Сведокот прозборе: Ги возев убијците. Ова е насловот на весникот Фокус кој објавува детали од исказот на шесто осомничениот за убиството кај Смиљковското езеро.
Повикувајќи се на извори од истрагата, Фокус пишува дека ново осомничениот за тероризам Хаки Хазири признал пред судот дека ги возел осомничените убијци, но сепак тврдел дека незнал дека подготвуваат убиство, се додека не ставиле фантомки и земале оружје.
-Ги чекал во возилото, а почнал да се сомнева кога видел дека се маскираат со фантомки и посегнуваат по оружје. По убиството го напуштиле местото, го оставиле возилото кое подоцна го пронајде полицијата, а со друго се упатиле кон кумановските села каде негов чичко им помогнал на осомничените илегално да избегаат во Косово, пишува Фокус.
Дваесет и осум годишниот Хазири пред судот појаснил дека двајца од осомничените му биле роднини. Чичко му е оној кој им помогнал да избегаат на двајцата осомничени во Косово, додека еден од директните убијци му е братучед.
Откако по апсењето, Хазири во полициската станица почнал да раскажува што се случило и да го опишува патот по кој оделе, полицијата му предложила да биде заштитен сведок.
Како што пишува Фокус, Хазири пред судот рекол дека ослабел 20 килограми поради грижа на совеста дека е учесник во грозоморно убиство за кое ни сам не знаел. Токму затоа одлучил се да каже.
Хазири го изгуби статусот на заштитен сведок, откако самиот побарал да биде обвинет за убиството кај Смиљковското езеро. Против него е поднесена кривична пријава за „тероризам“ и одредена му е мерка 30 дневен притвор.
Знали според ова убијците биле познати уште тогаш само што на МВР им фалеле цврсти докази и кога ги обезбедиле ги уапсија.