Internazionali BNL d'Italia - Rome 2012

Кој ќе биде шампион во Рим 2012?

  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 9 32,1%
  • Рафаел Надал

    Гласови: 10 35,7%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 6 21,4%
  • Енди Мареј

    Гласови: 1 3,6%
  • Давид Ферер

    Гласови: 0 0,0%
  • Жо-Вилфред Тсонга

    Гласови: 2 7,1%
  • Томаш Бердих

    Гласови: 0 0,0%
  • Јанко Типсаревиќ

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг (ќе наведам во коментар кој)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    28
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Еве го и петтиот мастерс годинава, се одржува во главниот град на Италија, Рим.

Internazionali BNL d'Italia е целосното име на турнирот, турнир со голема традиција кој се одржува уште од далечната 1930. година, со пауза од 1936-1949. На почетокот овај турнир се играл во Милано, подоцна се префрлил во 1935 во главниот град на Италија. Од 1990. година претставува турнир од АТП Мастерс серијата. Мечевите се играат на спортскиот комплекс Форо Италико кој покрај тениските терени содржи и олимписки базен, голема кошаркарска арена како и прочуениот стадион Олимпико. Централниот терен е реновиран пред 2 години (2010.) и сега има капацитет од 12500 седишта. Од минатата година на календарот на АТП го замена местото на Мадрид кој се одржуваше покасно, сега Рим е последниот мастерс на земја. Исто така од минатата година, тенис на овој турнир ќе гледаме во двете конкуренции во една недела, а не како што беше до 2010. во две различни последователни недели.



Најмногу титули има Рафаел Надал кој славеше 5 пати тука, 3 пати во низа (2005,2006,2007) и во 2008. година беше поразен уште во второто коло од Фереро и беше прекината неговата серија, таа година Новак Ѓоковиќ беше шампион тука, победувајќи го Вавринка во финалето во 3 сета. По таа 2008. година уште 2 години со ред Рафа успешно го играше турнирот, уште 2 титули тука но сепак не успеа да направи уште една низа од 3 турнири во низа тука бидејќи беше поразен од Ѓоковиќ минатата година во финалето (6-4 6-4).

Еве ги сите финални натпревари на овој турнир:



Официјалниот сајт на турнирот.

Победниците од минатата година :

Novak Djokovic и Maria Sharapova


Според светските кладилници и според мене, главен фаворит е Рафаел Надал аналогно на тоа што се игра на неговата омилена подлога. Како и секоја година, така и оваа се очекува да забележи најдобри резултати на земја и после изненадувањето во Мадрид се враќа во Рим на црвената земја со цел да го освои овој турнир по 6. пат.
Новак Ѓоковиќ овде ја брани титулата и верувам дека ќе ја покаже својата најдобра игра со која може да се надева на нова титула тука. Генерална проба за големиот Ролан Гарос, иста подлога како таа во Париз, многу важен турнир за него и секако мора да одигра што повеќе мечеви како би бил поподготвен за Ролан Гарос.
Роџер Федерер треба да дојде до полуфинале во најмала рака. Во голем налет е Швајцарецот и од него се очекува да ја прекине доминацијата на Рафа и Ноле од 2005. година во Рим. Од утре ќе е повторно втор на светот, но многу е лесно да ја загуби таа позиција веднаш после овој мастерс,а секако ќе настапи како трет носител бидејќи жребот е веќе направен.
Од Британецот Енди Мареј и не очекувам премногу бидејќи и тој не знае дали е доволно спремен за нови предизвици, после повредата ќе биде добро да се види Енди како ќе реагира во Рим.
Останува да видиме дали можат Раонич,Иснер и Дел Потро да им ги помешаат бизнисите на големата тројка, а тука се и Бердих и Ферер кои секогаш е добро да се избегнат како можни противници.

Своето учество од овој турнир го откажаа :
Мерди Фиш
Кеи Нишикори
Енди Родик
Робин Содерлинг
Жулиен Бенето

На нивното место ќе истрчаат :
Томас Белучи
Доналд Јанг
Јарко Ниеминен
Михаел Лодра
Хуан Карлос Фереро
Давид Налбандијан
Лукаш Кубот

Специјална покана од организаторот (WC) добија :
Кај мажите ---> Фоњини,Воландри,Стараче и Лоренци. (секако, сите од Италија)
Кај жените ---> Венус Вилијамс,Брианти,Кнап

На следниот линк може да го видите жребот во машка конкуреција, а на овој од женска.

Најинтересни мечеви во историјата на овој турнир :

2005 Финале : Nadal - Coria 6-4 3-6 6-3 4-6 7-6

2006 Финале : Nadal - Federer (6-7 7-6 6-4 2-6 7-6)

И за крај, финалните натпревари од машка и женска конкуренција од 2011. :


Тоа е тоа што би требало да се каже за мастерсот кој почнува веќе од утре, очекувам интересни надополнувања и од вас, и најважното, одлични мечеви во наредните 7 дена :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.193
Еј овој Игор мора да си го пофали Надал, ако не освоил последен турнир, бара кај што освоил годината, абе заебан.:D
Чисто да се пријавам на темата .
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Еј овој Игор мора да си го пофали Надал, ако не освоил последен турнир, бара кај што освоил годината, абе заебан.:D
Чисто да се пријавам на темата .
Па овие се специфични финалиња од 2005 и 2006, двата во пет сета и двата тај брејк во петти сет, тоа многу ретко се случувало. Иначе ете има видео и од мечот кога Рафа изгуби од Ноле минатата година.

Денеска се одиграа неколку мечеви од главниот жреб :

J Ferrero (ESP) d K Anderson (RSA) 64 75
[WC] P Lorenzi (ITA) d N Davydenko (RUS) 63 26 63
V Troicki (SRB) d [WC] F Volandri (ITA) 46 64 63
A Seppi (ITA) d D Istomin (UZB) 64 36 63
M Youzhny (RUS) d T Bellucci (BRA) 62 36 63
F Mayer (GER) d M Raonic (CAN) 76(5) 64

Надал во второто коло ќе игра против Флроијан Мареј кој го совлада Раонич.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
What? Raonic излезе? :(

А таман мислев се надевав на добар меч вс Надал....
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.193
Фак, незнаев дека загубил, мислев дека ќе нема никакви проблеми против Мајер.
Ама ете пак ќе кажам, разликата од тие во врвот и оваквите надежни тенисери како Раонич, еден добар турнир, а после тоа следуваат неколку лоши..
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.338
Поени од реакции
505
Znaci kolku gi mrzam toa amerikankite igraci serveri, a dojde nekoj turnir na zemja kade sto SHUPACi ili otkazuvaat ucevstvo ili imale"povreda" i ova Raonic e slicno gjubre, vo madrid igrase dobro zatoa sto podlogata bese pobrza a eve go na vistinska zemja i ete ti go prvo kolo luzer. Sreken sum sto koceno ke se igra na vistinska zemja a ne na onoj smesen turnir madrid.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Фак, незнаев дека загубил, мислев дека ќе нема никакви проблеми против Мајер.
Ама ете пак ќе кажам, разликата од тие во врвот и оваквите надежни тенисери како Раонич, еден добар турнир, а после тоа следуваат неколку лоши..
Мислиш еден добар меч :D Тоа против Федерер беше само еден добар меч, и да тепаше можеби ќе кикснеше непромислено во следното коло......
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.193
Мислиш еден добар меч :D Тоа против Федерер беше само еден добар меч, и да тепаше можеби ќе кикснеше непромислено во следното коло......
Да поминеше со Федерер ќе одеше далеку, брза беше подлогата и за таков сервер како него е у реду.. ете се видело дека на поспора подлога дека и не му иде.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Znaci kolku gi mrzam toa amerikankite igraci serveri, a dojde nekoj turnir na zemja kade sto SHUPACi ili otkazuvaat ucevstvo ili imale"povreda" i ova Raonic e slicno gjubre, vo madrid igrase dobro zatoa sto podlogata bese pobrza a eve go na vistinska zemja i ete ti go prvo kolo luzer. Sreken sum sto koceno ke se igra na vistinska zemja a ne na onoj smesen turnir madrid.
Раонич е талент кој несомнено ќе биде добар играч, смешни сте ми со изјавиве, тепал само дека билa брза подлога....затоа гледам Надал и другите Шпански тенсери имаат страшна серија на US Open, или пак недај боже да спомнеме Indoors, или било кој турнир кој се игра на брза подлога, имајте малце респект кон играчите.....не е тенисот само на земја..аман.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.338
Поени од реакции
505
Ne e samo na zemja? Alo oficijalno 49 posto od turnirite vo edna godina se na TVRDA PODLOGA, kolku se na zemja 4/5? Nemoj ziti se....treba toa brzite podlogi da gi namalat, ne e se vo tenisot servisot!
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
619
Поени од реакции
947
И јас се надевав на пораз на Надал уште на старт, ама никогаш не се знае, мислам Мајер лани го победи Надал и тоа на земја ако не се лажам ?!?
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
И јас се надевав на пораз на Надал уште на старт, ама никогаш не се знае, мислам Мајер лани го победи Надал и тоа на земја ако не се лажам ?!?
Не, тоа беше во Шангај, на тврда подлога.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.193
И јас се надевав на пораз на Надал уште на старт, ама никогаш не се знае, мислам Мајер лани го победи Надал и тоа на земја ако не се лажам ?!?
Во Шангај го победи, единствен дуел им е тој . Не беше на земјена подлога.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom