И јас сум со Деко околу Алварез. Не ми е ништо нарочито. Има визија, ок. Ама нема ни снага, ни брзина ни дриблинг. За разлика од него, Кутињо ми е 2 класи појак иако е 5 години чинам помал. Кутињо можи да стани ѕвериште од играч. За Алварез сум скептик, не знам, не ме бендисува чоеков. Еден играч нема поминато. Исто и Гуарин, некако многу го извеличивте. Да не има некој статистика топки заеба дури е во Интер процентуално? Поли според мене е подобар во средината од него.
Значи средината ни е таман, освен овај М’Вила или како се викаше што ќе го замени Камбијасо, и толку.
Еве јас како би изиграл летово.
Ако требаат пари, би го продал Мајкон, Пацини, Пандев, Лусио, Кастињос, Алварез(на овај можа да му се зема убај парина по мое, а играчи за неговото место имаме)
Би го купил овај М’Вила (или како да се викаше) за ДМЦ, Џонатан назад, Сакхо за централен, лев бек не ни треба, јас сум презадоволен од Нагасаки, така да тие пари можи да ги насочиме на друго место. Можи да се земи Исла, пошо кај да го ставиш ќе игра, Лавеци, Дестро и ако смогна сили, и отвора бројче на ВИП за донирање, Санчез (пошо гледам дека се спомнува во последно време)
Овие Станкович и компанија, се знај, гратис од куќата.
Значи ин:
Сакхо, М’Вила, Исла, Лавеци, Дестро и Санчез(ова последново знам дека е нереално).
Аут:
Мајкон, Пацини, Пандев, Лусио, Кастињос, Алварез, Станкович, Форлан.
И да ни биди следниов тим за в година:
Голмани: Цезар, Кастелаци, Ди Генаро
Одбрана: Џонатан, Самуел, Ранокиа, Сакхо, Киву, Нагатомо, Занети, Хуан Хесус, Фараони.
Средина: Камбијасо, М’Вила, Поли, Оби, Данкан(од овај многу очекувам), Исла(овај кај сакаш стави го), Снајдер, Кутињо, Крајстиг.
Напад: Милито, Лавеци, Санчез, Дестро, Лонго
Ај ако има некој шо барата со бројкиве, нека пресмета колку пари би коштало сето ова. Значи колку пари би извале од продажбите, и колку пари би дале за купување. И накрај, колкав ќе биди минусот.
И на крај нормално Фомацијата
Цезар
Исла...Сакхо...Самуел...Нагатомо(занети)
М’Вила....Камбијасо
Снајдер
Санчез....................Лавеци
Милито
Ако не се прошетаме со овај тим до скудетото, јас сунет се прам. Башка и клупа ќе имаме ебаму цецето
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)