Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Ете PurplePuma гледаш за што се работи сака да дојде во скопје да ни го земе работното место (клати врата зимај плата).
Едноставно не му се работи. Мисли дека тоа е испод него ние требало од скопје да идеме у провинција а он заслужувал да работи тука!
--- надополнето: 15 мај 2012 во 20:31 ---

Нели сфаќаш бе друже дека таму ќе бидеш газда а овде ќе слугуваш?
Секој заслужува да работи она што може според можностите и способностите.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Погрешно ме свати,Охригани ги нарекуваат провинцијалци,велешани исто,битолчани исто..зошто?!Затоа што не се од Скопје....?!Ако одиме така,за мене скопјани се провинцијалци...и за секој од друг град...каква е таа поделба?Јас сум роден во Велес,живеам 24 години во Велес и не се осеќам како провинцијалец само затоа што не сум во Скопје!
За полесно разбирање и од причина што повеќе од третина од населението живее во скопје постои таквата поделба значи провинција и скопје. Не е со негативен контекст значењето на зборот провинција и е прилично објаснувачки.
 
F

fantomX

Гостин
Најубаво би било за сите што си се родени во скопје да си седат во скопје тие што си се од провинција да си живеат таму. Тоа е единствено решение кое делува рационално пошо вака не е на арно ем градот ни е пренаселен ем нема кој земјоделие да работи.
Моментот за таква развојна определба бил пред 15-20 години, како Словенија што направила.
Сега е готово, провинција хибернира (со исклучок на Тетово од странските пари на брачата, Кавадарци од солидна индустрија и можеби Струмица мада не сум сигурен за таму). Сега цел обрт на пари и капитал е во Скопје.
Никој не доаѓа во Скопје од желба или бес, маката или поточно бизнисот така налага.
--- надополнето: 15 мај 2012 во 20:47 ---
Да, ама треба и да имаат услови за да живеат таму. Немаат каде да мрднат од дома, немаат основни услови за живот.
Основни услови има. Но ништо повеќе од тоа.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Моментот за таква развојна определба бил пред 15-20 години, како Словенија што направила.
Сега е готово, провинција хибернира (со исклучок на Тетово од странските пари на брачата, Кавадарци од солидна индустрија и можеби Струмица мада не сум сигурен за таму). Сега цел обрт на пари и капитал е во Скопје.
Никој не доаѓа во Скопје од желба или бес, маката или поточно бизнисот така налага.
--- надополнето: 15 мај 2012 во 20:47 ---

Основни услови има. Но ништо повеќе од тоа.
Затоа словенија е словенија а ние сме нешто друго али штом така сакате така нека ви биде.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Како е тоа „така“ што го сакаме, не те разбирам?
Единствен проблем во оваа земја е што сите сакаат да пијат кафе а на никој не му се работи. Услови има а ако нема ќе ги направиш. Цел народ се жали и никој ништо не работи!
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Ете PurplePuma гледаш за што се работи сака да дојде во скопје да ни го земе работното место (клати врата зимај плата).
Едноставно не му се работи. Мисли дека тоа е испод него ние требало од скопје да идеме у провинција а он заслужувал да работи тука!
--- надополнето: 15 мај 2012 во 20:31 ---

Нели сфаќаш бе друже дека таму ќе бидеш газда а овде ќе слугуваш?
А дипломата дипломиран инжинер по информатика која кај и да е за една година ќе ја земем да се вратам и да одам во село земјоделие да работам и да ја закачам над шталата на дедо така да се гордеем кога ќе копам ? И што ти ако си од Скопје треба да имаш предност пред мене во вработување во некоја софтверска куќа само заради тоа што си од Скопје. Епа можеш слободно да си се сликаш со адресата на личната карта ако мислиш дека така ќе те вработат.
И да ако сум подобар од тебе ќе ти го земам работното место и око нема да ми трепне за тебе.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Моментот за таква развојна определба бил пред 15-20 години, како Словенија што направила.
Сега е готово, провинција хибернира (со исклучок на Тетово од странските пари на брачата, Кавадарци од солидна индустрија и можеби Струмица мада не сум сигурен за таму). Сега цел обрт на пари и капитал е во Скопје.
Никој не доаѓа во Скопје од желба или бес, маката или поточно бизнисот така налага.
--- надополнето: 15 мај 2012 во 20:47 ---

Основни услови има. Но ништо повеќе од тоа.
Зависи каде. Или заборавате дека некои деца пешки одат по 5-6км до школо?!
--- надополнето: 15 мај 2012 во 21:05 ---
А дипломата дипломиран инжинер по информатика која кај и да е за една година ќе ја земем да се вратам и да одам во село земјоделие да работам и да ја закачам над шталата на дедо така да се гордеем кога ќе копам ? И што ти ако си од Скопје треба да имаш предност пред мене во вработување во некоја софтверска куќа само заради тоа што си од Скопје. Епа можеш слободно да си се сликаш со адресата на личната карта ако мислиш дека така ќе те вработат.
И да ако сум подобар од тебе ќе ти го земам работното место и око нема да ми трепне за тебе.
Од сосема истата причина ги сожалувам ,,кутрите провинцијалци,, во Скопје. Мразам лелекања и плачења. И од Скопје сум, и работам, и студирам, и се правам. И ич не ми е жал за никого.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Од сосема истата причина ги сожалувам ,,кутрите провинцијалци,, во Скопје. Мразам лелекања и плачења. И од Скопје сум, и работам, и студирам, и се правам. И ич не ми е жал за никого.
Не ја сфатив причината поради која ги жалиш "кутрите провинцијалци" во Скопје. Зарем некој ти бара да го жалиш или што ?
 
F

fantomX

Гостин
Единствен проблем во оваа земја е што сите сакаат да пијат кафе а на никој не му се работи. Услови има а ако нема ќе ги направиш. Цел народ се жали и никој ништо не работи!
Донекаде е и ова точно. Исто како што е факт дека најголем дел од внатрешноста е замрена, сите инвестиции се во Скопје, барем тие од поголем размер, и младите од внатрешноста си ја бараат среќата или во Скопје или надвор од државава. Тие што дошле во Скопје, тоа го направале затоа што во моментот не можеле да се снајдат за во странство, биди сигурен дека во прва прилика ќе го напуштат Скопје, но не за назад од кај што дошле, туку во странство. Никој нема да се врати во места каде главна инвестиција доаѓа од локалната самоуправа во вид на плоштад и парк со нишалки.
Услови има, има и за земјоделие кое ти го спомна. Ама оваа држава очигледно се ориентира кон други сектори со проекти од типот „ФИНКИ“, „компјутер за се што мрда“, „студии во секоја пештера“, и што и да останало од земјоделие моментало, ќе го нема по некое време. Ама тоа не е проблем, пченица од Аргентина, млеко од Србија....нема гајле. А и така македонските производи по маркетите се занемарени, причина плус зошто нема гајле. А од тоа кон што се ориентира оваа држава, само Дрекслмајер во Кавадарци и ЏК во Штип се позитивни примери за развој во внатрешноста, и тоа ако ги биде. Се друго е гола вода.

Да се надоврзам на се претходно и во контеткст на темава, не е работата „Релација: Скопје - Провинција“, работата е „Релација: Бизнис - Провинција“, Скопје е еден дел од тој бизнис како буквално држава во држава со оглед на тоа колку е развиено во споредба со истата таа внатрешност (провинција, како сакате).
--- надополнето: 15 мај 2012 во 21:17 ---
Зависи каде. Или заборавате дека некои деца пешки одат по 5-6км до школо?!
И тоа што викаш. Мојот муабет беше дека и во местата кои се сметаат за поразвиени во државава, развиеноста е на ниво на основни услови за живот. Иако ако подразмислам, мојот Прилеп можеби ни нив не ги исполнува ако ги земеме во предвид честите проблеми со водоводниот систем во последноте месеци.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Не знам од каде потребата да се бранат и правдаат луѓето кои никој не ги напаѓа. Мислам у целава тема освен два три искључоци, дечките и девојките од Скопје не нападнаа и не омаловажија никој што е од "провинција" а прочитав едно чудо муабети каде што провинцијалците ги напаѓаат скопјаните. Па после ни е чудно од каде се влечат заклучоци за генерализирање:)
 
Ќе сакаш да ги споделиш со нас ?
 
Кај „провинцијалците“ може лесно да се појави доза на огорченост понекогаш, причината е едноставна: тие луѓе морале да заминат од своите родни места во потрага по живот и тешко примаат секаков збор за тоа што се дојденци да речам, во Скопје. Каменот секогаш си тежи на местото. Затоа на еден речен збор за „дојденец во Скопје“, ќе слушниш три за „скопјаништа“. Тоа не е ништо чудно.
А тоа што скопјаните не разбираат, или барем изгледа дека не разбираат, е тоа дека не е Скопје ништо толку сјајно и прекрасно во споредба со другите места, па луѓето од провинција доаѓаат тука. Работата е во тоа што парите и капиталот се во Скопје, се друго во државава се само трошките, и луѓето од провинција едноставно мора работат во Скопје или да работат со скопски партнери/фирми како би биле посупешни.
--- надополнето: 15 мај 2012 во 21:37 ---
А дипломата дипломиран инжинер по информатика која кај и да е за една година ќе ја земем да се вратам и да одам во село земјоделие да работам и да ја закачам над шталата на дедо така да се гордеем кога ќе копам ? И што ти ако си од Скопје треба да имаш предност пред мене во вработување во некоја софтверска куќа само заради тоа што си од Скопје. Епа можеш слободно да си се сликаш со адресата на личната карта ако мислиш дека така ќе те вработат.
И да ако сум подобар од тебе ќе ти го земам работното место и око нема да ми трепне за тебе.
А не е ли најубаво да имаш можност од селото да работиш тоа за што си се квалификувал и го сакаш, или ако не во селото барем во некое поблиско место поврзано со добар асфалтен пат да е сместена таа софтверска фирма, како ти би можел лесно секојдневно да патуваш ако треба? Јас верувам дека ако го имаш тоа, ти нема да останеш во Скопје и ќе се вратиш дома.
Тоа е реалниот проблем.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
А не е ли најубаво да имаш можност од селото да работиш тоа за што си се квалификувал и го сакаш, или ако не во селото барем во некое поблиско место поврзано со добар асфалтен пат да е сместена таа софтверска фирма, како ти би можел лесно секојдневно да патуваш ако треба? Јас верувам дека ако го имаш тоа, ти нема да останеш во Скопје и ќе се вратиш дома.
Тоа е реалниот проблем.
Нема потреба од патување зашто на 15 минути одење ми е се, а за 30 минути има пешки да ја поминем цела К.Паланка . А шанса да се отвори таква фирма е исто како шансите да те погоди метеор.
 
Ова е главната поента, која не знам дали скопјанец може да ја сфати. Упс, и јас ќе почнам за „скопјаништата“. :pos:

Крива Паланка рече, мислам оти таму има дисперзирани студии за информатика, а еден член претходно вели секој во местото најубаво, и земјоделито ќе живнело (парафразирам) - ај сега барај логика од овие две работи?! :confused:

Спас за сите се ДМ Кавадарци, ЏК Штип и слични на нив + намалување државен буџет или порамномерно насочување на парите од истиот. Спас и за провинцијалците и за скопјаништата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom