leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Вака мислам дека е подобро.Имам потреба како и сите вие гледам, да напишам нешто вакво како текстот подолу. Да се дефинираме кои сме како неформална неповрзана група и што не поврза така силно.
Го напишав во 5 минути, може да има грешки а моше и да не се согласувате со изреченото а и не сакам да наметнувам мислење. Тоа го чвуствувам и се надевам дека го вербализирам тоа што и вие го чувствувате. Ако не можете да го изменувате или доработувате но дека треба нешто да напишиме во овој стил треба. И да се стави на видно место за да го видат сите. Поздрав.
Манифест
Кои се #spreadthetruth (разгласи ја вистината)!
Ние сме група луѓе кои не се ни познаваме туку случајно произлеговме од kajgana.com форумот и реакциите по убиството на четирите деца и рибарот на Смилковско Езеро.
За што се залагаме преку нашите пишувања на форумот, на твитер и на фејсбук.
За спречување на појава на радикализам во нашата Македонија!
За оставање на инсититуциите на Македонија, во овој случај судот, да го спроведе случајот чесно и отворено пред очите на Македонската и светската јавност по сите законски процедури и со почитување на сите права на осомничените за најстрашното стрелање на деца што во Македонија не се случило од Втората Светска војна наваму!
Ние сме против протести за подршка или опструирање на спомнатиот судски процес, за навреди на други нации или религии, од страна на било кого, без разлика дали се тоа исламски радикали, дали добронамерните, добри и чесни Албански граѓани како што сме со иста увереност против протести на Македонците во врска со овој случај или против било која вера и нација!
Сите имаат право да бидат сведоци на тоа дека судскиот процес ќе биде максимално правичен. Никој не сака освета, никој не сака обвинување на погрешни луќе а најмалку обвинување на цели нации и религии!
Ние бараме да се осуди екстремниот Исламски радикализам во Македонија. Бараме да се осудат и сите оние кој го подржуваат.
Ние ќе продолжиме да ги носиме до светските медиуми сите провокации од сите страни кои се против доброто на нашата татковина и против пронајдувањето на убијците на невините деца! Како што осудувавме и ќе осудуваме секој национализам, вклучително и тој пројавен од Македонци, за време на акциите на твитер, кајгана или ФБ!
За крај, порака до сите што неуспешно се обидуваат да не посвојат или "категоризираат" !
Ние не сме ни организација, ни оваа или онаа партија, ни нво, ниту сакаме да бидеме, туку ќе продолжиме како и досега да ја шириме позитивната енергија во МК и целиот свет и против било кој радикализам што се појавува или ќе се појави во Македонија и ги повикуваме сите добронамерни луѓе од било која вера и нација да ни се приклучат!
Алергична сум на зборот соживот
Кој мисли поинаку слободно нека ме поправи.