- Член од
- 1 јуни 2011
- Мислења
- 25.925
- Поени од реакции
- 41.899
Ибрахимовиќ: Сигурно останувам во Милан
Златан Ибрахимовиќ стана првиот странец кој со два различни клуба во Италија ја освоил наградата за најдобар стрелец во Серија А. Оваа година Швеѓанецот беше најдобар стрелец во лигата со Милан, а во 2009 година тоа му успеа со Интер.
Денеска низ медиумите во Италија се појавија шпекулации дека Ибрахимовиќво летниот преоден рок ќе го напушти Милан и ќе се пресели во Манчестер Сити, но Швеѓанецот категорично ги отфрли таквите информации.
„Среќен сум што успеав со два различни тима да станам најдобар стрелец во Серија А. Меѓутоа мене индивидуалните признанија не ми се важни. Повеќе би сакал Милан да го освоеше Скудетото“, изјави Ибра.
На прашањето дали натпреварот против Новара бил последен за него во дресот на Милан, Ибра одговори.
„Не, тоа не беше мојот последен натпревар на Сан Сиро. Јас останувам сигурно во Милан. Вчера бев многу тажен кога си заминуваа големи шампиони од тимот кои испишаа историја со овој клуб. Никогаш не мислев дека некогаш ќе заплачам додека сум на терен, но вчера едноставно не можев да ги запрам солзите. Среќен сум што Пипо со гол си замина од овој клуб, многу ќе ми недостасуваат сите“, изјави Ибрахимовиќ.