Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување Време на започнување
З

Забавата е во Кругот

Гостин
Темава е многу актуелна во секојдневниот живот во градов па сакам да дискутираме за неа.

Како прво јас сум Скопјанец кој размислува реално и не го фаворизира своето.
Скопје е главен град на Македонија во кој може да видиш се и сешто, да правиш се и сешто и да уживаш во се и сешто, но исто така е и град во кој постои голема дискриминација, и поделби.
Скопје се дели по вера, чуство за националност, граѓани/сељаци, "фаци" и "нефаци", богати и сиромашни, паметни и глупави, навивачи и семкари, патриоти и предавници, аеродромци и центарци.. итн
Според мене најголема поделба се прави меѓу "Скопјаните" и тие што сакаат да бидат "Скопјани" или "Новите Скопјани".
Незнам зошто но разликата меѓу едните и другите е само периодот во кој се доселиле во Скопје.
Нема ни 10% стари Скопјани во денешново население во градов. Не сум сретнал сеуште човек што неговото "3 то колено" живеело и потекнува од Скопје.
Незнам колку ќе се сложите со мене но моментално Скопје е "најсељачкиот" град во Македонија.
По припојувањето на околните села (Кондово, Батинци, Арачиново, Стајковци, Чучер-Сандево, Мралино, Мршевци и др.) Скопје е "најсељачкиот" град во однос на жителите.
Можеби "провинцијалците" не иритираат со нивниот дијалект во "нашиов" град, но дефинитивно неможат да се споредат со горе наведениве села и ред други, кои денеска се дел од Скопје !!
На крај краева подобро е да го слушам дијалектот отколку непознатиот јазик(Шкупи).

За крај.
Незнам колку сте запознаени, но во многуте светски метрополи ситуацијата е иста дури и многу полоша. За пример ќе го земам Лондон.
Во Лондон можеш да видиш све, само не "Лондонци", а како што поминува времето во Лондон се помалце има и Англичани.

Каков и да е Скопје, колку ние го сакаме или мразиме, тој е главен град на сите Македонци, и треба сите заедно да си го зачуваме за нашите поколенија. "Црната Арапина" негледа "Скопјани" и "Провинцијалци" таа гледам само да не истреби.

Сакајте го и чувајте го градов, а се надевам еден ден секој ќе размисли и ќе свати дека сите ние пред се сме Македонци. Поздрав :D
 
се сложувам со тоа дека стварно има премногу провинцијалци ете,ако треба да бидат нарекувани така,кои очајно сакат да станат скопјани.Јас лично не сум скопјанка,од Битола сум ама имам живи примери,девојче што учеше со мене во средно-многу бедно делуваше додека се трудеше да го фати скопскиот акцент.По секоја цена замина Скопје на факултет и толку многу се лигави кога ќе се врати во Битола,толку многу ми е одвратна,буквално продадена душа.Биди тоа што си,зборувај на тој дијалект кој ти е матичен и шо е најважно-не пробувај да бидиш нешто шо не си.Зошто сигурна сум сто посто дека доколку таа седи со скопјани да пие кафе,и зборува на скопски ќе им направи само циркуз без пари..смешки...А инаку немам ништо против Скопје,само би било фер доколку се вложи малку и во останатите градови.Не се метрополи,но сепак се градови. Поздрав
 
Утре очекувам да пишат Anco, Lurtz и други постари Скопјанишча.Тогаш ќе мора да враќам стариот ник 'Провинцијалец' и да стартаме со "дискусиите" :vozbud:
 
Леле пак овој муабет :facepalm:
Провинцијалците им дојдоа дома на Скопјаниво стан и им седат? Не дошол некој од Узбекистан, туку некој што си ја бара среќата во животот. Кога државата не мисли за другите градови во Македонија, тогаш нормално е инстинктот да те поведе онаму каде што смета дека ќе има поголем просперитет. Некои успеваат да заминат понастрана од Македонија, некои за жал имаат среќа да стигнат само до Скопје.
И дајте со муабетов, патетичен е. Никој не дошол дома на скопјани јадењето од уста да им го зема.
И во Велес има некои населени од други градови и села, па не земав да мрчам.
 
Ако слушни да збори некој албански нормално му е на сите. Се слушни некој со дијалект одма се вртат кршат вратови погледи одма ... жално .
 
Ако слушни да збори некој албански нормално му е на сите. Се слушни некој со дијалект одма се вртат кршат вратови погледи одма ... жално .
Pa ne se razlikuvate mnogu u govorot, oni utinjaat rodovi, a na vas zensko vi e "mu" namesto "I" xD
Slicni ste :)
 
Pa ne se razlikuvate mnogu u govorot, oni utinjaat rodovi, a na vas zensko vi e "mu" namesto "I" xD
Slicni ste :)
слични сме викаш а? :pos:е ова тУп ти е чоече.
„у“ , „утињаат“ ? не . поарно ќе зборам со „му“ , одколку вака. и инаку затоа се вика дијалект а не јазик.
И чекај прашање си го мразиш јазикот на кој зборуваш?
 
Не сум знаел дека во СК живеат Ариевци, луѓе со плава крв, наследници на Нуменор за кои е под чест да се мешаат со обичниот народ.
Gimme a break.
 
Глупости,овакви теми само во недоволно развиени земји како Македонија ги има,како во Холандија некој од Ајтховен да се пресели во Амстердам и да го викаат провинцијалец:facepalm:
Епа така е кога имаме само една метропола,другите се сељаци :)
Само едно ме нервира кај многу провинцијалци тоа е кога ке дојдат во Скопје се понашаат ко да богзнае кај дошле.
 
слични сме викаш а? :pos:е ова тУп ти е чоече.
„у“ , „утињаат“ ? не . поарно ќе зборам со „му“ , одколку вака. и инаку затоа се вика дијалект а не јазик.
И чекај прашање си го мразиш јазикот на кој зборуваш?
Iskreno, si go mrazam.
Ama dobar e za pcuenje, ni nema ramni barem vo toa. Nas I na srbite. Toa sto imame deficit na neophodni zborovi vo jazikot, nemat vrska, nie bitno da pcujame :D
I ti so se bunis za mojot dijalekt, ne sum otisla ja da ziveam u Bitola ili od kaj I da si, ti si dosol kaj u Skopje da zivees :)
 
Скопските рампи и зони не делат на вакви - такви.
Сите знаете дека внимателно ги следам сите случувања, написи во медиумите и коментари на читателите околу зоните и рампите.
Позитивни мислења за зоните и рампите има многу ретко, но кога има во нив често се вели дека со нив се „ одстранува хаосот “; „ се прави ред “. Има и такви кој тврдат дека сега, провинцијалците односно сељаците, не ќе можат да паркираат на местата за паркирање на скопјаните.
 
Да ја продолжиме низата на поделба:

Скопје:

Еднина Множина

Човек Луѓе


Некаде во провинција:

Еднина Множина

Човек Човеци

Значи според горенаведеното некако и природно се наметнува оваа поделба а? Постојат луѓе и постојат човеци. Кој вели дека им робуваме на старите поделби? Секогаш ние Македонците можеме уште повеќе да се издифернцираме. Јас незнам ќе се јави ли некогаш кај овој народ ментална исцрпеност од поделбите?:(
 
Да не го цитирам првиот пост:
1. Поиритирачки дијалект од скопскиот нема :). Не можам да разберам да се користи (скопјани, ставете го акцентот на „о“) збор во иста форма во каква што е во друг јазик, кај вас претежно српски. Полиглоти :) А најиритирачко нешто е некој што не е скопјанец да зборува на скопски дијалект...
2. Терминиот „провинцијалци“ покаужува колку „сељаци“ се тие што го користат. Не е Македонија држава со 25 000 000 жители, 10 пати поголема површина, а Скопје да е со 2 000 000 жители па поделба по провинции и користење на тој термин (е сеа и премиерот еднаш изусти „провинција“ ама ај...)
3. итн.... многу прашања има во позадина кој да пишува...
 
Темава е многу актуелна во секојдневниот живот во градов па сакам да дискутираме за неа.

Како прво јас сум Скопјанец кој размислува реално и не го фаворизира своето.
Скопје е главен град на Македонија во кој може да видиш се и сешто, да правиш се и сешто и да уживаш во се и сешто, но исто така е и град во кој постои голема дискриминација, и поделби.
Скопје се дели по вера, чуство за националност, граѓани/сељаци, "фаци" и "нефаци", богати и сиромашни, паметни и глупави, навивачи и семкари, патриоти и предавници, аеродромци и центарци.. итн
Според мене најголема поделба се прави меѓу "Скопјаните" и тие што сакаат да бидат "Скопјани" или "Новите Скопјани".
Незнам зошто но разликата меѓу едните и другите е само периодот во кој се доселиле во Скопје.
Нема ни 10% стари Скопјани во денешново население во градов. Не сум сретнал сеуште човек што неговото "3 то колено" живеело и потекнува од Скопје.
Незнам колку ќе се сложите со мене но моментално Скопје е "најсељачкиот" град во Македонија.
По припојувањето на околните села (Кондово, Батинци, Арачиново, Стајковци, Чучер-Сандево, Мралино, Мршевци и др.) Скопје е "најсељачкиот" град во однос на жителите.
Можеби "провинцијалците" не иритираат со нивниот дијалект во "нашиов" град, но дефинитивно неможат да се споредат со горе наведениве села и ред други, кои денеска се дел од Скопје !!
На крај краева подобро е да го слушам дијалектот отколку непознатиот јазик(Шкупи).

За крај.
Незнам колку сте запознаени, но во многуте светски метрополи ситуацијата е иста дури и многу полоша. За пример ќе го земам Лондон.
Во Лондон можеш да видиш све, само не "Лондонци", а како што поминува времето во Лондон се помалце има и Англичани.

Каков и да е Скопје, колку ние го сакаме или мразиме, тој е главен град на сите Македонци, и треба сите заедно да си го зачуваме за нашите поколенија. "Црната Арапина" негледа "Скопјани" и "Провинцијалци" таа гледам само да не истреби.

Сакајте го и чувајте го градов, а се надевам еден ден секој ќе размисли и ќе свати дека сите ние пред се сме Македонци. Поздрав :D

Многу лош пример зема. Што не проба да не споредиш со Словенија. Љубљана има 272,220 жители. Кај нив (ова е нешто што го добив како информација од блиска другарка која се омажи таму) во секое друго населено место подеднакво може да се најде работа како во Љубљана.

Мубаетот ми е, жителите кои не се од Скопје, највеќе доаѓаат тука зашто гледаат прилика за вработување. И нормално подобар живот. Е сега доколку државава наместо „Скопје 2014“ да го дополнат со жални врби и остали работи, кои не викам дека не се убави само секој нормален човек ќе потврди дека е ПРЕМНОГУ натрупано и нема целина (нема целина приказната што ја почнале), можеле да вложат во подобра инфраструктура. Постојат места во Македонија каде што сеуште нема струја и вода. Што е срамота за толку мало парче земја да неможе да се овозможи тоа на сите граѓани а се трошат суми (што незнам да ги напишам) на глупости кои не прават добро на никого. Ни на нас Скопјани ни на останатите. Туку само стојат.. ќар невиден..

Историјата си ја знаеме сите, основно и средно сме поминале. Пари ни требаат за живот. Ама очигледно Коцекабана и компанија имаат друго гледиште на тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom