Oсманлиска империја

  • Креатор на темата Креатор на темата michael corleone
  • Време на започнување Време на започнување
Силувале жени, убивале луѓе, земале деца за јаничари...
Ви реков да не запаѓате во такви “клише“ учебнички муабети и вие пак тоа.
Денес е најлесно да го кажеш тоа - на пример индијанците во Америка живееле голи до појас во шаторите и ги напаѓале колонизаторите вртејќи и врескајќи на коњите околу караванот од коли, што е само минимално точно.
А која војска или окупатор не силувал жени? Бугарите или Србите не го правеле тоа?
А која војска или окупатор не убива луѓе противници на режимот?
А која војска или окупатор кој поминал низ оваа напатена земја не вршел мобилизација? Како тоа иначе се бореле браќа еден против друг во различни војски?
А тоа што Македонија била недоволно економски напредна земја во рамките на Отоманската Империја се должи на феудалната поставеност на тоа општество, за разлика на западните колонијални сили (кои сепак своето богатство и згради им го должат на некои други “Македонци“ нашироко низ светот) кои се трансформирале навреме во капиталистички општества. И таа неразвиеност не била хендикеп само на Македонија - таква била целата Османлиска империја ( да не мислите дека во Анадолија имало изградено облакодери и фабрики?). Меѓутоа, додека Македонија во еден век после заминувањето на Турците сеуште е слабо или никако индустриски развиена (и тоа што го имаше е уништено), Турција е една економски, образовно, здравствено, воено и т.н. многу развиена држава. Тоа што не е припадник на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) сојузот на земји со најбрз економски развој се должи само на некои нејзини специфики и на тоа што е апликант за прием во ЕУ.
Турција не била ништо полоша ни подобра од многуте окупатори на Македонија. Зошто не се фрлаат дрвја и камења против Римската Република (Империја) и нејзиното ропство? (поделба на Македонија, ограбување на сето богатство, луѓе и култура и однесување во Рим). Или тоа било одамна па се заборавило? Или Римјаните со нивното распнување на крст и набивање на кол, фрлање во арените и сл. биле подобронамерни према нас? Тие многу не мазеле и пазеле, а Турците не мразеле и не ништеле?
И, ако толку била добра Австроунгарската власт зошто тогаш се бореле против неа Балканските народи?
Власт си е власт...
 
може ли некој да ми каже кој дел од балканскиов полуостров никогаш не подпаднал под османлиска власт???
 
може ли некој да ми каже кој дел од балканскиов полуостров никогаш не подпаднал под османлиска власт???

Дел од Хрватска, Далмација, дел од Унгарија, Дубровник, Црна Гора од 16 до 17 век имала автономија со посебни права (турската власт не била посебно силна) а од 17 век се ослободиле и формирале теократска држава.
 
дубривачката република им служела на турците за данок само да и земаат!
 
може ли некој да ми каже кој дел од балканскиов полуостров никогаш не подпаднал под османлиска власт???

Единствено место кое никогаш не паднало под Отоманска чизма е островот Крф (Грција).
 
Мислам дека и Дубровничката република не подпаднала никогаш по турците.

Да, ама Дубровничката република била условена со данок (како што и сам пиша погоре). А Крф бил два пати опсаден од Османлиска флота, но неуспешно. После втората опсада, немаат никаква допирна точка со Османлиите!
 
Да, ама Дубровничката република била условена со данок (како што и сам пиша погоре). А Крф бил два пати опсаден од Османлиска флота, но неуспешно. После втората опсада, немаат никаква допирна точка со Османлиите!
ако може да ми кажеш кој години биле опсадите?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom