Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
За сипаници, хиперманган или течна пудра? И по колку време да се држат?
 
Конзумирај храна богата со витамини, повеќе овошје. Сипаниците се премачкуваат со течна бела пудра, а бањањето е во вода со раствор хиперманган за дезинфекција на кожата а и да не останат флеки.
 
Не сакав да отворам нова тема, па си реков да пишам тука.

Ептен сум зависник од нескафе, пијам по 4 чаши на ден со 2 и пол лажички, и пак ми се спие.
Нешто што ќе ме држи будна? Само не енергетски пијалаци.
 
Ти се спие зошто немаш спиено, или и после ноќен сон си поспана? Ако е второво ме асоцира на анемија.
 
Зелен чај во комбинација со црн чај без воопшто шеќер.
 
Знае ли некој каде се наоѓа некоја приватна ординација на Битпазар, за снимање заби? Треба да примаат без упат, ми треба итно, а не ми е тука матичниот да земам упат.
 
Да не е Доктор Африм, забна ординација и рентген. Без упат е.
кога одиш од центар по булеварот кон Чаир (од Крсте Мисирков кон Цветан Димов) после надвожњакот. Одма на ќошот од десна страна (има жива ограда).
http://zk.com.mk/Maps/D-R-Afrim/131011

Има уште една до оваа ама дали таму имаат рентген не знам.
 
Знае ли некој каде се наоѓа некоја приватна ординација на Битпазар, за снимање заби? Треба да примаат без упат, ми треба итно, а не ми е тука матичниот да земам упат.

Истото можеш да го направиш и во Градскиот Трговски Центар, поточно во стоматолошката ординација "Круна МС". Ќе те чини 800 денари, плус снимката е дигитална и е многу подобра од онаа на д-р Африм. Повели и нивен веб сајт.
 
Ти се спие зошто немаш спиено, или и после ноќен сон си поспана? Ако е второво ме асоцира на анемија.

Да и после ноќен сон сум поспана..
 
Ајде доктори и остали стручњаци ве молам објаснете на народски што е ова и дали и колку е опасно, однапред благодарам.

Rhinopharyngitis allergica Hypertrophio tonsilae lingualis

Здравствен совет: excizija na jazicniot krajnik so co2 laser
 
Испив едно макијато пред едно сат, сат и триесетина минути, и сеа ептен брзо ми чука срцето, многу тешко дишам.

Нешто за смирување?
( побрзо оти вака не се издржува)
 
Тоа се палпитации најверојатно,за смирување мхх диазепам од 2мг или лексан од 1.5 колку да те смири оти изгледа срцето ти бие повеќе од возбуда отколку од кафето,најдобро е да легнеш и да избегнуваш физички движења.

Другпат безкофеинско кафе и точка.

Мислам дека не е од кафето бидејќи лекови,алкохол отрови и кофеин се апсорбираат веднаш преку желудниковите ѕидови што значи дека срцебиењето доколку е од кофеинот требало нда се случи барем 20 минути откако го испи кафето,ова изгледа е резултат на замор стрес или возбуда.
 
Најверојатно висок крвен притисок.
12 нешта кои помагаат при висок крвен притисок.
 
Тоа се палпитации најверојатно,за смирување мхх диазепам од 2мг или лексан од 1.5 колку да те смири оти изгледа срцето ти бие повеќе од возбуда отколку од кафето,најдобро е да легнеш и да избегнуваш физички движења.

Другпат безкофеинско кафе и точка.

Мислам дека не е од кафето бидејќи лекови,алкохол отрови и кофеин се апсорбираат веднаш преку желудниковите ѕидови што значи дека срцебиењето доколку е од кофеинот требало нда се случи барем 20 минути откако го испи кафето,ова изгледа е резултат на замор стрес или возбуда.

Од кога го испив кафето, незнам сеа дали беа точно 6 мин ама отприлика толку, и ептен ми се сврти, и почна да ми се повраќа.
 
Нешто повеќе за ова знае некој : Холинергична уртикарија ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom