граматичка грешка во него или плус-минус некоја запирка, па дури и да го прегледам.

Или па кога ќе земам да пишувам на хартија, толку сум заборавил што мешам латиница и кирилица и пишувам доста споро, додека кога се образовав, пишував многу брзо, читко, точно и ситно. Све ти е навика тоа.
Јамајка, кога некоја грешка се повторува 50 пати, значи дека личноста така го усвоила пишувањето на некој збор. Но како што кажав, не обрнувам внимание на форум.
Во средно паметам, на писмени по Македонски, такви глупости имав прочитано.
Е да, тоа е неписменост, и затоа се оди во школо, за да се научи како треба. А на писмена по Македонски, не постои изговор за незнаење, освен мрзата да се научи.
Батали на форум. Батали што кога ќе седнеме на кафе секој ќе почне со својот дијалект. Секој втор збор мене ,,пер,, ќе ми биде. Ќе ме прашаат од ,,дека,, сум. Не е тоа важно.. важно е да се направи дистинкција каде може и не е страшно, а каде не може и е страшно.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.793
Поени од реакции
26.353
Јамајка, кога некоја грешка се повторува 50 пати, значи дека личноста така го усвоила пишувањето на некој збор. Но како што кажав, не обрнувам внимание на форум.
Во средно паметам, на писмени по Македонски, такви глупости имав прочитано.
Е да, тоа е неписменост, и затоа се оди во школо, за да се научи како треба. А на писмена по Македонски, не постои изговор за незнаење, освен мрзата да се научи.
Батали на форум. Батали што кога ќе седнеме на кафе секој ќе почне со својот дијалект. Секој втор збор мене ,,пер,, ќе ми биде. Ќе ме прашаат од ,,дека,, сум. Не е тоа важно.. важно е да се направи дистинкција каде може и не е страшно, а каде не може и е страшно.
Ок, ти си имаш изградено пониско ниво на толеранција, кога е во прашање официјалната употреба на литературниот Македонски јазик. Што е сосема во ред и исправно. Јас малце се нервирам кога ќе речат за литературниот јазик дека е Скопски. Уствари во Скопје највеќе се збори литературно и ретко можеш да слушнеш Скопски дијалект.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.696
Поени од реакции
4.869
И дување лепак ти е пукање во глава ;)

*Да ви се посерам во субтилните игри.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Ок, ти си имаш изградено пониско ниво на толеранција, кога е во прашање официјалната употреба на литературниот Македонски јазик. Што е сосема во ред и исправно. Јас малце се нервирам кога ќе речат за литературниот јазик дека е Скопски. Уствари во Скопје највеќе се збори литературно и ретко можеш да слушнеш Скопски дијалект.
Македонски со мала буква се пишува. (Извини, ама морав) ;)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.793
Поени од реакции
26.353
Македонски со мала буква се пишува. (Извини, ама морав) ;)
ОК, најискрено знам како се пишува. Но никогаш(добро не никогаш ама многу ретко :) ) нема да ме видиш да го напишам со мала буква, едноставно не ми дава совеста. И кога би имал моќ би го сменил тоа правило, па макар и да важи само за Македонскиот јазик.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
1.Грција била македонска провинција во времето на Александар Македонски,моментално нашава држава не располага со свои оригинални територии,не пак со провинции
2.Незнам што е фамата толку што сите се селат во Скопје,во другите градови нема работа,нема забава,нема продавници,паркови,факултети?Јас лично ако би имал имот во Гевгелија одма би се преселил,градчето е закон
3.Скопје после земјотресот бил изграден во еден од најубавите,најплански изградените градови во Европа,но градот не е планиран за да има милион жители,ама тоа некој не го разбира.Кога бев мал Кисела Вода беше многу убава населба,имаше малку згради,куќи,зелени површини,ниви,овоштарници,рај да растеш таму.Сега градат неплански згради на секој чекор,во срцето на населбата(поранешното село Кисела Вода)никна населба за 20.000 луѓе,и погодете што,пола и више од луѓето се од други градови.
3.Единствен начин да се спаси Скопје,но и другите градови е да се направи баланс на пр.да се премести Собранието во Битола,нека ја стават Владата во Струмица на пример,и како може во УСА,Велика Британија сите големи универзитети да се сместени во некои мали градчиња?
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
О не, пума со нејзините демагогии. Run for your life!

ОН

Добро бе, уште се делите на провинцијалци и ариевци ака скопјани?
Јас мислев дека ова делење е шега и ремет, али како што гледам и крв ке падне уште малку.
И после се чудите зошто не ве примаат во ЕееееУуууу. Епа нема да ве примаат кога уште малку ке почнете дa се делите и на атомско ниво.

ПС
Дали ако скопјанец дојде во друг град тоа него го прави провинцијалец...
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.506
Поени од реакции
28.865
Mene mi izgleda kako perfektno da gi vladees I dvete disciplini, kako prava provincijalka...ili velesanka, whatever helps you sleep at night :D
pa bi trebalo da gi vladeam, I ought to know, na provincijalcite ne im e se na tacna, ne se rodeni so cista skupska krf i srebrena lazica od skupskoto dobroutro, ili srebreno dildo, whatever helps you sleep at night.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Provincial = not fashionable or sophisticated.​
Го праи или не, а Ајнштајн?​
По оваа дефиниција за провинцијалец што ја напиша ти:
Скопјанец доагањето во Струмица (рандом град) не/го прави провинцијалец исто како што и Струмичанец доагањето во Скопје не/го прави провинцијалец.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom