само што дојдовод работа,бев 3см. и ја читам расправијава
до каде отишла,односно забегала а темата е
Релација Провинција-Скопје
Сега само ќе се задржам на насловот т.с. стрикно за него
За Скопје (прво за него да кажам) провинција е: Ново село,Сарај,Волково,
Стајковци,Смилковци,Мралино,Кадино,Сопиште,Бразда,Глуво,Радишани.
Но за Скопје кое јас го познавам некогаш Автокоманда беше провинција или поточно почеток односно крај на градот.Тука беа касарните - авто единица главниот влез се уште стои,тоа е она „бетонско“над цвеќарата.
Синѓелич, Маџари или Козле беа далечни села.
На излет се одеше во: Кисела вода,Тасино чешмиче или Капиштец.Сега овие места не постојат како такви,некогаш беа надвор од градот.Тука околу нив беше празно,немаше куќи а сега е цел град над овие места.
Провинција не е Велес, Тетово или Куманово. Тие и другите градови си се сами за себе центри. Па затоа ни во однос на Скопје не се провинција.
За Велес може да е провинција: Тунелот или Превалец. Може и вака да се каже Порцеланка и Свилара се на или во провинција на Велес.
Башино село си е Башино село,иако најблиску е до Велес.Тоа не би го ставил во провинција.Затоа што и тоа си има своја провинција и центар.
Во овој случај сега на провинција на селото Башино село се повеќе објекти:отпади,бензиска пумпа,сервиси,произвоствени погони и сл. или и тука е крајот или почеток на селото,(а до пред 15 год беа ниви и лозја) дури и има и новоизградени куќи од жители на околни села:Кумарино,Новачани и др.( тие може да се наречат дојденци но никако провинцијалци, наспроти тукашните или староседелците.
Јас работам веќе 40 години. Во поголема компанија каде поминале неколку илјади работници.Првото прашање,при контакт,разговор или пак со понепознат или новопримен е: од каде си ?
Јас кажувам од Скопје, ја кажувам вистината, немам друг одговор.
Ама тоа тие другите не го очекуваат,дури осеќам им е чудно и веднаш уште едно прашање. А од кај си дојден ?
Јас се запрепастувам што да дговорам, а одговорот е ист. Скопје.
Но следува: а мајкати од каде, ај не лажи дури ќе употребат.
Јас веќе вџашен кажувам:кај ти се гробиштата од таму си.
Неверојатно но вистинито.Гробиштата на родителите на моите родители
се тука во Скопје, тогаш јас од каде сум.А и нивните се тука.
Признавам скоро и да не познавам некој во компанијата „тукашен“, сите се од некаде. Никогаш ама баш никогаш до сега овие 40 години не сум го употребил зборот провинцијалец,спрема никого. А сум кажал Кумановец
како е, што има ново.Ако треба ќе кажам Мариовец (што е и вистина) за
некој мој колега бидеиќи знам дека е од таму но не и провинцијалец.
Никогаш тоа мене ми е туѓо, тоа е сега измислено,така не беше порано.
Еве за оние жители во Стајковци или Мралино никогаш не сум чул ама баш ниеднаш да рекол некој провинцијалци, туку Паланчани.
Мене и на никого не му сметале или да не сме живееле со било кого од новодојдените или населените во Скопје.Па нив ги има и повеќе него ли нас,и тоа многу повеќе.Во градежните компании блиску се до 100% тие.
Кај мене преовладуват,прилепчани,кумановци,поречани и во поново време овие години велешани. (од кога ги затвирија таму фабриките)
Ако ги прашаш прилепчани, тие одговараат од Прилеп, а инаку се од:Ропотово,Мажучиште,Дебреште,Секирци,Слепче,Коњари,Св.Митрани.
Јас веднаш би кажал од: Воѓани, Бела Црква или Пашино Рувци односно точно од каде сум,не би се срамел.Пробајте прашајте дали во стотина паланчани еден ќе ви каже дека е од Подржикоњ,Мождивњак или Отља.
Е сега уште да одговориме кој е Скопјанец.Мора да има некој како мене.
Јас освен еден дом,два кауча и две парцели во Бутел немам друго.
А такви се повеќето од нас тукашни.И јас не ми дале да бирам од кај да бидам,од тука сум,од никаде а колку би сакал да бидам од некаде.
Па да и оној ќе го рачунам од Скопје што ќе дојде во 18 часот пред врата на воена болница, (само не е 8 септември ни Филип 2, ни гарнизонска)
Стварно незнам,од каде излегол овој збор: провинцијалец да се сега толку спомнува и употребува, а кога може на пр.Велешанец или дојден од Велес,населен тука и сл.Дури и од внатрешноста што е спомнато не би одговарало,значи ли тоа дека има и од надворешноста,или Скопје е некаде надвор, а Берово и Дебар се внатре (а знаеме колку внатре)
Да не сами си се нарекуват така, како во првиот пат во првата тема за исти овој проблем што се нарече „провинцијалец“ а сега се прекрстил.
За вработувањето во друга прилика, исто така ќе образложам.
Ќе биде многу интересно ви ветувам. Анчо од Скопје.