Ти, и за жал огромното мнозинство очигледно не сте способни да препознаете кому му е во корист сега и кому му било во корист во 81-ва да протестира! Како и - што требало да се постигне со тие протести. Иако со Тапетарот не се согласуваме за некој нешта, овде итекако е во право.
На почетокот на 80-те, целта на протестите беше да се предизвикаат немири и дестабилизација во која Албанците ќе испаднат жртви во очите на западниот свет, тоа и се случи! Ај погоди сега, во оваа ситуација, кому му е во корист истото тоа сценарио?
Зарем не се провидни и очигледни тие намери, кога за да излезат на протест, немајќи што друго како изговор, се вадеа на тоа што мажи полицајци привеле жена муслиманка! На нив им се потребни изговори, и единствен начин да ги добијат се наивни и националистички настроени вжештени глави!
Оваа битка се добива единствено со глава, со лобирање, со трпеливост! Не со препуштање на емоциите.