Абе батка немој да не дупиш...
прво ги обвинуваш македонските навивачки групи оти извикувале тоа што извикувале, а после викаш остај ги малолетниците да се извикаат...
Ако мислите дека они остануваат само на скандирањата, гадно се лажете... Не се они како нас!
Е па еве, денес видовме, се собра извикаа тоа што сакаат да извикаат и си отидоа.
Реалноста е таа, и ние и тие на ист начин се вреѓаме со зборови.
Јас не ги оправдувам што го викаат тоа,наптротив го осудувам, но исто така и нашите не ги оправдувам што викаат глупости кога не треба. На пример за ракометното европско, што кој к*р им требаше да го пеат тоа што го отпејаа?
Значи на исто теижште сме, кога би се ставиле на вага исто ке тежат гомната што сме ги кажале.
Е сега мислам дека протестов како протест им е неправеден, бидејки тие пред се протестираат за ослободување на протворените што се осомничени дека ги убиле децата, и се товарат за тероризам.
Си има процедура, закони, докази, кои ке бидат презентирани на суд па после тоа ке бидат и во јавност.
Значи овие што не им одговара тоа што биле уапсени тие 20ина луѓе, нека причекаат малку па да дознаат дали навистина требало да се уапсат, ако навистина сакаат правдата да излезе на виделина.
Ако излезе дека навистина тие што се притворени се убијците на децава ке се извинат ли јавно, сите овие што дојдоа да протестираат денес, ке признаат ли дека погрешиле?
Чисто се сомневам, мислам дека пак некој пробува нив да ги с'сне а со тоа и нас да не повлече како контра отпор на нивните протести и да се создадат две спротивставени вжештени страни кои ке направат конфликт од поголеми размери. Затоа барем ние ако не можат тие, да размислуваме трезвено и свесно, и да не одиме со главата во зид. Си има органи на безбедност и нивна работа е да ја смират ситуацијата, а не ние да им се мешаме и да организираме некакви протести против радикален ислам.