Да прашам, со надеж дека ќе види некој и во недостаток на посоодветна тема, за Metalcamp во Словенија, што се спаѓа во картата? Само влезот и маичката, или има плус место за камп како на Еxit?
Ако има некој искуства добредојдени се, информаци во врска со сместување и кампови и такви работи такоѓе.
Вака за 2010 имаше повеке избор на карти нешо као:
3 дневна со место за камп
3 дневна без место за камп
Full Week
Full Week Fun pack
Е сеа ако ме држи меморија и двете Full Week карти беа со платено кампување, али ако имаш кола и сакаш паркинг место се доплаќаше 3 евра од ден. Е сеа ако сакаш да кампираш е малце заебано пошо се дешава да заврне така гадно и цела недела да поминеш у кал до гуша и пливање со се шаторот. Тоа е единствената лоша работа у кампирање.
Ние бевме сместени во куќа 2-3 километри од Толмин. Е сеа таков смештај ти нуди боље провод у смила имаш асално ВЦ туш и сите тие гомнарии али у моментот не се исплатеше од најголема причина што заврна само еднаш и плус моравме да плаќаме превоз и смештај, и најбитната ствар не си таму за сите заебанции шо се дешаваат по сабајле/навечер у кампот.
Е сеа ако имаш малце повеќе пари за фрлање можеш да побараш куќа баш во Толмин, али мислам дека е касно малце за тоа пошто имаше муабети дека скоро се е издадено за 1 година однапред. Али да не те разочарувам побарај слободно може да излезе нешто.
Покрај сите овие работи Metal Camp е лудило од фестивал, организациjа до природа и луѓе. Сум бил на поише фестивали... али ништо не се споредуе со Metal Camp и многу ми е криво што не бев во кампот 24/7. Планирам за 2013 да одам пак али генерално земено е малце скапа ствар за наш џеб.
Е сеа мои препораки се:
Ако не ти сметаат ствари као дожд, кал и Toifor вецеа а не ти се фрлаат повќе пари кампирај.
Ако сакаш асален смештај и имаш екстра кеш побарај куќа во Толмин.
Ако не успееш да најдеш смештај блиску до Толмин мора некако да се снајдете да имате ваш личен превоз.
И последна опција да пробаш да кампираш и ако не иде така да пробаш да се префлиш у некоја куќа.
И не е лошо да се соберете повеќе луге као 4-5 и ке ви биде лудило!
Ако ти требаат по конкретни информации пиши и ако одлучиш да одиш со среќа!