Па незнам што сакате да знаете, на пример активности.
Учествуваше на референдумот против територијална поделба, како единствено здружение кое нагласи дека е против договори донесени по пат на сила (рамковниот договор).
Беше иницијатор и правна подршка како организација на Моралниот суд чиј претседател беше професорот Љупчо Арнаудовски а меѓу оснивачите беа писателот Петре М. Андреевски, сликарот Владимир Георгиевски, актерката Синоличка Мелес-Трпкова, професорот Светомир Шкариќ, писателот Коле Чашуле и ликовниот уметник Ибрахим Беди.
Собираше докази за повреда на човекови права од живи сведоци за граѓанската војна во Грција.
За време на отварањето на Олимписките игри во Атина, низ цел автопат Куманово-Гевгелија беа офарбани на видни места знамиња со сонцето од Вергина и беше поставено едно огромно знаме, кое подоцна им беше дадено на комитите.
Ете мене толку ми текиња, ако на некој друг му текне некоја друга активност нека каже.
--- надополнето: 14 мај 2012 во 22:52 ---
Ја го знам ова движење
Ова е некоја група која го земала името
--- надополнето: 14 мај 2012 во 22:56 ---
Не сум анархист(но ги поддржувам во некој теми). Не сум испран мозок. Не сум националист. И не сакам да има теми со вакви наслови за да ги читаат деца од 12 години и да мислат позитивно на овие срања(благо се извинувам). Престанете со траскања во гради за македонштината, престанете со педерите се болни и останати теми. Гледајте подалеку од вашиот нос.
Ајде кажи ми кој дел од ова тука што го гледаш напишано од мене, што би го прочитало 12 годишно дете, може да влијае лошо на него ?
Објасни така образложи, а не само не чини и толку. Ако не чини и незнаеш да објасниш зошто, тогаш не гледам поента зошто воопшто коментираш и му даваш на значење.
--- надополнето: 14 мај 2012 во 23:31 ---
Според мене, тоа движење беше иницијална капса на националното будење на Македонскиот народ, и тоа не само во национална смисла. Да се излезе од апатија, да се размислува повеќе со своја глава. Иначе ова движење (или зачеток) беше непартиско и надпартиско, и во него учествува членови од повеќе партии.
Организацијата како таква, немаше претензии да се политизира и да прерасне во политичка партија и со самото тоа, неговата функција престана во оној момент, кога и улогата за кое беше создадено престана, а тоа беше да рашири свесност кај народот. Неговите резултати и резултатите на слични такви иницијативи веќе ги гледаме, све повеќе свесен народ. Тие што се повозрасни, можат да ја видат разликата како се размислува сега, а како се размислувало пред 10 години.
Но како што кажав и во првиот пост, и што е најважно, иако официјално згасна, неговите членови никогаш не престанале со дејството. НЕПОКОР е нешто што го има во сите нас.