Митот за Мојсеј и за неговата речна експедиција како ептен малолетник не е нешто ново. И Озирис имал слични искуства, не само Саргон од Акад. Кога сме веќе кај тоа, и Марко Крале

(проверете кај Цепенков), и веројатно уште многу други јунаци од локално или светско значење. Се работи веројатно за прастар мит кој се преповторува и се препишува насекаде.
Тезата дека најверојатно култот кон Атон е претходник и основа за монотеизмот кај Евреите не е нокоја премногу нова вест, ниту пак е без основа. Не би барал некои посебно цврсти корени на монотеизам во Месопотамија. Таму главно имало политеизам и хенотеизам (кога се почитува едно, единствено божество, но каде што не се исклучува можноста дека постојат и други - сепак, од друга страна, во Стариот завет имаме примери и на хенотеизам, а монотеизмот е забележлив нешто подоцна, во поновите книги од СЗ).
Ниту култот кон Атон не е првиот пример за монотеизам. Постојат мислења дека монотеизмот го имало во матријархатот. Наводно, се верувало во едно божество, од женски род, олицетворение на мајката природа, кое е родителка на се` во светот. Роберт Гревс ја поддржува теоријата дека ова божество, Големата Мајка, имало три лица, во сообразност со појавите во природата (раѓање, живот и смрт - младост, зрелост и старост - пролет, лето-есен и зима), и се манифестирало како девица, нимфа и старица. Е сега, како резултат на ова, постојат и мислења дека сегашното монотеистичко тројство (ем тројство, ем монотеистичко) си има произлез од поодамна и е одраз, изменет се разбира, и по значење и по смисла, од матријархатот.