Одговор ти е даден милион пати.
Вашите лицемерни муслимани уште од почетокот го осудија петкратното убиство и се ставија на страната на истражните органи.
Дури вашите лицемерни муслимани јавно нагласија дека се спремни тие да им пресудат по кратка постапка на убијците.
Но, вашите лицемерни муслимани се против следното:
Но, масовната полициска акција реализирана на 1-ви мај во раните утрински часови, при што според Министерството за Внатрешни Работи се приведени актерите на петкратното убиство, за жал, беше придружено со голем број незаконитости и неправилности, кои, независно од тежината на случајот, не би смееле да се случуваат во една демократска држава, аспирант кон евроатланските структури. Меѓу другото, во текот на полициската акција беше повредено правото на приватност на поединецот и на семејството, преку сликањето и снимањето на полициската акција, а потоа објавувањето и емитувањето на овие слики и снимки во средствата за јавно информирање. Исто така, од страна на самите институции на државата, министерката за внатрешни работи и јавниот обвинител, беше кршен еден од главните уставни принципи, пресумпцијата на невиност, со прогласувањето на приведените лица како убијци, исламски радикалци и терористи.
Вознемирувачко во целата оваа сторија е и негативната и тенденциозна улога на неколку македонски медиуми, кои исто така јавно и бесрамно ги етикетираа приведените лица, уште пред да се декларираат судските органи во врска со нивната вина или невиност.
Имајќи го во предвид досегашното искуство со повеќе монтирани случаи, бараме поголемо ангажирање на релевантните политички субјекти во земјата и на Меѓународниот фактор во следењето на истражните и судските постапки, се со цел за праведно расветлување на случајот и казнување на вистинските виновници.