Колку сте запознаени со вашата религија?

  • Креатор на темата Креатор на темата smihajlo
  • Време на започнување Време на започнување

Колку сте запознаени со вашата религија?

  • Вкупно гласачи
    37

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.763
Поени од реакции
4.531
Мислев многу да пишувам ама еве ќе пробам накратко.
Што знаете за вашата религија?
Незнам точни бројки(ме мрзи да барам:P)ама голем процент во Македонија и светот се верници било тоа Христијани,Муслимани,Будисти итн.
Јас ќе зборам за христијанството.
Голем дел од луѓето што ги познавам се истакнуваат како христијани(православни) ,но некако како никој да нема фундаментално познавање од својата религија.
Се што знаат е Божиќ,Велигден и 2-3 други празници.
Ниту ја прочитале библијата на пример или било кој друг извор за да се запознаат што всушност е религијата за која за себе велат дека се дел од неа.

Па еве ве молам најискрено гласајте на анкетата.
П.С Кој сака може да коментира мене ме интересира анкетата.

Требаше да има уште еден избор „Не сум запознаен воопшто иако сум верник“ ама стиснав ентер по грешка:oops::mad: Ако може некако да се среди од страна на админ/модератор ќе бидам благодарен.
 
Не сум религиозен. Не знам кај да стиснам, ми бегаат копчињата.
Па темава е за оние кои се дел од било која религија ако не си религиозен нормално нема потреба да гласаш.
Ако имаш нешто паметно да додадеш во врска со темата повели.
 
Требало е горе во анкетата да поставиш и едно " Не ме занима "
 
Ама прашањево не ти е добро поставено, освен ако не е само за верници. Оти Атеистите немаат нивна религија. За да се опфатат и тие требало да биде ’’Колку сте запознаени со религиите’’ ор самтин’ ...
 
Па да повеќе е насочено за верници пошто атеистот нема религија т.е не верува во бог.
Инаку анкетава ја отворив пошто во последно време се препирам за некои работи во врска со религија и 99% што се изјаснуваат како припадници всушност незнаат ни 1% за нивната религијата.
--- надополнето: 10 мај 2012 во 03:44 ---
За вашата религија (која и да е) знаат повеќе атеистите, отколку вие самите.
Па тоа може да се каже не е којзнае какво изненадување.
Многу полесно е да се прифати готова „вистина“ отколку да се бара вистината.
Иако за жал како и слепите верници и атеистите спаѓаат во истата категорија.(имаат прифатено готова вистина)
Дефиниција за атеист е особа која има став дека не постои бог и е невозможно да постои.
http://en.wikipedia.org/wiki/Atheism
Исто како што пред неколку века тврделе дека не постојат многу работи кои на прв поглед не се гледаат ,а сепак се тука.(се надевам нема потреба да набројувам)

Затоа барем според мене човек кој е скептик и реалиста треба да се изјаснува како агностик-атеист или агностик-теист.

Пошто нема смисла да тврдиш дека не веруваш во нешто ако не можеш со факти да го потврдиш или демантираш.
Но, ако кажеш не верувам додека не ми го докажеш спротивното тоа е веќе нешто друго.

П.С Дефиниција за агностик,агностик-атеист и агностик-теист
http://en.wikipedia.org/wiki/Agnosticism

Разликата помеѓу атеист и агностик-атеист
http://atheism.about.com/od/aboutagnosticis/a/atheism.htm
 
Па да повеќе е насочено за верници пошто атеистот нема религија т.е не верува во бог.
Аха, атеистот не верува во бог, ОК.
Дефиниција за атеист е особа која има став дека не постои бог и е невозможно да постои.
http://en.wikipedia.org/wiki/Atheism
Овде веќе велиш нешто друго. Ај прочитај го убаво линкот кој си го посочил. Атеизмот е само неверување во постоењето на богови. Нема потреба од додатни „атрибути“
Иако за жал како и слепите верници и атеистите спаѓаат во истата категорија.(имаат прифатено готова вистина)
Која тоа готова вистина имаат прифатено атеистите? Ајде види во истиот тој линк погоре која тоа „вистина“ ја пишува таму?
Затоа барем според мене човек кој е скептик и реалиста треба да се изјаснува како агностик-атеист или агностик-теист.

Пошто нема смисла да тврдиш дека не веруваш во нешто ако не можеш со факти да го потврдиш или демантираш.
Но, ако кажеш не верувам додека не ми го докажеш спротивното тоа е веќе нешто друго.

П.С Дефиниција за агностик,агностик-атеист и агностик-теист
http://en.wikipedia.org/wiki/Agnosticism

Разликата помеѓу атеист и агностик-атеист
http://atheism.about.com/od/aboutagnosticis/a/atheism.htm
Ова со Агностицизмот е веќе дискутирано, ама очигледно не и апсолвирано
Секој атеист е и скептик (скоро, има и понекој кој не е). Гностицизмот и агностицизмот не се однесуваат на веруваањето/неверувањето туку на знаење/незнаење. Пошто гностицизам, во прав смисол не може да постои, може да се рече дека скоро сите сме агностици. Гностик/Агностик како сам збор не опишува ништо и имаат значење само како придавки кон теисти или атеисти, гностик теист, агностик теист, гностик атеист, агностик атеист.
Еве една сликичка по 100 пати веќе ставена, ама кој видел видел
Agnostic v Gnostic v Atheist v Theist.png
 
За вашата религија (која и да е) знаат повеќе атеистите, отколку вие самите.

Затоа им удирам заушки како на мали деца, оти мислат дека многу знаат :icon_lol:.
 
Аха, атеистот не верува во бог, ОК.

Овде веќе велиш нешто друго. Ај прочитај го убаво линкот кој си го посочил. Атеизмот е само неверување во постоењето на богови. Нема потреба од додатни „атрибути“

Која тоа готова вистина имаат прифатено атеистите? Ајде види во истиот тој линк погоре која тоа „вистина“ ја пишува таму?

Ова со Агностицизмот е веќе дискутирано, ама очигледно не и апсолвирано
Секој атеист е и скептик (скоро, има и понекој кој не е). Гностицизмот и агностицизмот не се однесуваат на веруваањето/неверувањето туку на знаење/незнаење. Пошто гностицизам, во прав смисол не може да постои, може да се рече дека скоро сите сме агностици. Гностик/Агностик како сам збор не опишува ништо и имаат значење само како придавки кон теисти или атеисти, гностик теист, агностик теист, гностик атеист, агностик атеист.
Еве една сликичка по 100 пати веќе ставена, ама кој видел видел
Прегледај го приврзокот 43117

images
 
Се негираш себе си и сопствените ставови?
Хахаххах можно е, не најдов со 3 оски дијаграм. Овој е 50% точен, ама дава некоја појдовна точка.
Координатен систем де, не дијаграм. :D
 
Ќе се изгубиш со три оски, немој
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom