- Член од
- 17 јули 2010
- Мислења
- 1.422
- Поени од реакции
- 2.203
И јас сум прилично голем самотњак како личност, но за разлика од вас јас сум малку повозрасен(26) и веќе одамна се имам навикнато на таквиот начин на живот и баш ме боли стојкото дали ќе имам со кого/која/кои да излезам/прошетам и сл. и баш ме заболе што мислат другите за мене, отрпнат сум и не се потресувам многу, на почетокот е тешко да, меѓутоа за одреден временски период човек се навикнува и веќе не му е гајле ни за ’’другари‘‘ ни за девојки !
Дури мислам дека е и далеку подобро човек да е сам, отколку човек да има околу него многумина ’’пријатели‘‘ кои ќе го користат ........... не фала смачено ми е цел живот да им правам разно-разни услуги на другите ....... подобро е сам, барем на раат сум и не ме замара никој на ѕвонче, ниту на мобилен, преку таквото ми е од лажни другари ...... сега за сега сум самотњак, си работам до сега скоро 5 год. некогаш е подобро, некогаш е полошо со пари, ама не се жалам од финансиски аспект, просек сум !
Ако некогаш во иднина ја најдам девојката на мојот живот ОК ако не здравје боже, нема да бидам ни прв ни последен ........ мој совет до сите самотњаци не очајувајте, на почетокот е тешко, но се совладува самотијата со разно-разни активности .......... работа, прошетки во слободно време преку викенд(сам), уредување на домот(ентериер) и дворот(екстериер), телевизија, компјутер, куче и.т.н.
Ух како јас да го имам пишано ова! Тотално се согласувам.....и јас цело време сама сум, и се осеќам добро ме боли “тоа“ што немам приатели ионака 99 посто се или љубоморни или се дружат од корист! Едноставно се привикнуваш на таков живот тоа е тоа..... кога си тинејџер полудуваш ако немаш друштво но како што поминуваат годините веќе сеедно ти станува, не се замараш со луѓето многу, ич не тие гајле за никого, си гледаш само за себе да си погодиш, на раат да си, не те замараат со булшит приказни....
е сеа има и такви моменти кога буквално сакаш да легнеш нешто а нема јбг...... ќе си го чекаме правиот тоа е тоа! Позз истомисленици и ич таквото да не ве боли, ќе си дојдат вашите 5 минути, само ДОНТ ВОРИ БЕ ХЕПИ!